Кубик дрва зависи од типот на дрвото треба да има отприлика 800-900 кг. Буката е полесна, а дабот е потежок. Тоа за дрва кои најчесто се користат за огрев кај нас. Но сепак да не мешате баби и жаби. Кога ке се речи дека заменува толку и толку кубици дрва , повеќе се мисли на калоричната вредност. Така да еден тон брикети со калорична вредност од околу 3000 кг/џук калории заменува отприлика три кубици даб ама во калорична вредност . За времето на горење можеш тој еден тон брикети да го изгориш колку и еден кубик дрва, така да ако одите со таа математика на сред зима ке останите без огрев. Посебно ако грејното тело нема добро согорување и регуалација ем брзо ке ги изгорите тие брикети ем можи и да го прегреете самото грејно тело а со самото тоа да му го скратите животниот век или во полош случај физички да го оштетите.
Камениот јаглен од друга страна има околу 4000 кг/џул калории , вака пресован во брикети незнам, но генерално математиката е иста. Се мисли не енергетска вредност а не дека буквално ке замени толку и толку кубици дрва. Ако некој се сомнева во математиката нека купи една вреќа пелети. Тие имаат калорична вредност од околу 3000-3500 кг/ џул калории или по ваши еден тон ке замени три кубици даб пример. Значи една вреќа од 15 кг би требало да замени 45 кг дрва. Е па видите за колку време ке ја изгорите таа вреќа а за колку време ке изгорите 45 кг дрва и споредете.
Одговорот што го бараше
@Let 3[DOUBLEPOST=1406804085][/DOUBLEPOST]
Јас имам користено брикети од талаш( пилевина) и сум задоволен, но пробелмот ми е што ми иди поскапо со нив.
Многу е битен каминот или шпоретот што се користи и неговата изведба. Ако туши од сите страни и нема добра регулација на проток на воздух, ем брзо ке изгорат , ем цела топлина ке замини низ оџак. Ако гледаме така се тотално непрактични и неефикасни и освен ако нема друг избор( да нема каде да се чуваат дрвата) тогаш не би ги препорачал. Посебно не ако како што нагласив каминот или шпоретот е постар модел или неквалитетен.