Најекономично греење и ладење

  • Креатор на темата Креатор на темата Dr Zmigo
  • Време на започнување Време на започнување
@Kaiser од сликата мене тоа ми изгледа како класична печка за дрва, ќумбе. Во текстот ништо не кажуваат за принципот на работа на печката, само дека има ефикасно согорување.

Одлика на ракентните печки е јака изолација на комората на горилникот, а на сликава се гледа само метална печка широка можеби пола метар. Ако човеков внатре правел нешто на принцип на ракетна печка, тогаш горилникот е прилично мал, не поголем од отворот што го гледаме на предната страна.
Прв важен момент во случајов е дека нема вертикално ложење на дрвата туку хоризонтално. Во тој случај последица е дека треба да ја ложи печката секои десетина минути, пошто дрвата во ракетните печки горат исклучително брзо (ако е вертикално ложењето, може да се ставаат долги дрва/гранки кои потоа гравитацијата ги движи надоле како што согоруваат).
Второ, никаде не спомнуваат термална акумулација, а токму тоа е круцијален дел од печка која дрвата ги согорува ефикасно но исклучително брзо.

Ракетна печка без термална акумулација донекаде губи смисла.
ОК освен можеби ако не се димензионира помала моќноста а и помала да е самата печка, за таквото максимално горење да одговара на енергетските потреби на просторијата. Но тоа ќе значи и постојано ложење дрва, додека во варијантата со термална акумулација се прави поголема печка која се ложи само неколку саати дневно (при што топлинската енергија се акумулира во термалната маса).
 
Да не си гледал на Нат.Гео Banged up abroad???
не не беше тој :S да не има некаде на нет тв распоред на дискавери така лесно ќе го најдам а емисијата се викаше Trouble in paradise
 
Последно уредено:
@Kaiser
На Јутуб најдов три прилога од истиот Пироќанец
Третиот прилог е за оваа печка на дрва, но нема ништо за самата печка, а првиот е дека пронашол уред кој штеди 50% гориво кај коли, а вториот, кој најмногу ни се допаѓа е песна - честитка за роденден
http://www.youtube.com/watch?v=fCtvEEghWgw
http://www.youtube.com/watch?v=46SmrxlxdA4
http://www.youtube.com/watch?v=FShkA7xJcYE
 
Прегледај го приврзокот 85308 Прегледај го приврзокот 85306 Прегледај го приврзокот 85307 Прегледај го приврзокот 85305
Eve slikovito da vidite kolku mi potroshi Suzumito za poslednive dva meseca non stop uklucena 24 casa a zagrevam 25 m2 povrshina bez nadvoreshna izolacija vo kukja
samo 447 kw ;)

Хмм ај малце математика околу ова, под претпоставка дека потрошеното се однесува за 30 дена уназад, дека стварно грееш нонстоп 24часа дневно и дека собната температура ти е 22Ц како што тоа го имаш изјавено тука.
На еден српски форум имаше опишан доста добар начин како да се пресмета големината на топлинска пумпа ако се знае потрошената дневна струја и надворешната/внатрешна температура.
Според тој начин на пресметка за кај тебе математиката испаѓа вака:

Значи од 25јан до 25феб за 30дена имaш потрошено 447/2=223,5KW
или дневна потрошувачка 223.5/30 = 7.45 KW
Просечна температура од 25јан до 25феб била 5 °C.

7.45KW/(22°C - 5°C)=7,45/17=0.438kw дневни губитоци po °C
0.438/24h=0,0182kw губитоци на саат

Да видиме каква ТП е потребна за да се згрее твојот "слабо" изолиран простор на -5, -10, и -15°C
а да е притоа 22°C топло во просторот.

0,0182*(22 - (-5))=0,0182*27=0,491kw
0,0182*(22 - (-10))=0,0182*32=0,58kw
0,0182*(22 - (-15))=0,0182*37=0,67kw

или на +5°C
0,0182*(22-(5))=0,0182*17=0,309Kw

Искача дека за твоите 25м2 ти треба ТП која нема ни 1KW моќ на греење,односно искача дека просторот можеш да го згрееш на 22°C со обичен фен :)
Нелогичен е резултатот односно гарантирано има нешто неточно во твоето тврдење, односно или негрееш 24/24 или имаш предобра изолација.
Без надворешна изолација на -15 би требало да ти искочи пумпа од барем 2KW при што таа би трошела нели со COP 3 околу 1Kw струја за тој простор, а вака со 0,67 и i COP 3 му доаѓа дека пумпава не би ни работела кога е надвор -15 :)
 
7.45KW/(22°C - 5°C)=7,45/17=0.438kw дневни губитоци po °C
0.438/24h=0,0182kw губитоци на саат
погрешно -
потрошената струја се мери во KWh ( значи 7,45 KWh потрошена енергија за едно деноноќие ) Тоа е дневна потрошувачка. За еден саат ќе потроши 24 пати помалку
Моќност се мери во KW.
Понатаму пресметката не е јасно што сакаш да пресметаш?
Инаку 7,45 KWh потрошена струја за една клима, за еден ден не е претерано малку е нешто под просечно - просек е 8 до 12
 
А што не е јасно, има линк до српскиот форум прочитај таму ако тука не е јасно.
Пресметкава се прави за кога некој што се грее на котле на струја и сака да се префрли на топлинска пумпа воздух-вода или воздух-воздух да се одреди со колкава моќност треба да е пумпата. Димензионирање на пумпа просто кажано, кое па има финансиски апсект во смисол 12Kw i 8 KW пумпа воздух-вода може да се и 1000евра разлика во цена како почетна ивестиција. Пошто реално секоја фирма ке ти нуди појака пумпа за да ти продаде поскап уред (пример 12KW а тебе пример и 8ка ти е доволна) но од друга страна пак појаката пумпа и повеке ке троши заради разликата во минималната потрошувачка која секогаш е поголема кај помоќната пумпа и фактичи може да се дојде до ситуација да ем скапо ја платиш пумпата ем после голема сметка за струја.
За другово околу пресметката све ти е напишано само не си прочитал, има и дневна и за 24часа. Да не пастирам види го линкот од српскиот форум.
 
Мене не ми треба да гледам, јас знам да пресметувам. Зарем не читаш Математичка мистерија. Ова задача е со просто правило тројно и многу пати сум ја решавал Само кажи што сакаш да пресметам
Ако те разбрав ти сакаш да пресметаш: ако на + 5 степени троши 7,45 KWh струја за еден ден. Колку ќе потроши ако е надвор минус - 15
Тоа се пресметува вака:
7,45 * ( 22 - ( - 15)) : ( 22 - 5 ) = 16,21 KWh
 
..не ги утепуј децава у поим диносаурусу.., немаат кај да научат..нити реално...кој да ги научи, таму каде учат останата е само амбалажата , содржината одамна ја нема........, а се тоа сега се вика напредно образование..
 
Мене не ми треба да гледам, јас знам да пресметувам. Зарем не читаш Математичка мистерија. Ова задача е со просто правило тројно и многу пати сум ја решавал Само кажи што сакаш да пресметам
Ако те разбрав ти сакаш да пресметаш: ако на + 5 степени троши 7,45 KWh струја за еден ден. Колку ќе потроши ако е надвор минус - 15
Тоа се пресметува вака:
7,45 * ( 22 - ( - 15)) : ( 22 - 5 ) = 16,21 KWh
Не ми треба тоа аман зашто не читате, не ми треба потрошувачката.
Од потрошувачката пресметуваме потребна моќност на пумпа која би се земала во иднина.
Пресметај ми дали ако сега се греам на електрично котле од 18KW (кое не троши 18KW цело време) а сакам да земем пумпа воздух-вода дали треба и пумпата да е со моќност од 18KW или доволна ке биде пример пумпа со максимална моќ од 10KW на +5 и 7KW на -10.
А пак се тоа го барам у контекст на податоците на цивиком за потрошувачката на сузумито, според неговата потрошувачка кај него е доволна (како што прочита од мојата пресметка) пумпа од 0,3KW за да топли и на -15 простор од 25м2 или пута 3 би му дошло цел стан од 75м2 ке го грее ни со 1,5KW пумпа.
Оваа математика ти ја бива ли 75м2 грее со пола калорфер и седи по кратки ракави?
 
Веднаш ќе направи пресметка:
Топлината која е потребна за затоплување не зависи од начинот на затоплување. Исто количество топлина ќе потрошиш ако се грееш на било кој начин.
Тој се грее со клима и сега троши 7,45 KWh за едно деноноќие односно 7,45 KWh/24 = 0,310 KWh за еден час. Климата дава три пати повеќе топлина од колку што троши струја, значи ако се грее со обична греалка за еден час ке потроши 0,310 KWh *3 = 0,930 KWh. Значи ако се грее со греалка, потребна му е греалка со моќност 1,5 KW ( моќноста се зема 50% поголема за да има резерва за поладните денови ) и дневно ќе потроши 0,930 KWh * 24 = 22,32 KWh. А месечна сметка ќе му биде 22,32 KWh * 30 дена * 6,37 денари за еден KWh = 4265 денари.
Ако пак се грее на дрва, нему му е потребно месечно топлина од 22,32 KWh * 30 дена = 669,6 KWh. Од дрвото во обичните печки се искоритува само 30% инаку еден кубик дрво има 2500 KWh . Еве колку кубици дрва ќе му бидат потребни месечно:
669,6 KWh : ( 0,30 * 2500 ) = 0,893 кубици бука
За дрвото ќе плати 0,893 кубици бука * 2700 денари = 2410 денари
А сега со кристење на клима плаќа 7,45 * 30 дена * 6,37 денари = 1423 денари
И тоа е тоа...
 
Дечки дали е ова ракетната печка во варијанта или навистина измислил нешто ново :)?

http://web-tribune.com/drustvo/pirocanac-izumeo-pec-koja-stedi-do-50-odsto-ogreva
Ја открил Америка.
Принципот нема врска со ракетни печки и подетално е објаснет овде.
Веќе неколку години како ми е вака преправен каминот и можам да речам дека сега засега не ни помислувам да се префрлам на друг начин на греење.
 
Trenk.png

Најдов дуќан кај што може да се купи печка тип Тренк, производство Пламен - Хрватска по цена од 15 000 денари
Што мислите за оваа печка ?
http://www.plamen.hr/Proizvod.aspx?ProdID=46[DOUBLEPOST=1393519612][/DOUBLEPOST]
Прегледај го приврзокот 85308 Прегледај го приврзокот 85306 Прегледај го приврзокот 85307 Прегледај го приврзокот 85305
Eve slikovito da vidite kolku mi potroshi Suzumito za poslednive dva meseca non stop uklucena 24 casa a zagrevam 25 m2 povrshina bez nadvoreshna izolacija vo kukja
samo 447 kw ;)
Те молам за информација кај си го набавил овој струјомер, колку си го платил и дали струјомерот може да мери реактивна струја и соѕФ
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom