Алтернативни горива за загревање

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
18.501
Поени од реакции
22.538
еве како што ветив слики.
прво и основно принципот на секундарното согорување

тоа што го гледате од задната страна на каминот( десно) е секундарниот воздух, кој пред да влези во комората одгоре се предзагрева од самиот оган. ако тој е ладен нема да дојди до секундарно палење.
од предна страна ви е примарниот воздух( долу лево).
како што се гледа на сликата чадот директно се меша со загреан секундарен воздух кој не го потрошил кислородот како примарниот, и доаѓа до палење на истиот и ослободување на дополнително количество на топлина. инаку чадот само ке заминеше низ оџакот и евентулано ке се налепеше на него и порано или покасно ке го затнеше. со самото палење на истиот уште повеќе се загрева секундарниот воздух, уште повеќе се загрева комората и доаѓа до многу добро и целосно соговрување на горивото, кое резулира со повеќе топлина, чисто стакло и шамотни тули, почист оџак и помалце пепел.
кај мене е изведено вака.

како што се гледа на сликата лево и десно се шамотните тули( кои се со жолтеникава боја поради чистото согорување и не се црни и налепени со гареж), а најназад тие се извадени и на нивно место е направен воздушен џеб од лим со дебелина од 5 мм, за да има каде да помини секундарниот воздух и при тоа да се загрее пред да влези горе над горилникот.џебот е направен така да швајцовав рамка од цевки и на нив ги заштрафиф плочите. и го наместив на местото каде што беа тулите.тие се со дебелина од 3 цм, така да цевките и плочите да не ви ја надминваат таа дебелина. сето тоа го направив да дихтува со стаклена плетенка и го заштрафив за самиот камин. многу е битно тука да не ви бега воздухот, затоа обрнете внимание добро да го задихтовате. исто така тука се ствараат големи топлини така да обрнете и на тоа внимание. ако ставите послаби плочи или се обидете да го задихтувате со некаков кит, по некое време плочите ке се извиткаат а китот ке падни и ништо не сте направиле.
плочата која се гледа горе го носи жешкиот воздух точно над пламенот. и таа е шуплива, а воздухот го зема од отвор кој е направен на плочите претходно( на сликата не се гледа ама таму е;)). и да заборавив потребно е да му отворите посебен отвор на каминот одзади преку кој би влегувал секундарниот воздуџ и по можност тој да се регулира со некоја клапна за да можете да го доведете до оптимално ниво. ако е малце нема да има целосно соговрување, ако е многу нема да биди доволно загреан за да дојди до палење. е тука малце ке си експериментирате.

ова е плочата над горилникот од каде секундарниот воздух излегува точно над огнот. како што се забележува е избушена за да има воздухот од каде да излези.

овде од друг агол за да имате претстава како изгледа.

слика поблиску до задните плочи и спојот со горната плоча. тоа што се гледа белото помечу спојот на горната плоча и задните плочи е стаклена плетенка за дихтовање.тука се наоѓа и отворот за воздух преку кој тој поминува од задните во горната плоча.

палење на каминот. тоа лево се кесите со талаш, за да имте претстава како изгледаат а и целосна слика на каминот( тука си се фалам со каминот :))

и на крај ако е се во ред ке го добиете ова. секундарно согорување. забележувате дека отворите за примарниот воздух се скоро затворени, а внатре има голем пламен. е тоа чадот гори кој инаку ке заминеше низ оџак , а во меѓувреме ке исцренеше се внатре вклучувајки го и стаклото.
уххх ми се смачи.
ај приквечер ке ставам уште некоја слика како гори со талаш и ако најдам и со бор.да видите смолата како гори и како ја витка горната плоча на каминот од жештина.
 
concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Би можел ли да дадеш совет која би било добра замена за рустикот. Или кога би купувал ти, што би одбрал.
--- надополнето: 22 јануари 2012 во 14:44 ---
Ах, уште едно прашање до мкд владе. Овие брикетите што ги продават дали може да ги користам за греење во мојот случај? Тука во Кочани се по 10 денари за 1кг. Некои викат дека демек не биле добри за печките, други обратно, што е вистината?
.......мои 2 дени*..:) .......... пред да го продадеш види дали можеш да го реконструираш.
Заптивањето се решава на десет начина,( има силиконска паста за повишена температура+ некој шнур), а за второто горење тоест afterburner-от ти треба доведување на нов воздух, кој ќе го догори несогорениот гас ( CO2+прашина на дрвен јаглен+пареа пред оџакот низ кој сега си оди во атмосфера несогорен....(пред..не во оџакот) За тоа треба можеби една железна преграда и не многу друго што....., но ова само како совет...
*денарот има 100 дени ;)
--- надополнето: 22 јануари 2012 во 15:50 ---
Занимливо она со стеблата од пченка,само не верувам дека во близина может да се најдат доволно. Инаку ако се здробат и компримираат уште повеќе би се згуснала енергијата која ја содржат по волумен.Кај нас неколку проека за добивање на горивна маса со дробење и компримирање на прачките од лозниците не успааја заради завист...базичната карактеристика на овој народец.
 
јас имам камин од складова техника ( бугарски ) и спрема перформанси е каде каде дури и без преправки подобар од рустикот. во било кој поглед. останато е од старите дека каминот мора гусен да биди. да ама тогаш дрвата беа ефтини сега не се. едноставно рустикот троши многу и ефикасноста не му е баш нај нај. ама ете името му остана. демек гусен , српски ова она. врска каминот нема. истиот проблем го имаат сите гусени камини. со текот на времето им паѓа китот со кој се задихтовани и неубаво согоруваат. неможеш да го регулираш горењето, троши како будала, а единствена предност што ја спомнуваат е дека држел топло. голема работа. тој држи топло ама колку време му треба да се загрее ако земиш така. башка што е тежок еден тон. а и кога ке потрошам 10 кубици дрва уште и да не држи топло и толку.
исто веќе ако земате гусени земете од славонска пожега амити. измислен е спрема рустикот. има нов тип и стар тип.
за брикетите не гледам зошто да не ги гориш. тоа е пресован талаш. калоричната вредност им е три пати поголема од дрвото. или по наши кажано еден тон брикети заменува три тони дрва. но тоа не значи дека ке траат колку три кубици дрва туку ке испуштат топлина колку три тони дрва, а ке ги изгориш посебно во твојот камин побрзо и од еден кубик. така да незнам колку ти е исплатливо ,инаку нема никакви проблеми. ништо не можеш да му направиш на каминот мислам да го оштетиш или така нешто.
--- надополнето: 22 јануари 2012 во 19:24 ---
.......мои 2 дени*..:) .......... пред да го продадеш види дали можеш да го реконструираш.
Заптивањето се решава на десет начина,( има силиконска паста за повишена температура+ некој шнур), а за второто горење тоест afterburner-от ти треба доведување на нов воздух, кој ќе го догори несогорениот гас ( CO2+прашина на дрвен јаглен+пареа пред оџакот низ кој сега си оди во атмосфера несогорен....(пред..не во оџакот) За тоа треба можеби една железна преграда и не многу друго што....., но ова само како совет...
*денарот има 100 дени ;)
--- надополнето: 22 јануари 2012 во 15:50 ---
Занимливо она со стеблата од пченка,само не верувам дека во близина может да се најдат доволно. Инаку ако се здробат и компримираат уште повеќе би се згуснала енергијата која ја содржат по волумен.Кај нас неколку проека за добивање на горивна маса со дробење и компримирање на прачките од лозниците не успааја заради завист...базичната карактеристика на овој народец.
за да го освежи можеби и можи. ама дека може да го преправи за да има секундарно согорување не сум баш толку сигурен.
едноставно конструкцијата не му е таква, башка да го спомениме дека не дихтува скоро од никаде. а ако не дихтува никогаш нема да го натераш водухот да оди по неприроден пат. жешкиот воздух да оди надолу. секогаш ке си влези од каде што му е најлесно. мислам дека не вреди да се мачи. и не е така баш едноставно. јас првиот пат пробав со послаб лим( 3мм) и со тој кит за 1200 степени. да не споменувам дека челичните камини се заварени не тушат од никаде, што значи од старт го немав тој проблем. по две недели китот падна од топлината, плочите се извиткаја и едноставно престана да функционира. поучен од тоа следната година наместо кит , каде што можев заварив, каде што неможев ставив стаклена плетенка, и лим 5 мм. ете веќе неколку години нема проблеми никакви.
гасот не е co2 туку јаглерод моноксид плус таму еден куп соединенија кои им се потребни малце поинакви услови за да согорат. дека на изглед е просто не значи дека и е. има тука хемија физика и еден куп работи. ама еднаш кога знаеш дека функционира и ке го запазиш принципот мора да проработи порано или покасно.
и најбитна работа е и оџакот. ако тој не чини најубавиот камин имајго џабе е. си има таму на нет пресметки за оџаци, висина, ширина, провев и уште еден мал милион работи. многу е погрешно мислењето дека поширок оџак влече подобро. тоа нема врска со реалноста. на оџакот му оптимално да биде широк само 15 % повеќе од испустот на каминот, а ке работи сосем добро и со ширина колку што е излезот на каминот. кај нас тоа е 12 сантими. но никако не смее да биде поширок од 3 пати по излезот на каминот. кај нас тоа е 36 сантими. оџакот влечи од што е жежок а не од што е широк. а и висината треба да биде запазена за да створи доволно вакум за да повлечи а таа мислам дека беше не помалце од 4 метри од излезот од каминот до врвот на оџакот. друга битна работа е и колу излегува над покривот и колку е оддалечен од српот или други објекти.

во фити е ама три фити едно метро е отприлика
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
18.501
Поени од реакции
22.538
еве слики и од талашот и подолу со бор.

само што ги кладов две бомбици.

тука веќе се распалија и се има уклучено секундарното согорување.

забележувате како се има свиткано горната плоча од каминот. од мака се витка :).

температурата во собата. за сипајнци вадење.

дојде време и за борот. како што се забележува стаклото е чисто и нема никаков гареж.

смолата си согорува баш онаму каде што треба наместо да се лепи на оџакот.

тука веќе морав да го стишам малце пошто не се седеше во собата повеќе. сепак стаклото остана чисто и има контролирано и чисто согорување и тоа со црн бор полн со смола.
 
concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
мкд владе..., а да пробаш да измериш температура на гасови на едно метро од излезот од печкава..., би бил интерсен податок....
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
18.501
Поени од реакции
22.538
немам термометар што мери толку висока температура.
а и мислиш да измерам гасови или боријата ( ќумкот)??
додуша незнам што ке ви е таа температура, ама поприлично е висока чим го витка лимот од каминот, а тој доаѓа трет по ред. не е изложен директно на оган, пред него има уште два.
ако имате некоја идеја како да измерам кажете.

п.с само владе ке биди доволно, тоа мкд се подразбира
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
--- надополнето: 22 јануари 2012 во 14:44 ---
Тука во Кочани се по 10 денари за 1кг.
Долната топлотна моќ на дрвените бикети не е значајно поголема од топлотната моќ на огревното дрво и зависи од кое дрво се направени. За тоа податоци најдов на оваа интернет страница:http://www.ogrjev.hr/drveni_briket.html
За брикети од бука таа изнесува 4, 94 KWh/kg
Билети од бор, елка, смрека изнесува 4, 78 KWh/kg
Брикети од други меки и тврди листипадни дрва 4, 67 KWh/kg
Споредете го ова со податоците за буково и дабово дрво што ги ставив на постот на страна 3. Единствено што брикетите доаѓаат суви, а огревното дрво може да дојде и не убаво исушено. Затоа добрите домаќини секогаш купуваат и складираат на суво, огревно дрво барем една година пред да го изгорат. Така да цената од 10 денари за килограм брикети е превисока.
--- надополнето: 23 јануари 2012 во 08:30 ---
немам термометар што мери толку висока температура.
ако имате некоја идеја како да измерам кажете.
Температурата на излезните гасови во ќунците кон оџакот е многу битна за степенот на корисно дејство. Ако е таа висока треба да се зголеми огревната површината на лимените ќунци, на пример со вметнување лимен изменувач ( чини околу 1500 денари ). За мерење има решение
Со некои унимер инструменти (на пазар чинат неколку стотки ) се продава и термоотпорен електроелемент кој се користи за мерење на температири во рерни, а овде ќе го искористиме за наша потреба.
--- надополнето: 23 јануари 2012 во 08:43 ---
.......мои 2 дени*..:) .......... пред да го продадеш види дали можеш да го реконструираш.

--- надополнето: 22 јануари 2012 во 15:50 ---
Занимливо она со стеблата од пченка,само не верувам дека во близина может да се најдат доволно. .
На гусаниот камин можат да се дупнат дупки на кој со шрафови ќе се зашрафат челични парчиња, да на нив да се завари некојамодерназација коко оваа на мкд владе.
А за стеблата од пченка, треба некој да проба и не извести. Од нивите каде што се добива пченка, се добива 47% пченка, а 53% суви стебла од пченка. Нешто од овие стебла се користи како простирка или сточна храна, нешто се заорува но има дел што може да се искористи за горење.
--- надополнето: 23 јануари 2012 во 08:45 ---
Во дискусија што се разви меѓу мкд владе, concrete, zoki 77 сите добивме корисни совети. Браво...
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
18.501
Поени од реакции
22.538
јас ги знам во килограм џул калории вредностите.
дрвото даб има 900, буката 960 мислам.
лигнит околу 1500
брикети над 3000( зависи од квалитетот)
камен јаглен 4500
кокс 9000
овие се по сеќавање ама тука се некаде, ми е мака да барам..
за гусениот камин, ако не сте знаеле гусот има тенденција да пука, така да дупчење штрафење такви работи тешко, оти после тешко скоро и да не можеш да го завариш.
за разменувачот на топлина на бориите, имав и го извадив.
многу му ја попречува работата на каминот, тежок е за чистење, го лади оџакот ( нели пожежок оџак подобро влечи), и сума сумарум повеќе беља прај отколку корист. не ке можеш дрво да ставиш во каминот од што ке враќа. а и поновите модели на камини се така направени да и не им треба разменувач на топлина, си зрачат доволно и самите. така да баталите тоа, освем ако не сакате секоја година да фарбате, и на секој месец да чистите бории и оџак.
за температурата ке ви измерам и ке ви кажам, ама не на гасовите туку колку е жешка боријата.
за пченката незнам, не сум се занимавал со пољоделство:).
п.с дискусијата се разви ама некако многу теоретски без практични изведби или идеи, скраја да е слики или шеми.
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
18.501
Поени од реакции
22.538
еве ги температурите при нормална работа на каминот.

оваа е на самиот излез од каминот.

на едно метро.

најгоре пред да влези во оџакот.
ја мерев температурата на ќумците, не на гасовите.
се надевам дека ке ви користат овие информации.
 
Член од
8 ноември 2008
Мислења
2.172
Поени од реакции
1.265
А зошто да не се искористи енергијата која ја има насекаде околу нас? Целиот универзум е огномет од енергии. Всушност, материја и не постои како таква, но тоа е друга тема... Претпоставувам дека на форумов има и инжењери. Па нека осмислат еден кондензатор (нека ја пуштат фантазијата на слобода па колку и да се смешни предлозите - вистинските пронајдоци секогаш во почетокот биле исмевани) кој што ќе ја кондензира енергијата што е насекаде околу нас и ќе ја трансформира во искористлив вид на енергија (нели, енергијата ни се создава ни се губи, само преминува од еден вид во друг). На сличен начин работи и ласерот кој ја кондензира светлосната енергија во еден тенок сноп. Тоа помалку личи на Перпетум Мобиле, но сепак мислам дека не е неможно. Пред извесно време читав во списание за полнач на батерии од мобилни телефони и лаптопи кој енергијата ја добива од зрачењето на антените од мобилните оператори, Радио и ТВ предавателите, мобилниот интернет и сл. Таа енергија тој полнач едноставно ја трансформира во електрична енергија со што ја полни батеријата.
Друг пример за кој имам исто така читано е за еден инжињер пронаоѓач, мислам дека беше англичанец, а и името му го заборавив. Некаде после втората светска војна, педесеттите години изумил таков генератор за кој ви пишувам на почетокот и го патентирал. После почетниот импулс на енергија за стартување самиот генератор работел така речено “на ништо“. Неговиот изум ќе направел вистинска револуција во цело општество поради достапноста на сите до бесплатна енергија. Но, тоа “бесплатна“ било и причината за тој да трпи невиден притисок (претпоставувате од кого) за на крај неговиот изум да не заживее во пракса. Но затоа пак живеел изумителот ;), мислам дека на некој селски имот во Шкотска (не сум сигурен за локацијата, не паметам), а можеби да е сеуште жив.
Затоа, дајте идеи за таков изум, па макар и за домашна употреба.

П.С. Ќе заборавев. Последен таков изум или “гаџет“ е маица која се носи на концерт или диско и која звучните вибрации од разгласот ги претвора во ел. енергија за полнење на мобилни телефони. Единствен предуслов е да не бидеш далеку од звучниците. Можете да замислите колку енергија ќе собереш на една свадба ако добиеш маса до музиката :).
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
18.501
Поени од реакции
22.538
во ред темата не е алтернативни извори на енергија отсек научна фантастика, туку
алтернативни горива за загревање отсек реалност.
значи иако имате нешто реално видено или направено или некоја идеја која можи реално да се искористи ок, се друго е за во други теми.
овде не мислиме како светот да го направиме побогат и почист туку како да ги намалиме трошоците за огрев и тие пари во лето да ги искористиме да се излежаваме на некоја плажа:).
екологијата моментално како што кажав и погоре ми е последна грижа во моментот, спасувањето на планетата не ми е ни на список.
толку кратко и јасно.
така да пак ке повторам ако имате нешто направено, видено и можете да го опишете или идеја која ете има некаква логика со која можеме поевтино да ја поминеме зимата во ред, приложете, се друго само ја разводенува темата.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
А зошто да не се искористи енергијата која ја има насекаде околу нас? Целиот универзум е огномет од енергии. Всушност, материја и не постои како таква, но тоа е друга тема... Претпоставувам дека на форумов има и инжењери. Па нека осмислат еден кондензатор (нека ја пуштат фантазијата на слобода па колку и да се смешни предлозите - вистинските пронајдоци секогаш во почетокот биле исмевани) кој што ќе ја кондензира енергијата што е насекаде околу нас и ќе ја трансформира во искористлив вид на енергија (нели, енергијата ни се создава ни се губи, само преминува од еден вид во друг).
Постоењето на ваков „ кондензатор “е неможно поради Вториот принцип на термодинамиката кој вели дека процесите се одвиваат во правец на зголемување на ентропијата. Ова со прости зборови се вели - топлината секогаш преоѓа, од потоплото кон поладното тело.
Вистина е дека секде околу нас има енергија, но таа енергија е на ниско температурно ниво. За да се искористи оваа енергија, потребна е топлотна пумпа, каде со вложување на механичка работа, енергијата на околината се префрла на повисоко температурно ниво. Топлотна пумпа е секој клима уред. Затоа сите кои користат клима уреди за загревање имаат барем двапати помали сметки за струја, од оние кои користат, греалки, конвектори, топли подови и разни други слични уреди.
Ова страница од Форумот ја започна kano-eco-systemi, мкд владе и други, а кон неа се придружија и други ентузијасти со цел да ја популаризираме и прошириме употребата на алтернативни горива за загревање.
Кај нас вообичаено е традиционалното загревање со согорување на огревно дрво. Меѓутоа постојат и други горива кои можат да се искористат, кои се значајно поефтини или се бесплатни бидејќи представуваат одпадок. На сите ќе ни биде од корист ако се согледа што се може да се користи како гориво за загревање, кои се начините на согорување на такво гориво и споредување на цените на горивото.
Инаку твојот пост плени со својата топлина, затоа едно големо - ми се допаѓа.
 
concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
А зошто да не се искористи енергијата која ја има насекаде околу нас? Целиот универзум е огномет од енергии. Всушност, материја и не постои како таква, но тоа е друга тема... Претпоставувам дека на форумов има и инжењери. Па нека осмислат еден кондензатор (нека ја пуштат фантазијата на слобода па колку и да се смешни предлозите - вистинските пронајдоци секогаш во почетокот биле исмевани) кој што ќе ја кондензира енергијата што е насекаде околу нас и ќе ја трансформира во искористлив вид на енергија (нели, енергијата ни се создава ни се губи, само преминува од еден вид во друг). На сличен начин работи и ласерот кој ја кондензира светлосната енергија во еден тенок сноп. Тоа помалку личи на Перпетум Мобиле, но сепак мислам дека не е неможно. Пред извесно време читав во списание за полнач на батерии од мобилни телефони и лаптопи кој енергијата ја добива од зрачењето на антените од мобилните оператори, Радио и ТВ предавателите, мобилниот интернет и сл. Таа енергија тој полнач едноставно ја трансформира во електрична енергија со што ја полни батеријата.
Друг пример за кој имам исто така читано е за еден инжињер пронаоѓач, мислам дека беше англичанец, а и името му го заборавив. Некаде после втората светска војна, педесеттите години изумил таков генератор за кој ви пишувам на почетокот и го патентирал. После почетниот импулс на енергија за стартување самиот генератор работел така речено “на ништо“. Неговиот изум ќе направел вистинска револуција во цело општество поради достапноста на сите до бесплатна енергија. Но, тоа “бесплатна“ било и причината за тој да трпи невиден притисок (претпоставувате од кого) за на крај неговиот изум да не заживее во пракса. Но затоа пак живеел изумителот ;), мислам дека на некој селски имот во Шкотска (не сум сигурен за локацијата, не паметам), а можеби да е сеуште жив.
Затоа, дајте идеи за таков изум, па макар и за домашна употреба.

П.С. Ќе заборавев. Последен таков изум или “гаџет“ е маица која се носи на концерт или диско и која звучните вибрации од разгласот ги претвора во ел. енергија за полнење на мобилни телефони. Единствен предуслов е да не бидеш далеку од звучниците. Можете да замислите колку енергија ќе собереш на една свадба ако добиеш маса до музиката :).
си чул за Бил Гејтс???? Е тој ќе ти биде батлер , ако смислиш таков "кондензатор"...реално употреблив;)
 
Член од
8 ноември 2008
Мислења
2.172
Поени од реакции
1.265
Постоењето на ваков „ кондензатор “е неможно поради Вториот принцип на термодинамиката кој вели дека процесите се одвиваат во правец на зголемување на ентропијата. Ова со прости зборови се вели - топлината секогаш преоѓа, од потоплото кон поладното тело.
Вистина е дека секде околу нас има енергија, но таа енергија е на ниско температурно ниво. За да се искористи оваа енергија, потребна е топлотна пумпа, каде со вложување на механичка работа, енергијата на околината се префрла на повисоко температурно ниво. Топлотна пумпа е секој клима уред. Затоа сите кои користат клима уреди за загревање имаат барем двапати помали сметки за струја, од оние кои користат, греалки, конвектори, топли подови и разни други слични уреди.
Ова страница од Форумот ја започна kano-eco-systemi, мкд владе и други, а кон неа се придружија и други ентузијасти со цел да ја популаризираме и прошириме употребата на алтернативни горива за загревање.
Кај нас вообичаено е традиционалното загревање со согорување на огревно дрво. Меѓутоа постојат и други горива кои можат да се искористат, кои се значајно поефтини или се бесплатни бидејќи представуваат одпадок. На сите ќе ни биде од корист ако се согледа што се може да се користи како гориво за загревање, кои се начините на согорување на такво гориво и споредување на цените на горивото.
Инаку твојот пост плени со својата топлина, затоа едно големо - ми се допаѓа.
Не мислев на топлинската енергија, туку воопшто, на сета енергија (материјата е само енергија на пониско енергетско ниво - и да не е така, ако се земе во предвид еден атом, односот на “материјалните“ честички во него према “празниот“ простор, кој и не е празен туку е исполнет со сили, односно енергија, е зачудувачки голем).
Во суштина ние не ја користиме енергијата директно, туку “складирана“ во “акумулатори“ (дрва, јаглен, потенцијална енергија на вода, ветерот, класични акумулатори, батерии и т.н.) и само ја претвораме таа енергија која понекогаш е складирана со години (дрвата на пример) во поинаков вид (ја ослободуваме) кој можеме да го искористиме. Природата одамна направила кондензатори за какви што говорам (јас ги именував кондензатори) - таков пример се дрвата, минералните масла (нафта), радиактивните елементи и сл. Зошто не би можел човекот повторно да ја имитира природата и да создаде слично нешто, или енергијата да ја користи директно од изворот? (сега веќе звучам како Јода :)).
П.С. Наместо кеси за пилевината може да се користат (поефикасно согорува пилевината) тетра пакувања од млеко, јогурт, сокови (се отвораат одгоре или се пресекува горниот дел, се полнат со пилевина и се затвораат со парче хартија или весник, за да не се растура предвреме), а и наместо да се купуват книжни кеси можат да се користат оние книжни кеси од леб - не мора се баш да заврши во канта.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom