Најекономично греење и ладење

  • Креатор на темата Креатор на темата Dr Zmigo
  • Време на започнување Време на започнување
Здраво на сите. Нов сум на форумот па ќе поставам едно прашање за поискусните, гледам има луѓе што се разбираат.
Ме интересира дали има некој искуство со електрично подно греење. Запознаен сум топловодното, ама за ова не успеав да прочитам некој што има искуство со него.
Мислам дека е релативно ново на пазарот и има две три фирми што го носат.
Во принцип е исто како топловодното ама наместо цевки се пуштаат кабли во кошулицата и наводно работи на температура до 27С.
Има варијанта од некои од поквалитетните и да се монтира под паркет.
Поз
 
Добро ни дојде....
Најнапред разгледај ја темава.
Најекономично е греење си топлотни пумпи ( клима уред ) или на огревно дрво
 
Здраво на сите од уште понов. :)

Имам прашање за клима за ладење (можеби и за греење, ама многу малку), па дали да го поставам (опишам ситуацијата) во темава или на друго место? Не гледам друга тема за клими, а оваа тема е огромна и нема шанси да најдам тоа што ми треба, и да го има.
 
Обиди се :D

Sent from my ST21i using Tapatalk 2
 
Вака, климата би се користела за ладење, догревање, но најмногу за вентилирање на мала просторија каде што интензивно се пуши.

Просторијата е многу мала, некаде 10 квадрата максимум, но во најтоплите денови би се отварала врата да лади (колку што може) натамошни простории. Изолацијата е слаба, најмногу на вратите и прозорите (стари, расклатени). Собата е директно на југ, па знае да стане многу жешко, па и функцијата ладење не смее да се занемари. :)

Гледам, прозорски клими слабо има кај нас, а и има повеќе непогодности поврзани со нивната монтажа, па јас би сакал да поминам, ако може, со нормална клима (било сплит било инвертер). Значи, главното прашање ми е која клима да ја одберам, со „потпрашања“ поврзани со:

1. Филтрите. Гледам има многу видови, но не ме интересираат бактериски и слично (иако веројатно и тие не се за потценување), туку кој тип на филтер најдобро ќе филтрира чад од цигари. Со ова оди и да биде лесен за одржување итн.
2. Ако може да препорачате квалитетни мајстори за монтажа, затоа што малку е комплицирано местото каде што би се монтирала, па не сакам фушерај (нели, и без тоа не сакам, но добро...)
3. Цена до некаде 40.000 (може и да се растегне ако има ептен добра причина) - затоа што гледам само поскапите имаат филтри, а и нека има поголема сила за да работи економично и да ги лади другите простории.

Благодарам.
 
Прозорски клими се наоѓаат, не секаде но се наоѓаат Последен пат видов во Техномаркет. Изгледа сега нема но прашај:
http://www.technomarket.com.mk/browselist/135/air-conditioner
За ветилирање можат да се употребуваат само прозорски клими.
 
Прозорски клими се наоѓаат, не секаде но се наоѓаат Тоследен пат видов во Техномаркет. Изгледа сега нема но прашај:
http://www.technomarket.com.mk/browselist/135/air-conditioner
За ветилирање можат да се употребуваат само прозорски клими.

Па, најголема мана е што ќе го затвори единствениот прозор (и до половина да е, многу е), треба да се менуваат стакла итн. И бучавата.

Ако може да му се верува на следното:

http://www.termosistem.com.mk/prozorski-klima-ured

А зошто да не му се верува. :)
 
...кој тип на филтер најдобро ќе филтрира чад од цигари. Со ова оди и да биде лесен за одржување итн.
Никаков филтер нема „исфилтрира„ чад од соба во која интензивно се пуши, барем не во комерцијално (и економски) достапните клими на пазарот.

Тоа што тебе ти треба е вентилирање. Од тој аспект или прозорска клима или ѕиден вентилатор (па потоа комбинирај го со каква сакаш клима).

Нормално, ова ти е совет од лаик... а професионалците нека ме поправат ако грешам.
 
Еве нешто ново од Вулварин

527781_10151408969433197_1492608690_n.jpg

576128_4648694661269_821060950_n.jpg
 
Па, најголема мана е што ќе го затвори единствениот прозор (и до половина да е, многу е), треба да се менуваат стакла итн. И бучавата.

Ако може да му се верува на следното:

http://www.termosistem.com.mk/prozorski-klima-ured

А зошто да не му се верува. :)
Во написот нема ништо неточно....
Прозорскиот клима уред не мора да се монтира на прозор,,,
Може да се монтира, ако се направи отвор во ѕидот, до, над или под прозорот или на на врата или на некој друг ѕид.
Кај овие има една друга работа по која се разликуваат од сплит климатизерите
Тоа е дека, некои од нив, немаат можност да работат како топлотни пумпи кога се врши затоплување. Не сите, но кај повеќето, наместо топлотна пумпа е вградена обична електрична греалка. Инаку прозорските клими можеш да ги набавиш и како половни и тоа многу поефтино.
Исто размисли за така наречени подвижни или моболни клими
Еве најдов и една бугарска интернет страница, но сум ги гледал и во Скопје, во Техномаркет
http://www.klimatik.org/articles.php?article_id=27
Mobilni%20klimatici1.JPGMobilni%20klimatici2.JPG

Фунционираат слично како прозорските клими, но се спроведува црево за одпаден воздух или до отвор за оџак или до отвор во ѕид. Ваквите клими имаат фуккција на топлотна пумпа. и добри се за вентилирање.
 
Знам за пингвиниве, но во последно време помалку ги има кај нашиве продавачи. Ни таков не би зел (е стварно сум маанџија :)) поради:

1. бучноста (читам дека се многу побучни од обичните)
2. Повеќето (барем пред неколку години, не знам за сега) имале демек едно црево. Имаше на српски форум како да се модифицираат со две црева (довод и одвод), ама многу работа беше, а јас не сум вешт за со пластика. Некако беше, и да имаат две црева, во иста дупка идат, па џабе ти е ако не го модифицираш.
3. Неефикасноста (тоа може и да се занемари)

Освен тоа, нема простор да се направи дупка (се мислев и обичен аспиратор или вентилатор да ставам) - прозорот е до ѕид, под него парно, од нив до другиот ѕид има плакар што не може да се поместува. За обична клима ќе се најде место над прозорот (има греда) и некаде ќе се пикне цревото, ама други дупки тешко.

Ако не здосадив веќе, може ли да ги модифицираме условите?

Прв случај: Многу пушење без клима - некој вентилатор или нешто со црево - дали постои такво нешто? Ако го скрпам јас, не верувам дека ќе функционира баш добро.

Втор случај: Забрането или намалено пушење - пак каква клима (со филтри!) и препорака за асален мајстор (фирма) за монтажа?

Фала.
 
Zebar
Веројатно тоа е најдобро решение.... Да се раздвои климатизацијата од вентилацијата
За климатизација, може да се набави сплит климатизер, со филтрација на воздухот по избор,
За вентилација да се набави посебен вентилатор. Самиот вентилатор може да биде поставен или во самата просторија, или надвор од просторијата.
При избор на вентилаторот може да се избере вентилатор со поголем капацитет, така да за кратко време се проветри просторијата
 
Za dim od cigari ima edna "naprava" od Zepter koja go eliminira od prostorijata i toa mosne uspesno.
Samo ovie igracki se bajagi skapi.
Vidi poguglaj na net.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom