Инвертер клима во моментов немам, но обични клими, можам да обезбедам, без да треба да купувам.
Прашањето ми е, дали е попаметно да купувам инвертер, за кој поделени мислења имате, меѓутоа генерално кажувате дека не би постигнал, или па да одам со 2 обични клими?
Не се разбирам баш, обичните клими колку БТУ имаат?
Чисто да го доловам распоредот на просторот, ќе ставам слика... идејата ми е да го загреам ова на скицава...
Севкупната квадратура не би требало да надминува 50м2.
Овој цел простор нема шанса да го загрееш со една клима ако планираш да ја грееш и собата со отворена врата.
Колку квадрати има само собата со прозорите и колку квадрати има само делот кој ти е обележан како соба, а претпоставувам дека е спална.
Со обични клими би требало да бркаш работа исто така, не знам само колку се ефикасни кога ќе падне температурата под -5 C. Впрочем ќе трошат малку повеќе од инвертер уредите и во режим кој е препорачан за работа.
Членот @Смрт на зони и пајак возила се грее со обични клими и изјавува дека нема никакви проблеми и при ладните температури со тоа што не ги исклучува во ладниот период, туку само ја намалува температурата што треба да ја постигне во собата и ја остава климата во режим на работа.
Пример кога нема никој во собата ја оставаш климата да ти работи на 18 степени, додека кога ќе има потреба да се загрее накачуваш на 22,23 итн.
Мислам дека тој ќе фрли некое светло повеќе за тоа како кубури со обичните клими преку зима.
Инаку обичните клими имаат ист БТУ како и инвертерите или во превод, клима од 2.5 КВ е 9000 БТУ, клима од 3.5 КВ е 12.000 БТУ, клима од 5.5 КВ е 18.000 БТУ итн, итн.
Ако можеш да земеш обилни клими без пари, тогаш тоа ти е исто така решение.
Во најладните денови ќе припуштиш некоја греалица ако има потреба, ама пак нема да треба да даваш 1000 евра.