Најекономично греење и ладење

Член од
1 ноември 2013
Мислења
616
Поени од реакции
529
јас да би одбирал би одел по овој редослед 3,1,4,2
која и да ја земеш нема да има зима за тебе
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.980
Поени од реакции
34.367
@nikolago
Одлично поставено прашање, со сите потребни аспекти и информации во него - за давање на интелегентен одговор.

Од аспект на наведените информации за изолацијата на просторијата, мое мислење е дека можеби е можно да успееш да ја завршиш работата и со 12.000BTU модел. Подоста од луѓето овде ќе ти препорачаат секако да одиш на 18.000BTU модел, и така секако нема многу да згрешиш -ако парите не се проблем. Но и во таков случај јас лично би одел на диверзификација, и освен ако естетскиот изглед ептен не те одбива - комбинација од 12.000BTU модел со ТА печка, за мене бил најдобриот избор. (а од естетски аспект, има многу начини ТА печката да се вклопи, и „скрие„ во просторијата).

Јас лично, со слична ситуација како твојата - одам со 12.000BTU модел (Тошиба Сузуми +). Просторијата исто е 35м2, со нешто понизок плафон. Кај мене, некои 2/3 од просторијата е со надворешни ѕидови, фасадата е 10см стиропор.
Ќе видиме следнава сезона како ќе поминам. Со тоа што јас во соседната соба (20м2) имам уште една клима, исто 12.000BTU модел (Gree Change).
За кеиф (и за зорт) во големата просторија ќе имам и камин или печка на дрва (со можност за приклучување на централно греење, ако така се решам).

За изборот на брендовите моделите, тежок избор. Мицубиши многу ги фалат, но ни Тошиба не се ништо полоши. Ако одиш на 18.000BTU, меѓу Мицибуши и Тошиба, како да има некој консенсуз овде дека Мицибуши се нешто подобри. Таа Тошиба што си ја линкал мислам дека е Сузуми плус 18.000BTU, треба да е со твин ротари компресор. За Мицибушито не знам. Секако побарај ревјуа по интернет, и еуровент извештаи. Важна работа, кој колку гаранција дава (за Тошибата претпоставувам 3год)?
Кериер има интересна цена, како за 18.000BTU ама не знам за перформансите (побарај еуровент извештај, би требало да има).
Една забелешка, Gree Hansol 18.000BTU е достен кандидат за во твојот список (што веќе и Carrier e вклучен).

Сигурно ќе напишат нешто и момциве, директни споредби на еуровент извешатите ќе бидат интересни за анализирање. (y)
 
Член од
11 април 2014
Мислења
12
Поени од реакции
7
@yamaha10 Јас најпрво бев за SF50VE, беше no-brainer за мене, особено заради фактот што беше клима која ја рачунав како “сигурна“ - воглавно заради нејзината моќност и препорака. Надворентата единаца му е 55кг, 840x880x330 мм, цел плакар. После некое време истражување, заклучив како што и @Vanlok пиша погоре, дека можам да пројдам и со 12-ка клима. И си реков, ако веќе може 12-ка, зошто да не се земе некој хипер-инвертер, ем поефтин (од SF50VE), ем далеку поекономичен, а со тоа и шанса да побрзо се “исплати“ инвестицијата. Сега веќе навистина не знам, и стварно сум во големо колебање измеѓу првите 3 модели кои и ти ги кажа.

Кога веќе го именува FH35VE како #1, мислиш дека би била ОК за наведениот простор со карактеристиките? Некое искуство, линк итн.? Прашувам бидејќи таа клима и декларирана како за максимално 32м2 (или 84м3), а тоа максимално ме колеба. Според Eurovent, има Pdesignh
kW од 3.6kW, со тоа што наводно на -10 го задржува, а на -15 е 3.2kW.. што е прилично импресивно ако е реално така. Но таа скептичност е тоа што ме оттргнува од овој модел и ме прави да погледнам кон SF50VE која ми е како што јас го нарекувам “посигурна“ опција.
Пошто FH35VE е прилично нов модел, тешко веројатно е да некој има лично искуство со истата.
Дали можеби некој има подетални информации за карактеристиките на компресорите на овие две ME? Не дека ќе знам што значат, ама можеби ќе кажат нешто со кое би го направиле изборот полесен.

@Vanlok
Точно е за Тошибата, моделите со 18 и 22 BTU се со двојно-ротирачки компресор, со моќност од 1100W.
Тој модел на Carrier e со комплетна внатрешност од 18-ката Тошиба, поточно Toshiba RAS-Suzumi Plus B18N3KV2-Е.
Многу убаво што ме потсети. Комплетно сум свесен дека во најладните/магловитите/влажни денови може да има потреба да се пригрева дополнително тело, што веројатно ќе биде некоја панелка, а идеално ТА печка доколку излези некоја добра понуда за истата.
За буџетот, парите се проблем и те како, но некако имам зацртано дека би сакал да инвестирам во ваков тип на греење, надевајќи се дека ќе ми понуди потребна топлина, како и комфор и економичност. Како ќе испадни сето тоа после некое време, останува да видиме. :)

Сите клими наведени ми се веќе отворени и споредени на Eurovent, што додека ги прави работите појасни гледајќи во податоците, не знам реално колку помага при крајниот избор.
Поради таа причина се осврнав на овој форум, а и на бугарскиот setcombg како би можел да добијам некое плус инфо. Засега сум благодарен за инфото, и позбунет од било кога :)))
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.980
Поени од реакции
34.367
Вселен си во станот? Имаш пристап?
Ако можеш да се обидеш сега да видиш како ќе се понаша една панелка од 3киловати, ќе имаш корисна претстава за топлотните загуби. Но ако другите станари не се вселени, тоа ги менува работите. И ако не било греено до сега, ќе треба да почекаш пар денови - да се подзагреат ѕидовите пред реално да се процени работата. Дефинитевно пробај со конвенционални греалки, панелни по можност. Многу поедностaвна проценка е тоа, одколку куп сложени пресметки за топлотна загуба.
@nikolago
 
Член од
13 август 2013
Мислења
1.054
Поени од реакции
2.063
Ne e samo do cop i do podatocite na eurovent. Najbiten e softverskiot del i kakvi resenija nudi za da se postigne taa minimalna potrosuvacka. Od licno iskustvo elaborirav prethodno razlika vo rabotata na Panasonik i toshiba, mozebi se podednakvo ekonomicni, mozebi imaat ist cop i scop, no rabotat prilicno razlicno. Panasonikot koga ja postignuva temperaturata prodolzuva da duva ventilatorot i deluva prilicno neprijatno, kaj toshibata toa go nema i ventilatorot prekinuva so rabota. Toshibata raboti podolgo vreme na minimumot od 200 vati, panasonikot pokratko i poveke odi na varijanta 10 vati koga duva samo ventilator, kacuva kratko na 400 vati, paga na 200 i kratko posle toa na 10 vati i se taka. Suma sumarum ke potrosat isto ali ipak ne e isto.
Od klimite sto si gi navel ja bi odel 2,1,4,3.
FH35 glavna prednost e rabota na -20 sto uoste ne ti treba.
SH50 osven sto e mitsubishi kako brend imas garancija deka ke te gree bez dopolnitelno grejno telo kakva i da e zimata, a dali gi zasluzuva parite sprema ekonomicnosta stvarno ne moze da tvrdam.
Suzumi 18 e preskapa za minimalno podobri karakteristiki od 16-ka koja kosta 60.000 bez montaza,
Carrierot e najdobra opcija od site ovie spored deklariranoto od prodavacite, samo ne moze da se potvrdi so eurovent, barem jas ne najdov dosega,a od druga strana ima sajtovi kade sto e deklarirana deka raboti na -10.
Isto kako sto tvrdev i porano za nekoj drug za ovie uslovi e idealna suzumi 16-ka, isto ima tvin rotari kompresor, ako mislis deka e prednost, a ima i 150-170 vati minimum, a najbitno ima softver koj ja vodi klimata besprekorno, raboti tokmu kako sto treba, raboti bas tolku kolku sto treba,
 
Член од
24 септември 2013
Мислења
344
Поени од реакции
317
@yamaha10 Јас најпрво бев за SF50VE, беше no-brainer за мене, особено заради фактот што беше клима која ја рачунав како “сигурна“ - воглавно заради нејзината моќност и препорака. Надворентата единаца му е 55кг, 840x880x330 мм, цел плакар. После некое време истражување, заклучив како што и @Vanlok пиша погоре, дека можам да пројдам и со 12-ка клима. И си реков, ако веќе може 12-ка, зошто да не се земе некој хипер-инвертер, ем поефтин (од SF50VE), ем далеку поекономичен, а со тоа и шанса да побрзо се “исплати“ инвестицијата. Сега веќе навистина не знам, и стварно сум во големо колебање измеѓу првите 3 модели кои и ти ги кажа.

Кога веќе го именува FH35VE како #1, мислиш дека би била ОК за наведениот простор со карактеристиките? Некое искуство, линк итн.? Прашувам бидејќи таа клима и декларирана како за максимално 32м2 (или 84м3), а тоа максимално ме колеба. Според Eurovent, има Pdesignh
kW од 3.6kW, со тоа што наводно на -10 го задржува, а на -15 е 3.2kW.. што е прилично импресивно ако е реално така. Но таа скептичност е тоа што ме оттргнува од овој модел и ме прави да погледнам кон SF50VE која ми е како што јас го нарекувам “посигурна“ опција.
Пошто FH35VE е прилично нов модел, тешко веројатно е да некој има лично искуство со истата.
Дали можеби некој има подетални информации за карактеристиките на компресорите на овие две ME? Не дека ќе знам што значат, ама можеби ќе кажат нешто со кое би го направиле изборот полесен.

@Vanlok
Точно е за Тошибата, моделите со 18 и 22 BTU се со двојно-ротирачки компресор, со моќност од 1100W.
Тој модел на Carrier e со комплетна внатрешност од 18-ката Тошиба, поточно Toshiba RAS-Suzumi Plus B18N3KV2-Е.
Многу убаво што ме потсети. Комплетно сум свесен дека во најладните/магловитите/влажни денови може да има потреба да се пригрева дополнително тело, што веројатно ќе биде некоја панелка, а идеално ТА печка доколку излези некоја добра понуда за истата.
За буџетот, парите се проблем и те како, но некако имам зацртано дека би сакал да инвестирам во ваков тип на греење, надевајќи се дека ќе ми понуди потребна топлина, како и комфор и економичност. Како ќе испадни сето тоа после некое време, останува да видиме. :)

Сите клими наведени ми се веќе отворени и споредени на Eurovent, што додека ги прави работите појасни гледајќи во податоците, не знам реално колку помага при крајниот избор.
Поради таа причина се осврнав на овој форум, а и на бугарскиот setcombg како би можел да добијам некое плус инфо. Засега сум благодарен за инфото, и позбунет од било кога :)))
Eve i moe mislenje,
Najbitno e dali ke grees non-stop ili planiras da ja gasis klimata navecer. Kakva ti e situacijata po doma od aspekt dali ste na rabota preku den i nema nikoj doma pa imas potreba popladne da grees samo.
Dali 12-ka ke ti zavrsi rabota ke zavisi isklucivo od toa dali ke raboti non-stop ili ke ja gasis. Jas se gream so 12-ka vo 42m2 non-stop i nemav problem i na -15. Nema problem i na magla koga pravi defrost na saat vreme.
No ako situacijata ti e takva da nemas potreba od non-stop greenje, edinstvena opcija ti e 18-ka.
A Mitsubishito 12-ka sto go imas pisano go ima nmarkovski, ima pisuvano ovde, neli rece deka ja sledis temava :)
A za konkreten model 18-ka, mislam deka site bi ti zavrsile rabota kako edinstveno grejno telo. Duri i Vivax 18-ka od 40000 den. Vidi kon sto te vlece najveke, dali cenata ili markata ili dizajnot, plus karakteristikite. I nacinot na rabota kako sto pisa gigovit e isto taka mnogu biten, dali isklucuva ili non-stop duva.
Edinstven nedostatok na 18-kite e sto ke bidat pobucni vo rabota, na najmala brzina mislam deka se kako 12-ka koga raboti na sredna brzina (da receme 3-ka od 5 brzini), i poveke duvaat. Ako mestoto za montaza ti e loso i mora da bide svrtena nakaj lugje, ne e nebiten i toj podatok.

Na kraj se se sveduva na tebe i ti ke si preseces. Ovde sekoj ke ti pise po nesto i uste poveke ke ti se zamrsat koncite.
 
Последно уредено:
Член од
17 март 2015
Мислења
204
Поени од реакции
324
kako sto napisav go sledam forumov pa recisi i go prelistav cel,no mnogu retko vidov nekoi mislenja za klimite kako sto se lg, midea,neo ,beko,samsung tuk tamu vivax, t s od ponizok rang.skoro segde se spomnuva tosiba mits,pa znaeme deka tie se klimi od vrvot pa i sekako poskapi od drugite i sigurno koja i da ja zemes nema da zgresis.jas imam imam obicna klima qvadro so panasonic kompresor od 2007 god i do den denes ne e servisirana,odlicno ladi i gree vo potopli denovi,a sepak e klima od najnizok rang.znaci koj ima znaenje ili klimi od ponizok rang neka napise mislenje.se znae sto e dobro sekako , no neli site nie nemame buget od 1000 i kusur evra za klima.
 
Najcesto tie sto kupuvaat LG, samsung, midea, beko... ne citaat nisto za klimata i gi nema na forumov.
Za ladenje i greenje vo potopli denovi sekoja ke vrsi rabota, i od 12000 den on-off. Rabotata e koja ke vrsi rabota kako edinstveno grejno telo za cela zima, ili 95% od zimata.
Koga ima magla se javuvaat nekoi da baraat pomos deka ne ima gree klimata, bas se potrefuva beko-meko da se toa, pobaraj nanazad ima postovi. Ili baraj postovi od periodite koga imalo magla, mnogu spodeluvaat mislenja i pozitivni i negativni, ke vidis koi klimi rabotat kako treba koi ne.
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.980
Поени од реакции
34.367
... mnogu retko vidov nekoi mislenja za klimite kako sto se lg, midea,neo ,beko,samsung tuk tamu vivax
...
znaci koj ima znaenje ili klimi od ponizok rang neka napise mislenje.se znae sto e dobro sekako , no neli site nie nemame buget od 1000 i kusur evra za klima.
Веќе убаво ти одговориле погоре, еве и јас само ќе се надоврзам. Прво ќе нагласам дека климите од класата на Тошиба, Митсибуши, Даикин, Фуџитсу, итн... самите ќе си ја исплата инвестицијата за одреден период. Но сосема разбирам дека почетната инвестијца е голема. Од тој аспект најдобар избор, според мене, ти се Gree и Вивакс (кој воглавно продава ремаркирани Gree).

Знам дека е мачно, читање на цела тема од 300-400 страни. Ама добро време си одбрал за размислување и одлучување за клима, сезоната е пред крај. Имаш време на раат да одлучиш што и како. Ако сепак сакаш веднаш да се одлучиш, веќе реков скратен совет е: Gree и Вивакс. Тие се со нешто послаби перформанси од поскапите брендови, ама ништо страшно, и работат пристојно.

На жалост консенсуз овде е дека lg, midea,neo ,beko,samsung, не ги бива. Не само што не ги бива, туку изборот е уште полесен затоа што за слични пари може да се земе Gree и Вивакс. И за крај, треба да разбереш дека таа Квадрото што ти се погодила, тоа е само среќа. Тоа повеќе е исклучок, одколку што има шанси да биде правило.
Се разбира, никој не те спречува да си ја пробаш пак среќата. Ако пробаш, следната грејна сезона - секако пренеси ни ги искуствата овде.

Само пази на една работа - Квадрото е обична клима, која на времето си ја земал првенствено за ладење. Ретко која клима нема да си одработи ладење како што треба. Така да ризикот бил мал уште во старт, и повеќе се однесувал на трајноста - отколку на можноста на климата, да си ја врши работата. Но сега кога купуваш уред за греење, ризикот е многу поголем. Не само што парите се многу поголеми (сега ти треба инвертор), туку и искуствата зборуваат дека ретко кој земал бренд од тие што ги наброја - и е задоволен од нив. Постојат исклучоци, ете виндфакер има ЛГ и е задоволен од него, но и тој ЛГ кошта 500-600евра... колку што коштаат и почетните модели на Gree и Вивакс.

Да повторам, ако сакаш добро да одбереш и да ги намалиш шансите да бидеш незадоволен потоа - нека не те мрзи да ја поминеш темата. Во најмал случај пребарувај ја самата тема, со зборови како lg, midea, neo,beko,samsung (исто и на кирилица).
Со среќа одбирањето клима, и пренеси ги потоа искуствата овде. (y)
 
Член од
1 ноември 2013
Мислења
616
Поени од реакции
529
@nikolago таа FH е топ модел на мицубиши, за разлика од другата која иако поголема тука некаде е со снагата, ама предноста се гледа во потрошувачката 0.8 наспроти 1.7KW
COP на FH на +10 е над 7 така имам читано на еден хрватски форум од стручни луѓе кој што се греат со такви клими цела зима без никакво друго грејно тело
денеска тоа се бара економичност, а тоа е главниот атрибут на FH
 
Член од
30 март 2012
Мислења
376
Поени од реакции
234
mene do den deneska ne mi e jasno zosto samsung i lg se smeta za djubre? Koj testiral edna nivna vrvna klima od 800-1000eur? Samsung i lg imaat najdobri frizideri, najdobri masini za perenje, najdobri telefoni (posle lg g2 zedov g3 i prezadovolen sum) i skoro 80% od iphone e so samsung chipovi, najdobri televizori i sto e problem eve ne najdobra ama solidna klima da napravat? space shuttle e klima? Gree firma totalno za nas nepoznata do skoro i e podobra od ovie dva brenda? pa eve mi ja nad glava gree i za edno 10% e podobra od fuegoto sto go izvadiv, mada i toa e upitno zasto fuegoto mi bese 9ka
Ene ja doma samsung od 15.000 denara kineska 7 godina raboti bez nikakva intervencija, cak ne bese ni vakumirana a gree ka luda za onolku T kolku e deklarirana
Nekoj zemaja tuka od tie triagolni samsung klimi kogaj bea na promocija vo neptun i bas bi sakal da spodelat iskustvo so nas kolku se zadovolni
Prednosta na toshibata e na prvo mesto kvalitet, precizno deklarirana, precizen softver i servis koj servisira, a za gree se vide koj sex jas go dobiv kogaj trebase da se intervenira na nova klima. Sekogas kogaj ce se javev na uvoznicite bev i kriv sto se javuvam...
 
I jas ne gi smetam LG za skart klimi, pogotovo poskapite modeli. LG ima edna od najdobrite klimi, LG Athena H12AK kako i extreme varijantata P12MN.

Samsung neznam dali ima nekogas napraveno solidna klima. Mislam deka nema ni eden edinstven model sto moze barem i da se doblizi do nekoi japonci.
Toa sto pravat odlicni televizori i chipovi ne znaci deka mora bilo sto drugo da im bide solidno. Pogotovo sto klimite na samsung se kineski proizvod so Samsung nalepnica. No toa go pravat najgolemiot broj od brendovite, pogotovo za osnovnite modeli. Zavisi od koi Kinezi gi zimaat klimite. Jas gi znam samo Gree, Midea i Haier, no ima sigurno i dosta drugi.
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.980
Поени од реакции
34.367
@goran0505 колку точно кажа дека ти е висок плафонот на дуќанот?
Си размислил ли можеби да пробаш со еден плафонски вентилатор малку да го размешуваш воздухот, да го буткаш топлиот воздух надолу за да ја изедначиш температурата?
 
ma digam race vise, ne vredi nervoza. Karsi mene malku pogolema kvadratura so radijator uljan 2kw go greeja prostorot podobro od mene. Ti kogaj ce ja aktiviras klimata ce ja rascistis ovaa dilema. Mene najdobro mi brka rabota za ladenje bidejci 13m2 ne mi pravi ladni sokovi, dobro se kontrolira, moze i za ladenje ne ja biva :D
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.980
Поени од реакции
34.367
Ти си знаеш, ама плафонски вентилатор не е скап и на најмала брзина нема ни да го осетиш дека дува. Ако висината на дуќанот ти е над 3 или 4 метри, и до 10степени разлика може да има од горе до доле.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom