Техничките детали ќе им ги оставам на другите. А јас ќе ти кажам дека која и клима да ја одбереш од набројаниве, ќе завршиш неспоредливо подобра работа во однос на решенијата кои не вклучуваат добри клими.
Добро е што имаш бекап парно со електричен котел, тој ќе можеш да го вклучуваш навечер во тие 20тина дена (толку е просекот во МК) кога се екстремните студови и кога ќе опадне моќноста на климата. Не ти се исплати да земаш предимензионирана клима од 7 киловати, само за тие 20тина дена да се грееш со клима.
Разликата во потрошувачка што ќе ја направиш за тие 20тина дена со електричното парно, никогаш нема да ја заштедиш во животнот век на 7киловатната клима.
Едно мое искуство - изборот на монтерот е важен скоро исто колку што е важен изборот на климата. Јас имам одлично искуство со монтерот (мајстор Зоки) кој ми ги монтираше Gree климите. Овде имаш
фотографии од инсталацијата. Ако испадне да се решиш за Gree, пиши ми порака да ти дадам контакт од мајсторот, сигурен сум дека ќе се обиде да ти издејствува и попуст.
Fala na odgovor, znaci ti mislis deka ovaa jacina na klima mi e predimenzionirana? Bi greela dobro i 12ka?