Vanlok
deus ex machina
- Член од
- 30 мај 2009
- Мислења
- 31.779
- Поени од реакции
- 42.865
Не е баш така.Значи подпросечна клима во секој случај ? Изгледа го платив името повеќе. Имав подобар избор во таа ценовна класа ?
СОР-от на пониски температури не е толку лош. Но важно е да си ја знаеш математиката на максимална моќност при такви пониски температури, и да имаш додатно греење.
Значи за следнови зборуваме: моделoт е деклариран како за 3.5 киловати топлина, но на -7с ќе дава накај 2-запирка-нешто киловати топлина (за 0.8kw струја).
Во принцип, за тие пари само некои модели од Gree би грееле нешто повеќе (на ниски температури). Или за нешто повеќе пари хансол моделот од Gree (и истиот ремаркиран во Вивакс).
Математиката е таа. Добар си е уредот, од реномиран производител и со солиден квалитет на изработка. Не би рекол дека си се заебал.
Само на прилични ниски температури (навечер најчесто) ќе си планираш одреден бекап од типот на калорифер, кварцна греалка, панелка (термо печка е најисплатлива). Најверојатно веќе имаш нешто такво дома.
Или уште поубаво, ако имаш услови и можеш да си дозволиш, еден камин на дрва. Ем за кеиф, ем тие дваестина-триестина најладни денови да догрееш.

)
и кога ја пуштив ќе се загушев... мислед дека ќе прегорат и пар денови ја оставив вклучена... голема грешка: уште ми смрди собата на скара. 

