- Член од
- 9 јануари 2006
- Мислења
- 5.671
- Поени од реакции
- 7.544
Извини ама јас сум скептик по ова прашање. Баш барав цени за хансол некаде кај го има и таа цена од 650 евра ја нема никаде. Грее има модели и модели кои драстично се разликуваат по карактеристика, а за наши услови да дадеш и 650 евра на нечиј збор дека тоа е тоа..... скептик сум.
Еве полски сајт
http://sklep.klimman.com.pl/klimatyzator-gree-gwh12tb-s3dna-hansol-inverter.html
http://sklep.klimman.com.pl/klimatyzator-gree-gwh12ub-k3dna-inverter.html
http://sklep.klimman.com.pl/klimatyzator-gree-gwh12kf-k3dna-change-inverter.html
првата е хансол и со конвектирање на валути 1злот=.0.2389 евра доаѓаме до цена од 890 евра, вториот модел не знам што е, а третиот е change кој значи кошта 630 евра
грција имаш http://www.skroutz.gr/s/1914819/Gree-Hansol-GRS-121-HI-JSH-N2.html кој се декларира како хансол но не со истите ознаки како што имаше дадено спецификации.
А тука може објективно да се видат сите модели и цените како се движат за целата понуда на грее
http://www.skroutz.gr/c/407/klimatistika/m/2448/Gree.html?order_dir=asc&page=1
Мене кога ми ја донеа климата проверував буква по буква од шифрата на надворешниот дел за да бидам сигурен дека е сузуми, а не авант кои беа ценовно многу блиски, а камоли за вакви разлики на моделите на грее каде hansol кошта 800 евра а change 530 евра во комшилукот.
Шо муабет праиш стварно не ми е јасно, фино ти е напишано колку коштаат тука (зашто и како е поефтино немам појма зашто немам ништо со фирмата) а ако сакаш да ги поскапат јави им се кажи им....едино ако ти се конкуренција со тошибите па ти сметаат...многу дилери се испрошетале на форумов и фаворизирале одредени клими ама не има и такви што читаме меѓу редови....пример неможам да не приметам дека Даикин како фирма лидер во климатизација (сите други копираат од Даикин) на форумов не се ни спомнал како опција и само Тошиба (едно време и Carier со моделот со димензии на фрижидер) се фаворизираат а пола Бугарија се греат на Даикин ама ни збор за нив.
Убаво е напишано дека климите ги има во Зорба и дека гаранцијата е на Зорба (за кои искрено незнам ни кај се наоѓаат) и тоа 3 години, и тое е што смета нели, ихааа има време буква по буква и компресорот да го исчиташ не па надворешната ...телефонот на човекот го напишав како препорака зашто е добар како монтер и ке си земе некој денар за монтажа....а ти ако сакаш нека ти монтираат другите "profesionalnite" тошиба, тие монтери што ти бушеле сигурно со дипломи и сертификати од наса се. Едноставно некои немаат пари за бренд клима и гледаат да поминат поевтино и пак да се греат квалитетно....а и да не се лажеме за 10години (ако издржат и толку) пак ке треба да се купи нова па и брендирана да е.
Инаку мислам дека периодов и не е за купување скапа клима, зашто еве даикин веке премина на R32 фреон за јапанскиот пазар, кој е многу поефикасен од 410, цела серија за 2013 им е на R32, ке фрчат други COPови за брзо и овде во европскиот дел и веке има модели на R32 за европскиот пазар (ок Даикин има, другите уште не ископирале), 410ката ке отиде многу брзо во заборав а нечии гаражи уште се полни со такви "јаки" клими на 410
