Ме интересира искуството на другите со греењето на друга соба со еден инвертер.
Еве како е кај мене поставено Ломото....Над влезната врата.
Прегледај го приврзокот 128160 Се работи за надградба, односно станот се наоѓа веднаш под кровот на куќа од 3 спрата сосе мојот стан. Доле има постојано луѓе којшто греат зимоска. ПВЦ прозори на гипс картон со изолација, јужна страна комплетно. Од влезната врата се излегува по скали надоле. Скалите се затворени до доле. Помеѓу гипс картонот и кровот има изолација. Целосната квадратура на станот е 50 кв. На местото каде што имам сликано е дневната која е 20 кв сосе влезниот ходник и во продолжение (мое лево) по зидот е кујна 10 кв. Тоа е просторот којшто планирам (очекувам) да биде загреван од 3,5 kw инвертор.
Ме интересира што би можел да очекувам со останатите 2 простории (тоалет-се гледа вратата на сликата десно и спална-веднаш карши вратата од тоалетот, лепенка со дневната преку зидот којшто истотака се гледа десно)...
Дали би било реално при нормално студените денови да се почувствува топлина добиена од инвертерот во спалната и која би била очекуваната топлотна разлика ???
Во "грч" студените денови во спалната ќе догревам со панелка....
За тоалетот во најстуденото "ко преживи причаче"

Пред да го земам станов имаше кираџии којшто се грееле на обична Беко клима и панелки и велеа дека изолацијата е во ред и се чувствува топло (пријатно). Ги имам сметките за електрична енергија од изминатите две години и во најладните месеци (декември, јануари и фебруари)...опаааа 7000, 6700, 5800 денари.
Ваљда ќе заштеди нешто инверторот или ќе биде


...ЕВН