Не, уствари прам муабет за високо квалитетен аустриски систем, преку 28к евра од
IDM (Terra) и 1000литарски
Sonnenkraft „бојлер“ плус комплетна нивна автоматика (и некои рачно доработени делови и автоматики). Целата циркулација е регулирана со Grundfos пумпи. Користени се Rehau Rauterm црева кој се исто ептен добар полимер и се страшни за било што класика подно, со 6 цм стиродур изолација и плочка, третиот спрат е со Viega црево. Максимална препорачана температура за подно не треба да постигнува над 50 степени (ради подлогата). Само првиот спрат е со радијатори пошо уште не е реновиран али и тоа за брзо ќе се смени. Искрено ми е прв ваков систем и сум фасциниран, огромна енергија вади а троши... ситница. И сигурно има уште поголем капацитет него да ги покрие 350 квадрати, кога надвор е -15 а внатре се шеташ по маица и топло ти е .
Котел на дрва не е паметна идеја ако немаш радијатори... или евентуално комбинриано парно, но над 50 степени во подното е многу лоша идеја. Струјата е изгор, нафтата е практично не исплатлива (погорниов случај трошеше 6 тона нафта годишно). И реално гледано, по оваа математика многу брзо ќе го исплати системот. Имам неколку слики ако те интересира тоа како изгледа, ќе ги постирам (имам од котларата во телефон, али мислам дека и од подното имам некаде низ компјутер).