Најекономично греење и ладење

  • Креатор на темата Креатор на темата Dr Zmigo
  • Време на започнување Време на започнување
Smrt za zoni i pajak voz-moze malku poveke da mi kazes, dnevnata e 20 m2, vkupno so se cela potrosuvacka mesecno kolku bi idela smetkata za struja i kakov model koristis ti

Јас имам три обични клими 3,5. Станот е 70 м2 - трособен, значи во секоја соба имам клима, а кујната се затоплува со „ со отворени врати “ или со инфра - греалка. Станот нема посебна изолација, дрвенаријата е стар се наоѓа на најгорен кат, под рамна тераса, нема заеднички ѕидови со соседите - што значи е максимално оптеретен
До летото 2012 односно пред регулаторна да ја укине дневната ефтина тарифа и со тоа ја поскапи струјата за 30% сите три клими работеа нон-стоп. Од тогаш, нон-стоп работат две клими, а третата ја вклучуваме по потреба. Демек „ штедиме “ не затоплувајќи една соба. Ова „ штедење “ ја намали потрошувачката на струја, во количина, за приближно 20%.
Значи во моментов затоплуваме околу 50 м2 нон-стоп со две клими.
Последна сметка од ЕВН е за периодот од 09. 11. до 11.12. 2013 и во тој период вкупно се потрошени 563 KWh по висока тарифа и 634 KWh по ниска тарифа за што е платено 5748 денари
Пред неа сметката е за период 10. 10 до 08. 11. 2013 кога се потрошени 303 KWh по висока тарфа и 421 KWh по ниска тарфа, за што е платено 3411 денари
Пред неа е сметката за период 11. 09. до 09. 10. 2013 кога е потрошено 245 KWh по висока тарифа и 378 KWh по ниска тарифа за што е платено, 2904 денари
А наполно летна сметка е пред неа за период 14.08 до 10.9 2013, кога се потрошени 300 KWh по висока тарифа и 305 KWh по ниска тарифа за што е платено 3031 денар
Ова година почнавме да затопливаме веднаш по први октомври кога нагло паднаа температурите

Но оваа потрошувачка се повторува и во претходната година
За период 09.11. до 10. 12 2012 потрошени се 580 KWh висока тарифа и 721 KWh ниска тарифа
за период 09. 10 до до 08. 11. 2012 потрошени се 304 KWh висока тарифа и 419 KWh

Да резимирам:
Ви сте набавиле клима со која можете да затоплувате многу повеќе од 20 м2. Вклучете ја и затоплувајте и поголем простор со отворени врати. Следниот месец точно ќе знаете колку климата троши. И таа потрошувачка секоја година ќе се повторува за соодветните месеци.
И не се грижете - Вие сте одбрале во моментов најекономично затоплување. Следна ефтина можност е огревно дрво, затоа следете ги и постовите околу затоплувањето со дрво
 
Ио полека се претвора во Полковникот Курц... Вот наскоро ќе му прати неколкумина на чело со Дрогирашот :D


ние само чекаме на повикот на вот :) спремни сме.
 
Ме интересира дали ако собната температура е да речеме 25 а инвертерот го ставам на 23 дали истиот ќе почне да дува ладен водух односно да лади.Во конкретен пример првично инвертерот беше ставен на 25 а подоцна кога го ставив на 22 као да почна да дува ладен воздух
 
По логика би рекол дека уредот не може да лади ако е ставен во мод на греење. Но обично продолжуваат да дуваат во некој минимален мод на работа, чисто за да го раздвижуваат топлиот воздух што природно се концентрира во горниот дел од собата (па од тоа доаѓа како да дуваат ладно). Ова зависи од уред до уред, некои не продолжуваат да дуваат кога е постигната температурата (но повеќето не престануваат).
 
Ме интересира дали ако собната температура е да речеме 25 а инвертерот го ставам на 23 дали истиот ќе почне да дува ладен водух односно да лади.Во конкретен пример првично инвертерот беше ставен на 25 а подоцна кога го ставив на 22 као да почна да дува ладен воздух
Ако е подесен на автоматика, ќе почне да лади. Ако е подесен на греење, ќе исклучи или минимално ќе дува.
 
Општа/филтер тема е ама ипак не претерувајте.

Го гледа ли некој fifth estate?

И да му е среќен роденденот на колегата Џими, здравје да го прати, љубов такоџе, среќа, и добри филмчиња за кусурот. :)
 
Не знам како сум го промашил ова....ваљда стримот кога ми цркна, тогаш било :)

no9_1389633062.gif
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom