- Член од
- 21 октомври 2011
- Мислења
- 1.764
- Поени од реакции
- 2.580
За различни јачини споредувате цениОвој ценовник од сликава?како е можно за една недела да ја качат за 9к?
Цената на nekojtamu е за моделот над заокружениот.Јас мојот инвертер го вклучувам во октомври-ноември на одредена температура и го исклучувам април-мај. Никакви намалувања/зголемувања преку ден или ноќ. Зошто? Затоа што ако ја намалиш температурата навечер, просторијата ќе се олади. Кога ќе ја зголемиш наутро за да се загрее, ќе треба да работи посилно за да ја испорача потребната топлина. Според мерењата за моите простории, ќе потроши малку помалку струја отколку да работи цела ноќ. А со оглед дека ноќта троши струја во ноќна тарифа, излегува дека е поевтино да работи цела ноќ отколку да се намалува/зголемува температурата. Од друга страна цела ноќ е топло во просториите. А оваа функција за 8 степени (кај мене е 10) е во случај ако не ја загреваш воопшто просторијата, ако подолг период нема никој дома. Да не дозволи да паѓа температурата накај 0. Никојпат ја немам искористено.Ме интересира дали во најголемиот студ преку ноќ додека се спие би било добро (препорачливо) да се користи "8 C heating function" знаејќи дека значително ќе се намали температурата во просторијата и дали ќе му создаде проблем на инвертерот да дополни кога ќе се стане од спиење и исклучи оваа функција и пушти на стандардниот AUTO heating кој би се очекувало да надополни до 22-23-24 степани во собата. Или во најголемиот студ воопшто да не се користи оваа функција и да се намали само инвертерот на 17-18 степени на пример....???? Има ли некој искуство со оваа функција во најладните денови...???? Како се однесува инвертерот ???
