Најекономично греење и ладење

  • Креатор на темата Креатор на темата Dr Zmigo
  • Време на започнување Време на започнување
Спомнував на темава нешто за греење на гас во Струмица.
Конечно добив опипливо нешто.
Претходните пресметки се покажа дека не ми вредеа.
Пријател загрева куќа отприлика како мојата, малце постара од мојата, но со иста столарија и изолација, се грее на гас, настрана инвестицијата во котел за парното на гас и самиот приклучок, месечна сметка доаѓа од околу 20-22000 денари (декември и јануари).
Неисплатливо!
Во мојот случај и за наредната сезона останувам на дрва. Цела сезона ми е околу 50000 денари (20 кубика дрва)
За гасот за затоплување знаев дека вака ќе се заврши ( не се сеќавам дали те предупредив но знаев ) На гас практично никој не се затоплува ниту во Италија, и во други земји. Гас, за дома, се исплати единствено за готвење. А тоа што зборат политичариве - гомнојадци се глупости. Да знаеа не ќе беа политичари
Но твојава потрошувачка од 20 кубици дрво ми се чини преголема
Проанализирај го начинот на ложење.
Те молам простудирај колку пати го ложиш котелот во едно деноќие.
Простудирај, како согорува дрвото - треба да согорува со свеетол пламен - чадот треба да е бел
Вложи малку труд и заинтрерсирај се, консултирај се со некој од Струмица кој има исто систем. Ќе ти се исплати трудот
 
Колкава куќа? Извини ама ме мрзи да барам уназад
околу 220 квадрати[DOUBLEPOST=1393016492][/DOUBLEPOST]
За гасот за затоплување знаев дека вака ќе се заврши ( не се сеќавам дали те предупредив но знаев ) На гас практично никој не се затоплува ниту во Италија, и во други земји. Гас, за дома, се исплати единствено за готвење. А тоа што зборат политичариве - гомнојадци се глупости. Да знаеа не ќе беа политичари
Но твојава потрошувачка од 20 кубици дрво ми се чини преголема
Проанализирај го начинот на ложење.
Те молам простудирај колку пати го ложиш котелот во едно деноќие.
Простудирај, како согорува дрвото - треба да согорува со свеетол пламен - чадот треба да е бел
Вложи малку труд и заинтрерсирај се, консултирај се со некој од Струмица кој има исто систем. Ќе ти се исплати трудот
Толку е...
Лани поминав со 17, 17 ипол кубици, годинава докупив 18 за да си имам 20...
И кога монтираа мајсторите рекоа дека толку ќе троши.
Што е до мене - задоволен сум. Чадот е бел :)
 
За гасот за затоплување знаев дека вака ќе се заврши ( не се сеќавам дали те предупредив но знаев ) На гас практично никој не се затоплува ниту во Италија, и во други земји. Гас, за дома, се исплати единствено за готвење. А тоа што зборат политичариве - гомнојадци се глупости. Да знаеа не ќе беа политичари
Но твојава потрошувачка од 20 кубици дрво ми се чини преголема
Проанализирај го начинот на ложење.
Те молам простудирај колку пати го ложиш котелот во едно деноќие.
Простудирај, како согорува дрвото - треба да согорува со свеетол пламен - чадот треба да е бел
Вложи малку труд и заинтрерсирај се, консултирај се со некој од Струмица кој има исто систем. Ќе ти се исплати трудот
..политичар??? штом зине лаже, а кога лаже секогаш лаже за пари.., па памет у глава.
Инаку никогаш не ми била јасна логиката на компримирање на 300 бара, транспорт со камиони, декомпресија и терцијален развод до бренер да е ефтина, секојдневна аллтернатива на енергија. Дефинитивно......погрешниот пристап кон глобализацијата сватена како поле на културен (сиц) натпревар помеѓу силните предатори и нејаките, но во принцип самодоволни домородци ќе го растури светот и векот , што станува веќе и од ниска орбита видливо.... :)
 
Сакам да ставам дигитален собен термостат на моноблок котле (македонско е котлето, не знам бренд, 35х75см). мајсторите ми оставија кабел со 2 жици за термостат, а термостатот шо го земав има 3 конектори: NO, NC i COM. Ајде машинци и електричари: на кои конектори одат жициве? Дали жициве шо ми ги оставија за термостат се под напон? Ко ќе го монтирам термостатов да вадам осигурачи од табла или доволно е прекидачите на котлето да се исклучени? Фала кој ке се најде јунак или јунакиња да одговори :)
 
@Kaiser од сликата мене тоа ми изгледа како класична печка за дрва, ќумбе. Во текстот ништо не кажуваат за принципот на работа на печката, само дека има ефикасно согорување.

Одлика на ракентните печки е јака изолација на комората на горилникот, а на сликава се гледа само метална печка широка можеби пола метар. Ако човеков внатре правел нешто на принцип на ракетна печка, тогаш горилникот е прилично мал, не поголем од отворот што го гледаме на предната страна.
Прв важен момент во случајов е дека нема вертикално ложење на дрвата туку хоризонтално. Во тој случај последица е дека треба да ја ложи печката секои десетина минути, пошто дрвата во ракетните печки горат исклучително брзо (ако е вертикално ложењето, може да се ставаат долги дрва/гранки кои потоа гравитацијата ги движи надоле како што согоруваат).
Второ, никаде не спомнуваат термална акумулација, а токму тоа е круцијален дел од печка која дрвата ги согорува ефикасно но исклучително брзо.

Ракетна печка без термална акумулација донекаде губи смисла.
ОК освен можеби ако не се димензионира помала моќноста а и помала да е самата печка, за таквото максимално горење да одговара на енергетските потреби на просторијата. Но тоа ќе значи и постојано ложење дрва, додека во варијантата со термална акумулација се прави поголема печка која се ложи само неколку саати дневно (при што топлинската енергија се акумулира во термалната маса).
 
Да не си гледал на Нат.Гео Banged up abroad???
не не беше тој :S да не има некаде на нет тв распоред на дискавери така лесно ќе го најдам а емисијата се викаше Trouble in paradise
 
Последно уредено:
@Kaiser
На Јутуб најдов три прилога од истиот Пироќанец
Третиот прилог е за оваа печка на дрва, но нема ништо за самата печка, а првиот е дека пронашол уред кој штеди 50% гориво кај коли, а вториот, кој најмногу ни се допаѓа е песна - честитка за роденден
http://www.youtube.com/watch?v=fCtvEEghWgw
http://www.youtube.com/watch?v=46SmrxlxdA4
http://www.youtube.com/watch?v=FShkA7xJcYE
 
Прегледај го приврзокот 85308 Прегледај го приврзокот 85306 Прегледај го приврзокот 85307 Прегледај го приврзокот 85305
Eve slikovito da vidite kolku mi potroshi Suzumito za poslednive dva meseca non stop uklucena 24 casa a zagrevam 25 m2 povrshina bez nadvoreshna izolacija vo kukja
samo 447 kw ;)

Хмм ај малце математика околу ова, под претпоставка дека потрошеното се однесува за 30 дена уназад, дека стварно грееш нонстоп 24часа дневно и дека собната температура ти е 22Ц како што тоа го имаш изјавено тука.
На еден српски форум имаше опишан доста добар начин како да се пресмета големината на топлинска пумпа ако се знае потрошената дневна струја и надворешната/внатрешна температура.
Според тој начин на пресметка за кај тебе математиката испаѓа вака:

Значи од 25јан до 25феб за 30дена имaш потрошено 447/2=223,5KW
или дневна потрошувачка 223.5/30 = 7.45 KW
Просечна температура од 25јан до 25феб била 5 °C.

7.45KW/(22°C - 5°C)=7,45/17=0.438kw дневни губитоци po °C
0.438/24h=0,0182kw губитоци на саат

Да видиме каква ТП е потребна за да се згрее твојот "слабо" изолиран простор на -5, -10, и -15°C
а да е притоа 22°C топло во просторот.

0,0182*(22 - (-5))=0,0182*27=0,491kw
0,0182*(22 - (-10))=0,0182*32=0,58kw
0,0182*(22 - (-15))=0,0182*37=0,67kw

или на +5°C
0,0182*(22-(5))=0,0182*17=0,309Kw

Искача дека за твоите 25м2 ти треба ТП која нема ни 1KW моќ на греење,односно искача дека просторот можеш да го згрееш на 22°C со обичен фен :)
Нелогичен е резултатот односно гарантирано има нешто неточно во твоето тврдење, односно или негрееш 24/24 или имаш предобра изолација.
Без надворешна изолација на -15 би требало да ти искочи пумпа од барем 2KW при што таа би трошела нели со COP 3 околу 1Kw струја за тој простор, а вака со 0,67 и i COP 3 му доаѓа дека пумпава не би ни работела кога е надвор -15 :)
 
7.45KW/(22°C - 5°C)=7,45/17=0.438kw дневни губитоци po °C
0.438/24h=0,0182kw губитоци на саат
погрешно -
потрошената струја се мери во KWh ( значи 7,45 KWh потрошена енергија за едно деноноќие ) Тоа е дневна потрошувачка. За еден саат ќе потроши 24 пати помалку
Моќност се мери во KW.
Понатаму пресметката не е јасно што сакаш да пресметаш?
Инаку 7,45 KWh потрошена струја за една клима, за еден ден не е претерано малку е нешто под просечно - просек е 8 до 12
 
А што не е јасно, има линк до српскиот форум прочитај таму ако тука не е јасно.
Пресметкава се прави за кога некој што се грее на котле на струја и сака да се префрли на топлинска пумпа воздух-вода или воздух-воздух да се одреди со колкава моќност треба да е пумпата. Димензионирање на пумпа просто кажано, кое па има финансиски апсект во смисол 12Kw i 8 KW пумпа воздух-вода може да се и 1000евра разлика во цена како почетна ивестиција. Пошто реално секоја фирма ке ти нуди појака пумпа за да ти продаде поскап уред (пример 12KW а тебе пример и 8ка ти е доволна) но од друга страна пак појаката пумпа и повеке ке троши заради разликата во минималната потрошувачка која секогаш е поголема кај помоќната пумпа и фактичи може да се дојде до ситуација да ем скапо ја платиш пумпата ем после голема сметка за струја.
За другово околу пресметката све ти е напишано само не си прочитал, има и дневна и за 24часа. Да не пастирам види го линкот од српскиот форум.
 
Мене не ми треба да гледам, јас знам да пресметувам. Зарем не читаш Математичка мистерија. Ова задача е со просто правило тројно и многу пати сум ја решавал Само кажи што сакаш да пресметам
Ако те разбрав ти сакаш да пресметаш: ако на + 5 степени троши 7,45 KWh струја за еден ден. Колку ќе потроши ако е надвор минус - 15
Тоа се пресметува вака:
7,45 * ( 22 - ( - 15)) : ( 22 - 5 ) = 16,21 KWh
 
Back
На врв Bottom