Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Ја зимаш највисоката цена на пелети во Македонија од 260 денари. Зошто не ја земеш цената на големо која изнесува 190 денари па тогаш да ја направиш математиката ?
Среќа што го откри форумов, па сега те имаме тебе да не просветлиш и да не научиш...Не убедувам никој само кажав дека тука кај нас да имаш таков инвертер треба или да имаш вишок на пари или да сакаш да се чаламиш со климата видете ме што купив за 1000евра![]()
Лепи, а што *** бараш ти од Гевгелија на тема најекономично греење?













Во тој случај би требало да израчунаме и колку кошта сервис на горилникот, заради заглавени скаменети грутки смоли/лепаци/земја, што се последица од најевтините пелети. За да биде точна математиката.Ја зимаш највисоката цена на пелети во Македонија од 260 денари. Зошто не ја земеш цената на големо која изнесува 190 денари па тогаш да ја направиш математиката ?
Всушност во пракса е повеќе, добар пријател троши две вреќи и повеќе, особено кога е поладно.Декларираната минимална потрошувачка на печките на пелети е 0.6 до 0.8 кг на саат. 24 часа работа на минимални 0.6 е веќе 15кила, значи една вреќа. Значи не 190 туку 150 да ги земаш за вреќа, за 30 дена ќе истрошиш 4.500 ден, а со твојата цена 5.700. Треба да штедиш значи и да не грееш 24 часа како што напишав во погорниот пост за инвертерите.
Ја зимаш највисоката цена на пелети во Македонија од 260 денари. Зошто не ја земеш цената на големо која изнесува 190 денари па тогаш да ја направиш математиката ?
Да земеме како репер надворешна тем. од -2-3 до +5-6 ст. Во овие услови двете клими да работат 24 часа, солиден инвертер би требало да потроши максимум 10кв, а една он-оф како нео ќе истроши сигурно 20-25кв. Месечно разлика од минмум 300 до некаде 450 кв. Во пари од 2000 денари разлика па на горе. Ако инвертерот истроши 300кв. тоа се рачунато на скапа струја помалку од 2000 ден, значи многу помалку од еден кубик дрва, кои сигурно би ги потрошиле за еден месец во овие услови. Нео би истрошил 4000 ден. мин. и би се прашале дали е тоа економично.

Хммм немој да мислиш дека случајно се цените од 1000 евра и 250 евра и го плаќаш само брендот.
Како прво климата Нео што ја посочивме е обичен климатизер додека истата верзија Нео во инвертер варијанта е 400 евра што е во ценовна класа на Мидеа и Беко некаде.
Проблем со климата од 250 евра е што не верувам дека истата ќе работи ефективно на температури под нулата и ќе има поголема потрошувачка за разлика од инвертерот. Освен членот Смрт за паркинзи досега скоро никој нема искуство да претера цела зима со обични клими.
Ако ти служи за припомош на веќе грејно тело можеби таква инвестиција е океј барем за температури до нулата, но меѓутоа ако планираш да се грееш на клима тогаш мислам дека нема да бркаш работа освен ако не живееш во Гевгелија или Дојран.
Тоа е првичната причина зошто се купува инвертер клима, барем зошто јас ја купив.
Потоа иди потрошувачката и на крајот бучавоста. Плус да не се лажеме материјалите вградени во Нео се далеку понеквалитетни од материјалите вградени во Тошиба, затоа и векот на траеење ќе биди помал.
Треба да ги земеш сите фактори оа во обзир пред да се решиш како ќе инвестираш од причина што е долгорочно решение.
Инаку еве втора година по ред го користам овој модел на ЛЏ инвертер и засега сум презадоволен од потрошувачката. Најголема сметка за струја што ми дојде беше ланската во Јануари од 3300 ден, со оглед дека просечно плаќам околу 1000-1300 ден. за струја во лето во месеците кога не пуштам климатизер, значи дека климата ми потрошила околу 2000 ден. месечно максимум што е навистина супер потрошувачка според мене.
Да се разбереме дека оптимална температура во собата беше 21-23 степени.