мкд владе
arch-enemy
- Член од
- 21 ноември 2009
- Мислења
- 20.009
- Поени од реакции
- 25.127
Како на пример околу 100 квадрата, на два спрата.
--- надополнето: 29 октомври 2013 во 01:28 ---
Каков е тој котел? Каде може да се набави? По која цена?
Па отприлика би ти требал камин со номинална моќност од околу 15 кв( не масимална) ама не ке направиш лошо да има и нешто повеќе. Значи збораме за камин со воден котел а не обичен камин. Истата математика е и за котел.
Разликата помеѓу котелот и каминот прво е во дизајнот, начинот на загревање и во моќноста. Котлите можат да имаат многу поголема моќност и затоа се користат за загревање на поголеми простори. Друга разлика е во начинот на загревање. Котелот скоро цела енергија ја предава на водата додека каминот обично 40 % зрачи во просторијата каде седи а 60% во водата. Затоа тој се става во собата каде ке престојувате за разлика од котелот кој може да биде поставен било каде. И котлите за разлика од камините пошто не се предвидени да седат во дневната соба најчесто се и малце грдички за разлика од камините кои дополнително му даваат шарм на собата во која се сместени.
Било како било рачунај си дека еден киловат е отприлика 7 квадрати при висина на таванот од 2.6 метри и објектот е со просечна изолација, па према тоа ке ја одбериш и јачината на каминот или котелот( без разлика што ти тврди продавачот).
--- надополнето: 29 октомври 2013 во 19:31 ---
Ајде малце помош од поупатените, ако 1kw е доволен за загравање на површина од 6м2, тогаш како оваа печка од 6kw http://www.alpinpelet.com.mk/index.php/sample-levels/solara-6kw може да загрее 60м2. Или кога станува збор за греење на пелети друга е математиката ?
Не е друга математика туку не верувај на се што ке прочиташ. И во просек 1кв не е 6 туку 7 квадрати, освем секако ако не станува за просторија со никаква изолација.