Добра е дискусијава и има квалитетни мислења и информации но ми се чини премногу се навлегува во детали што обичен технички необучен корисник не го интересираат, дали е волку или онолку ЦОП на просечен купувач ништо не му значи.
Тоа што би сакал повеќе да видам на ваква дискусија се реални кориснички искуства. Клима/инвертер од таа и таа фирма, купена таму и таму, користена икс време за загревање на таков и таков изолиран/неизолиран простор, сметката за струја е таква и таква. Се расипува не се расипува. Тоа се информации кои на сите би ни биле од помош а не спецификација на продавачот која може врска да нема со реалноста или реално вградените компоненти.
Друга работа што ретко ја читам е исплатливост на инвестицијата за вложените пари. Климата може да е прекрасна ама ако кошта 1000 евра и со сметките за струја ќе ја исплатам после 10 години мене лично не ме интересира така да би требало со секоја клима да имаме и барем мала дискусија со пресметка за колку време во некоја просечна состојба инвестицијата е исплатлива.
Не би било лошо да се направи и едно стики со препорака од членовите за соодветен климатизер/инвертер според ценовна класа (или некој друг параметар). За соба од толку квадрата и таа цена најдобар е тој модел, за соба од повеќе квадрата и повисока цена најдобар е тој модел. Нешто во тој стил, како што има на сите форуми за компјутери или техника во поразвиените земји.
Во секој случај честитки за сите кои со квалитетни искуства и информации придонесуваат за подобро информирање и правилен избор на соодветен климатизер/инвертер
.
Пс. Темава не е само за клими/инвертери ама приметувам дека најчесто се спомнуваат иако постот би се однесувал и на други типови на загревање.
Тоа што би сакал повеќе да видам на ваква дискусија се реални кориснички искуства. Клима/инвертер од таа и таа фирма, купена таму и таму, користена икс време за загревање на таков и таков изолиран/неизолиран простор, сметката за струја е таква и таква. Се расипува не се расипува. Тоа се информации кои на сите би ни биле од помош а не спецификација на продавачот која може врска да нема со реалноста или реално вградените компоненти.
Друга работа што ретко ја читам е исплатливост на инвестицијата за вложените пари. Климата може да е прекрасна ама ако кошта 1000 евра и со сметките за струја ќе ја исплатам после 10 години мене лично не ме интересира така да би требало со секоја клима да имаме и барем мала дискусија со пресметка за колку време во некоја просечна состојба инвестицијата е исплатлива.
Не би било лошо да се направи и едно стики со препорака од членовите за соодветен климатизер/инвертер според ценовна класа (или некој друг параметар). За соба од толку квадрата и таа цена најдобар е тој модел, за соба од повеќе квадрата и повисока цена најдобар е тој модел. Нешто во тој стил, како што има на сите форуми за компјутери или техника во поразвиените земји.
Во секој случај честитки за сите кои со квалитетни искуства и информации придонесуваат за подобро информирање и правилен избор на соодветен климатизер/инвертер
.Пс. Темава не е само за клими/инвертери ама приметувам дека најчесто се спомнуваат иако постот би се однесувал и на други типови на загревање.




