Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Ја читам упорно темава... многу луѓе гледам разбираат што и како е најдобро во моментов, па викам чекај да прашам за совет.
Треба да загреам простор (дневна со трпезарија и кујна) од некојси 45м2. Прозори еден куп, изолација - пред 25години, куќата е генерално доста ладна.
Претпоставувам дека инвертер клима е најдобра варијанта, е сега кој-како-што... модел, а-у... помагајте
Се јавив во AirCon, ми кажаа дека Тошиба Авант 167, 5 или 6KW, околу 48.000денари без монтажа...
Ако не е Тошиба што да биде?
Фала ви

Тешко со тој модел да ја затоплиш просторијата, Јас имам Даисекаи 16 од енергија и греам од прилика 40м2 простор меѓутоа имам одлична изолација... Би те посоветувал да пставиш доколку си во можност 2 клими од по 12000 бту. Околу моделот на производител можам да зборувам само за Тошиба другите немам искуство што се како се, али било кој модел на тошиба гарантирам дека е одличен избор и исто така и Кариер кој исто така подпаѓа под тошиба.
Сметките за струја што да кажам - СМЕШНИ лани зимата (Битола) најголемата севкупна сметка за струја ми беше 4000 ден. дома ми е се на струја (бојлер секој ден, готвење, греење климата уклучена 24ч итн.) И покрај тоа што зимата беше блага само 10 дена во декември тука во Битола имаше многу ниски температури -10 -15

Инвертер клима во моментов немам, но обични клими, можам да обезбедам, без да треба да купувам.
Прашањето ми е, дали е попаметно да купувам инвертер, за кој поделени мислења имате, меѓутоа генерално кажувате дека не би постигнал, или па да одам со 2 обични клими?
Не се разбирам баш, обичните клими колку БТУ имаат?
Чисто да го доловам распоредот на просторот, ќе ставам слика... идејата ми е да го загреам ова на скицава...
Севкупната квадратура не би требало да надминува 50м2.
ne
teska rabota za 4000 osven ako ne ti bese na 18 namest
Прво правило на заштеда во греење: стави добра изолација на објектот.Треба да загреам простор (дневна со трпезарија и кујна) од некојси 45м2. Прозори еден куп, изолација - пред 25години, куќата е генерално доста ладна.
Претпоставувам дека инвертер клима е најдобра варијанта, е сега кој-како-што... модел, а-у... помагајте![]()
Владе, aко целта е поголема ефикасност на согорувањето тогаш требаат што повисоки температури на тоа согорување. Лесно доаѓаме до моментот кога се добива повеќе енергија одошто ни треба за дадена температура...За термалната маса малце. За тие печки да бидат ефикасни треба кога ке ја запалите во октомври да речам, гаснење во март или април. Значи ложење нон стоп, затоа што таа термална маса колку што и треба време да се олади толку и треба да акумулира енергија. Ефикасноста зависи од дизајнот на печката па одтаму и не мора да значи дека е ефикасна или има добро согорување.
Ние што сме учени поиаку да ги гориме е наша грешка а не грешка на камините. Кај нас традиционално кога ке го распалат каминот ке го пригушат до максимум за да дрвата тлеат а не да горат, за повеќе време да горат. Најновата генерација на камини колку што имам заприметено имаат толкава искористеност и добро согорување што им е потребно и акомулатор на топлина ( тука мислам на котлите за парно) затоа што за да се постигне согорување со најголема ефикасност и со најмала емисија на издувни гасови потребно е да работи со одреден режим на работа. При тој режим ослободува количество на топлина кое нас во моментот ни е непотребно па или ке ја намалиме( пригушиме) а со тоа драстично ке им ја намалиме ефикасноста или ке треба да поставиме акомулатор на топлина со што вишокот топлина ке го искористиме покасно кога нас ни треба. Такви котли се попознати како котли на пиролиза и котли со долен провев. И пак тука иди она нашето традиционално каде попрво ке го пригушат согорувањето отколку што ке стават акомулатор на топлина. И после не биле ефикасни или нечинеле. Е па нема да чинат.

Ова дел од постот кој го напиша @мкд владе како пост 2443 од оваа тема.Ние што сме учени поиаку да ги гориме е наша грешка а не грешка на камините. Кај нас традиционално кога ке го распалат каминот ке го пригушат до максимум за да дрвата тлеат а не да горат, за повеќе време да горат. Најновата генерација на камини колку што имам заприметено имаат толкава искористеност и добро согорување што им е потребно и акомулатор на топлина ( тука мислам на котлите за парно) затоа што за да се постигне согорување со најголема ефикасност и со најмала емисија на издувни гасови потребно е да работи со одреден режим на работа. При тој режим ослободува количество на топлина кое нас во моментот ни е непотребно па или ке ја намалиме( пригушиме) а со тоа драстично ке им ја намалиме ефикасноста или ке треба да поставиме акомулатор на топлина со што вишокот топлина ке го искористиме покасно кога нас ни треба. Такви котли се попознати како котли на пиролиза и котли со долен провев. И пак тука иди она нашето традиционално каде попрво ке го пригушат согорувањето отколку што ке стават акомулатор на топлина. И после не биле ефикасни или нечинеле. Е па нема да чинат.
Проблемот не е едноставен. Ако се оставаат камините да горат на најјако согорувањето навистина ќе биде поефикасно, ама што да се прави со вишокот топлина? (кој секако ќе се јави пошто сите земаат појаки камини кои имаат капацитет да греат и на споро (неефикасно) согорување). Да се отвараат прозори и врати?Добро е да сите го проанализираат својот начин на ложење и да го прилагодат со препораките на @мкд владе

Проблемот не е едноставен. Ако се оставаат камините да горат на најјако согорувањето навистина ќе биде поефикасно, ама што да се прави со вишокот топлина? (кој секако ќе се јави пошто сите земаат појаки камини кои имаат капацитет да греат и на споро (неефикасно) согорување). Да се отвараат прозори и врати?
Воопшто не е едноставно одпосле да се направат измени, одпосле да се испланира и да се поставува термална маса и слично, во готов наместен стан.
Во секој случај.
Премисата е: јако и брзо согорување на високи температури = ефикасно согорување, но согорување при кое се добива многу топлина.
Една опција (лошата) е да се димензионира големината на каминот (горилникот) така да истиот при такво јако и брзо согорување, да ослободува одприлика онолку топлина колку што треба за загревање на просторијата/објектот. Тогаш не треба термална маса, ама треба постојано ложење. Лошо (по ложачот) но ефикасноста сепак ќе биде тука, но само ако се остави голема должина од оџакот во просторијата и на него на се постават некакви изменувачи на топлина.
Втора опција (добрата) е да се употреби термална маса за термо-акомулација. Тогаш не треба постојано ложење, туку само онолку колку што треба да се затопли термалната маса до потребното количество топлина за да се грее просторијата/објектот до следното ложење (пожелно е да е следниот ден).
Не може секој да иде на варијантата со термална маса, тука се работи за големи тежини и објектот мора да биде во состојба да издржи таква тежина. Во тие услови печка/камин со помал горилник е опција, но со задршка дека ќе мора постојано да се ложат дрва. Но тоа секако е праксата со обичните секојдневни печки за дрва, со таа разлика што тие по дифолт и по дизајн не се ефикасни.
