- Член од
- 20 септември 2011
- Мислења
- 8.146
- Поени од реакции
- 8.544
Еве нешто ново:
Регулаторната комисија на својата интернет страница постави калкулатор со кој може да пресметате колку чини затоплувањето. Калкулаторот се наоѓа од десна страна горе
http://erc.org.mk/#
во објаснување зошто го направиле ова - регулаторите велат:
Целта на овој калкулатор е потрошувачите да можат со едноставно внесување на неколку параметри
да пресметаат колкави би биле нивните трошоци за електрична енергија, односно колку би плаќале за
услугите на топлификациониот систем во Скопје, за загревање на една иста грејна површина.
Регулаторната комисија за енергетика, преку изработката на овој калкулатор сака да ги поттикне
потрошувачите во насока на зголемување на интересот за планирање на потрошувачката на енергија,
како и да им помогне во нејзиното рационално користење.
„Калкулаторот ќе им помогне на граѓаните во навремено планирање и намалување на трошоците за
греење во зимскиот период кога тие се и најголеми, а истовремено на долг рок ќе придонесе да се
зголеми свесноста дека треба навремено и рационално да се носи одлуката за избор за загревање на
домовите на граѓаните. Секој потрошен киловат час електрична енергија со себе повлекува и одреден
финансиски трошок, а овој калкулатор приближно - најточно и навремено може да го пресмета истиот и
да помогне во носењето на клучната одлука за секое домаќинство“ – изјава на претседателот на РКЕ,
г. Димитар Петров.
Во однос на практичната примена на веб калкулаторот, она што е од значење за потрошувачите е да
знаат дека кај електричната енергија, при пресметката на трошокот, се внесува износот на потрошени
kWh кој што може да се види на задната страна од месечните фактури за електрична енергија, а за да
се добие подобра претстава за потрошените kWh за загревање, препорачливо е да се одбијат
просечните месечни KWh од летниот период.