Најекономично греење и ладење

  • Креатор на темата Креатор на темата Dr Zmigo
  • Време на започнување Време на започнување
За термалната маса малце. За тие печки да бидат ефикасни треба кога ке ја запалите во октомври да речам, гаснење во март или април. Значи ложење нон стоп, затоа што таа термална маса колку што и треба време да се олади толку и треба да акумулира енергија. Ефикасноста зависи од дизајнот на печката па одтаму и не мора да значи дека е ефикасна или има добро согорување.
Владе, aко целта е поголема ефикасност на согорувањето тогаш требаат што повисоки температури на тоа согорување. Лесно доаѓаме до моментот кога се добива повеќе енергија одошто ни треба за дадена температура...

Кај ракетните печки кои ги спомнав, согорувањето е на многу повисоки температури и енергијата што се ослободува е огромна. Концептот е брзо, многу брзо (и ефикасно) согорување и добиената топлина да се складира во термална маса.
Значи напротив, не постојано да се ложи туку еднаш (или 2 пати) на ден. Со оглед на количеството на енергија што се добива при тоа согорување, инерцијата на загревање на просторијата не е преголема. Луѓето што ги користат велат дека наутро се пали печката и по горење одредена количина дрва, термалната маса потоа цел ден (и ноќ) пасивно ја загрева просторијата. Секако дека температурата ќе опаѓа со време, ама не под онаа температура за која е дизајнирана големината на термалната маса.
Нели е ова многу покомфорно отколку ложење на секои пар саати, како што мора со обичните печки? (иако ефикасноста е правата добивка)


Инаку, во секој случај преку оџакот се губи многу топлинска енергија. Со обезбедување на термална маса низ која ќе поминува оџакот, се зачувува енергијата (топлината) во просторијата, наместо да излезе неискористена надвор. Еве неколку фотографии за илустрација на концептот.

rocket-lived-500x349.jpg
rocket%20stove%20056.JPG
rocket%20stove%20059.JPG




Ние што сме учени поиаку да ги гориме е наша грешка а не грешка на камините. Кај нас традиционално кога ке го распалат каминот ке го пригушат до максимум за да дрвата тлеат а не да горат, за повеќе време да горат. Најновата генерација на камини колку што имам заприметено имаат толкава искористеност и добро согорување што им е потребно и акомулатор на топлина ( тука мислам на котлите за парно) затоа што за да се постигне согорување со најголема ефикасност и со најмала емисија на издувни гасови потребно е да работи со одреден режим на работа. При тој режим ослободува количество на топлина кое нас во моментот ни е непотребно па или ке ја намалиме( пригушиме) а со тоа драстично ке им ја намалиме ефикасноста или ке треба да поставиме акомулатор на топлина со што вишокот топлина ке го искористиме покасно кога нас ни треба. Такви котли се попознати како котли на пиролиза и котли со долен провев. И пак тука иди она нашето традиционално каде попрво ке го пригушат согорувањето отколку што ке стават акомулатор на топлина. И после не биле ефикасни или нечинеле. Е па нема да чинат.

За ова зборувам, но со тоа што сакам да истакнам дека за да се искористи концептот не мора да се купуваат такви скапи системи. Има можност и да се помине многу поевтино, кој не го мрзи да поработи сам.
Навистина од естетска страна не може да стане споредба (иако и тоа зависи од вкусовите), но темата е заштеда а не естетика... ;)
 
Само шо се вратив од Гравитацијата у Милениум. Нема да отиде 10-че од мене, далеку од тоа, но има цврста и зацементирана јака осумка за прекрасната кинематографија, одличните ефекти, музиката квалитетна и интересното сценарио. Ќе лапа Оскари :cool:

Крајот ептен онака ме бендиса :D
 
Значи како и што очекував Гравити ќе му дојде како верзија на 2001 Одисеја во 2013та. Ефекти и музика, слаб character development ама добро бар овдека има повеќе карактери од 2001 а и можно е некој интересен момент да има.
Ако ништо друго барем трае 90 минути од кој што чисто се сомневам дека ќе има 30 мунути без прозборен збор и неповрзани сцени.
 
Скоро 700 хостери, само 2 seeders. Педери! :D

после 3 саати кај мене за 10мин ќе биде симнат, после треба да преправам аудио за да можам да го гледам на ТВ така да ќе остане за утре
 
после 3 саати кај мене за 10мин ќе биде симнат, после треба да преправам аудио за да можам да го гледам на ТВ така да ќе остане за утре


:place: .... Okays.
--- надополнето: 16 октомври 2013 во 00:05 ---
после 3 саати кај мене за 10мин ќе биде симнат, после треба да преправам аудио за да можам да го гледам на ТВ така да ќе остане за утре


Иначе те цитирав не заради тоа него дека линкот (не беше ни линк као) има многу циција ликови :D. Да не случајно има некој друг, во таа смисла. Не мораше да ми се правдаш. Но фала во секој случај :).
 
Ние што сме учени поиаку да ги гориме е наша грешка а не грешка на камините. Кај нас традиционално кога ке го распалат каминот ке го пригушат до максимум за да дрвата тлеат а не да горат, за повеќе време да горат. Најновата генерација на камини колку што имам заприметено имаат толкава искористеност и добро согорување што им е потребно и акомулатор на топлина ( тука мислам на котлите за парно) затоа што за да се постигне согорување со најголема ефикасност и со најмала емисија на издувни гасови потребно е да работи со одреден режим на работа. При тој режим ослободува количество на топлина кое нас во моментот ни е непотребно па или ке ја намалиме( пригушиме) а со тоа драстично ке им ја намалиме ефикасноста или ке треба да поставиме акомулатор на топлина со што вишокот топлина ке го искористиме покасно кога нас ни треба. Такви котли се попознати како котли на пиролиза и котли со долен провев. И пак тука иди она нашето традиционално каде попрво ке го пригушат согорувањето отколку што ке стават акомулатор на топлина. И после не биле ефикасни или нечинеле. Е па нема да чинат.
Ова дел од постот кој го напиша @мкд владе како пост 2443 од оваа тема.
Минатата зима @струмикс извести дека потрошил 20 кубика дрво. Имаше и други постови кои исто се пожалија на голема потрошувачка на огревно дрво.
Тоа е многу......
Добро е да сите го проанализираат својот начин на ложење и да го прилагодат со препораките на @мкд владе
 
Добро е да сите го проанализираат својот начин на ложење и да го прилагодат со препораките на @мкд владе
Проблемот не е едноставен. Ако се оставаат камините да горат на најјако согорувањето навистина ќе биде поефикасно, ама што да се прави со вишокот топлина? (кој секако ќе се јави пошто сите земаат појаки камини кои имаат капацитет да греат и на споро (неефикасно) согорување). Да се отвараат прозори и врати? ;)
Воопшто не е едноставно одпосле да се направат измени, одпосле да се испланира и да се поставува термална маса и слично, во готов наместен стан.


Во секој случај.
Премисата е: јако и брзо согорување на високи температури = ефикасно согорување, но согорување при кое се добива многу топлина.

Една опција (лошата) е да се димензионира големината на каминот (горилникот) така да истиот при такво јако и брзо согорување, да ослободува одприлика онолку топлина колку што треба за загревање на просторијата/објектот. Тогаш не треба термална маса, ама треба постојано ложење. Лошо (по ложачот) но ефикасноста сепак ќе биде тука, но само ако се остави голема должина од оџакот во просторијата и на него на се постават некакви изменувачи на топлина.

Втора опција (добрата) е да се употреби термална маса за термо-акомулација. Тогаш не треба постојано ложење, туку само онолку колку што треба да се затопли термалната маса до потребното количество топлина за да се грее просторијата/објектот до следното ложење (пожелно е да е следниот ден).


Не може секој да иде на варијантата со термална маса, тука се работи за големи тежини и објектот мора да биде во состојба да издржи таква тежина. Во тие услови печка/камин со помал горилник е опција, но со задршка дека ќе мора постојано да се ложат дрва. Но тоа секако е праксата со обичните секојдневни печки за дрва, со таа разлика што тие по дифолт и по дизајн не се ефикасни.
 
Мене искрено не ми се допадна ни како драма, ни како сајфај
Сајфај е релативна работа, настаните што се случија во Еуропа Репорт е исто веројатно да се случат колку и настаните во Форест Гумп :pos:
 
Проблемот не е едноставен. Ако се оставаат камините да горат на најјако согорувањето навистина ќе биде поефикасно, ама што да се прави со вишокот топлина? (кој секако ќе се јави пошто сите земаат појаки камини кои имаат капацитет да греат и на споро (неефикасно) согорување). Да се отвараат прозори и врати? ;)
Воопшто не е едноставно одпосле да се направат измени, одпосле да се испланира и да се поставува термална маса и слично, во готов наместен стан.


Во секој случај.
Премисата е: јако и брзо согорување на високи температури = ефикасно согорување, но согорување при кое се добива многу топлина.

Една опција (лошата) е да се димензионира големината на каминот (горилникот) така да истиот при такво јако и брзо согорување, да ослободува одприлика онолку топлина колку што треба за загревање на просторијата/објектот. Тогаш не треба термална маса, ама треба постојано ложење. Лошо (по ложачот) но ефикасноста сепак ќе биде тука, но само ако се остави голема должина од оџакот во просторијата и на него на се постават некакви изменувачи на топлина.

Втора опција (добрата) е да се употреби термална маса за термо-акомулација. Тогаш не треба постојано ложење, туку само онолку колку што треба да се затопли термалната маса до потребното количество топлина за да се грее просторијата/објектот до следното ложење (пожелно е да е следниот ден).


Не може секој да иде на варијантата со термална маса, тука се работи за големи тежини и објектот мора да биде во состојба да издржи таква тежина. Во тие услови печка/камин со помал горилник е опција, но со задршка дека ќе мора постојано да се ложат дрва. Но тоа секако е праксата со обичните секојдневни печки за дрва, со таа разлика што тие по дифолт и по дизајн не се ефикасни.

Мислев повеќе на котлите за парно не за обичните камини.
Кај нив најдобро е да се земи спрема квадратурата. И погрешно е мислењето дека треба да го јачиш за да согорува ефикасно . Треба само да се одржува температурата во горилникот висока и оптимален доток на воздух за да се постигне задоволително искористување. Во секој случај не да се пригуши за да тлее. Дрва и така и така се ставаат на еден до два сати, само зависи колку ке му ставиш количински.
За термалната маса имаме и претходно зборувано и мислам дека ти објаснив зошто ракетните печки се ефикасни .
Тоа што ти постира е некоја варијанта на таква печка која рака на срце не е ништо поразлична од шпоретот од металец ( оние старите белите).
Инаку ова е права ракетна печка па видија разликата.
Rocket-Stove.jpg

Каде е тука твојата термална маса која ке ја загреваш и зошто ја нема.
И не велам дека твоето решение нема да брка работа но тоа не е ракетна печка а и ефикасноста би била многу дискутабилна. На крај земи најобично шпоре од металец и обложиго со тули од термо печка и нити ке се замараш да ѕидаш нити ке се кашкаш дома и ке изиграваш сам свој мајстор а од друга страна ке добиеш термална маса и спрема тебе ракетна печка.
И сепак мислам дека овие дискусии не се за тука туку за другата тема каде дискутираме за алтернативни начини на загревање.
 
Премногу теорија околу дрвото. Дрвото е добро и можеби најдобро за греење на поголеми простории, минимум на 40-50 квадрати, дали на отворен простор или преку радијатори. За греење на помали простории најдобра е клима, дали инвертер или конвенционална. Термо печките се добра солуција за станови со добра изолација и кај нив многу повеќе доаѓа до израз изолацијата отколку кај климите. Предност, многу се ефтини на старо, негативност, голташ стаклена волна. Панели, маслени радијатори, ефтини греалки, никаква економија, жив промашај од секој аспект.
Околу дискусиите за економијата на двата вида клими, самите произведители наведуваат дека заштедата е максимално 30% за инвертерот, што спрема цената на чинење е можеби најголемата дилема дали вреди или не. Но не е само економичноста во прашање кај климите. Он-оф кл. има секогаш повисоко ниво на бучава, посебно на надв. дел кој може да биде иритантен. Инв. кл. има бесшумен над. дел поради изведбата на моторот и софтверот, така да според мене ова е голем плус за инвертерот. Гарантирана работа на пониски температури кај инвертер, кај он-оф често гаси, колку и да се труди не може, толку и е силата, има големи варијации на темп. во просторијата. Во секој случај колку пари, толку музика, има он-оф клими кои работат и на -10 од добри марки како мицубиши, но цените им се скоро како инверторите. Со нео, беко и слични марки се оди на ризик, кој некогаш и се исплати ако немате големи очекувања, посебно ако се наменети за греење на спална, детска и сл. соби, но не и на дневен престој, каде се сака постојана температура, минимално ниво на бучава, регулиран проток на воздух кој не те мава и ти пречи. Од тој аспект можеби и најдобра варијанта се подните инвертери кои не случајно се многу поскапи од зидните клими за истите модели и квадратури.
 
Ио почнувам да те мразам...
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom