S
StormRage
Гостин
Не, уствари прам муабет за високо квалитетен аустриски систем, преку 28к евра од IDM (Terra) и 1000литарски Sonnenkraft „бојлер“ плус комплетна нивна автоматика (и некои рачно доработени делови и автоматики). Целата циркулација е регулирана со Grundfos пумпи. Користени се Rehau Rauterm црева кој се исто ептен добар полимер и се страшни за било што класика подно, со 6 цм стиродур изолација и плочка, третиот спрат е со Viega црево. Максимална препорачана температура за подно не треба да постигнува над 50 степени (ради подлогата). Само првиот спрат е со радијатори пошо уште не е реновиран али и тоа за брзо ќе се смени. Искрено ми е прв ваков систем и сум фасциниран, огромна енергија вади а троши... ситница. И сигурно има уште поголем капацитет него да ги покрие 350 квадрати, кога надвор е -15 а внатре се шеташ по маица и топло ти е .@goran0505 Хммм летоска моите добија таква сметка со додадени а непотрошени 800KW, сметкава како да се грееле на сред лето, 5-6000 беше, а не беа ни тука пола денови од тој месец. Релно по струјомерот околу 1500 имаа потрошено. Одговорот од нивна страна беше дека ке биде корегирано во наредната сметка, но зашто да наплаќаат однапред, не е во ред тоа, поготово па зимно време ко можат да ти набилдаат огромна сметка да неможеш да ја платиш и ке те искључат.[DOUBLEPOST=1421006291][/DOUBLEPOST]
Верувам дека троши толку малку, но тоа е едната половина од системот т.е изворот на топла вода која не верувам дека е поголема од 55Ц(едино ако ја догрева), па би те прашал за втората половина т.е какви грејни тела користи твојот пријател и од каков материјал му е подот, односно дали е тоа она традиционалното радијатори/паркет, фенкојлери, или подно греење/плочки или некоја комбинација. Ако ваквиот тип на греење го гледаме од перспектива само на геотермална пумпа е вистина прескапо, 10 и више иљадарки, но ако го гледаме како Нискотерпературно греење тогаш цената од 10 одма паѓа на пола па и помалку бидејки може да се изведе и со пумпа воздух-вода или котел на дрва, поентата е во подното греење а не во котелот. Уствари ако добро размислам проблемот е во нашите навики, цела европа е во тренд на нискотемпературно подно греење а кај нас (можеме и тука да прочитаме) во нови градби сеуште се ставаат радијатори и котли со снаги у мегавати као да е дрвото или јагленот безпари. Начув дека и дрвото поскапело над 4000, ако е точно тоа ете уште една причина за тие што се во граба да си размислат за систем кој нема да има потреба од темератури на водата од 65 или 80Ц и десетици кубици дрва туку ке грее некое подно топловодно греење на 35 до .40Ц и ке потроши упола помалку.
Котел на дрва не е паметна идеја ако немаш радијатори... или евентуално комбинриано парно, но над 50 степени во подното е многу лоша идеја. Струјата е изгор, нафтата е практично не исплатлива (погорниов случај трошеше 6 тона нафта годишно). И реално гледано, по оваа математика многу брзо ќе го исплати системот. Имам неколку слики ако те интересира тоа како изгледа, ќе ги постирам (имам од котларата во телефон, али мислам дека и од подното имам некаде низ компјутер).

