@yamaha10 Јас најпрво бев за SF50VE, беше no-brainer за мене, особено заради фактот што беше клима која ја рачунав како “сигурна“ - воглавно заради нејзината моќност и препорака. Надворентата единаца му е 55кг, 840x880x330 мм, цел плакар. После некое време истражување, заклучив како што и
@Vanlok пиша погоре, дека можам да пројдам и со 12-ка клима. И си реков, ако веќе може 12-ка, зошто да не се земе некој хипер-инвертер, ем поефтин (од SF50VE), ем далеку поекономичен, а со тоа и шанса да побрзо се “исплати“ инвестицијата. Сега веќе навистина не знам, и стварно сум во големо колебање измеѓу првите 3 модели кои и ти ги кажа.
Кога веќе го именува FH35VE како #1, мислиш дека би била ОК за наведениот простор со карактеристиките? Некое искуство, линк итн.? Прашувам бидејќи таа клима и декларирана како за максимално 32м2 (или 84м3), а тоа максимално ме колеба. Според Eurovent, има Pdesignh
kW од 3.6kW, со тоа што наводно на -10 го задржува, а на -15 е 3.2kW.. што е прилично импресивно ако е реално така. Но таа скептичност е тоа што ме оттргнува од овој модел и ме прави да погледнам кон SF50VE која ми е како што јас го нарекувам “посигурна“ опција.
Пошто FH35VE е прилично нов модел, тешко веројатно е да некој има лично искуство со истата.
Дали можеби некој има подетални информации за карактеристиките на компресорите на овие две ME? Не дека ќе знам што значат, ама можеби ќе кажат нешто со кое би го направиле изборот полесен.
@Vanlok
Точно е за Тошибата, моделите со 18 и 22 BTU се со двојно-ротирачки компресор, со моќност од 1100W.
Тој модел на Carrier e со комплетна внатрешност од 18-ката Тошиба, поточно Toshiba RAS-Suzumi Plus B18N3KV2-Е.
Многу убаво што ме потсети. Комплетно сум свесен дека во најладните/магловитите/влажни денови може да има потреба да се пригрева дополнително тело, што веројатно ќе биде некоја панелка, а идеално ТА печка доколку излези некоја добра понуда за истата.
За буџетот, парите се проблем и те како, но некако имам зацртано дека би сакал да инвестирам во ваков тип на греење, надевајќи се дека ќе ми понуди потребна топлина, како и комфор и економичност. Како ќе испадни сето тоа после некое време, останува да видиме.
Сите клими наведени ми се веќе отворени и споредени на Eurovent, што додека ги прави работите појасни гледајќи во податоците, не знам реално колку помага при крајниот избор.
Поради таа причина се осврнав на овој форум, а и на бугарскиот setcombg како би можел да добијам некое плус инфо. Засега сум благодарен за инфото, и позбунет од било кога

))