Најекономично греење и ладење

  • Креатор на темата Креатор на темата Dr Zmigo
  • Време на започнување Време на започнување
Мали се тие ти па ги споредуваш со нафтена печка. Многу повеќе топлат и дуваат.
дечко ти сериозно ова го пишуваш или???? кој се грее денеска на плин ?
 
дечко ти сериозно ова го пишуваш или???? кој се грее денеска на плин ?

Не се зафркавам минатото зимо знам многу што купија вакви на плин. Баш сум изненаден од топлината што ја даваат.
 
Не се зафркавам минатото зимо знам многу што купија вакви на плин. Баш сум изненаден од топлината што ја даваат.
види бе ти стварно си бил сериозен... која црна топлина ке ја добиеш од печка на плин жити се?

прво тие печки се габаритни - боцата колку и да е мала фаќа место. второ го сушат воздухот многу брзо па да не те чуди кога ке влезеш у некоја таква просторија ем да е ладно ем да немаш воздух т.е да ти биде загушливо. трето плинот смрди (дури и кога е согорен)
 
Уште да те дополнам
Плинот ( пропан бутан - ТНГ ) е поскап од струјата
 
koj instant spojler bese ova samo ej :pos:

decki, skokajte prikazna kolku sto mozete. :)
 
Го чекав блуреј со недели, asylum ич не разочараа. :icon_lol:

Знаеш дека е намерно лош, па од толку што е лош станува забавен. Сите вистински филмофили/мани знаат за bad-movie night. 8)
 
??
Зошто одсекогаш сум мислел дека готвење на плин е поевтино?
Имаш некои бројки за споредба на цени за киловат енергија?

Еве ги фактите:
Цената на авто гасот ТНГ, во моментов е 39,5 денари за литар. Ако се купува во боци за дома, нешто е повисока бидејќи наплатуваат нешто за одржување и полнење на боците
Еве ја страницата на Макпетрол каде ја има оваа цена
http://www.makpetrol.com.mk/index_mk.asp
Топлотната моќ на ТНГ е пониска од онаа на безинот и изнесува околу 26МЈ на литар или 7,2 KWh на литар
Еве податоци за ТНГ
https://en.wikipedia.org/wiki/Liquefied_petroleum_gas
Ако се подели се добива:
39,5 : 7,2 = 5,5 денари за еден KWh
Ако пресметаш дека ќе има загуби во согорувањето од барем 5%
цената ќе биде 5,8 денари за еден KWh

Цената на струјата во момонтов е 6,35 денари во висока тарифа 3,19 во ниска тарифа за еден KWh

Што значи употребата на ТНГ се исплатува само за дуќаните бидејќи за нив струјата е поскапа и изнесува околу 10 денари за KWh
 
Цената на авто гасот ТНГ, во моментов е 39,5 денари за литар. Ако се купува во боци за дома, нешто е повисока бидејќи наплатуваат нешто за одржување и полнење на боците
Само да расчистиме една работа. Односот на пропан и бутан не е ист во плинот кој се употребува за погон на автомобили, и плинот кој се употребува за боци за домаќинства. Од овој однос на пропан и бутан зависи моќноста на согорувањето, па со тоа и износот на киловатчас енергија од плинот.

Плинот за автомобили, при согорување оставал и слој на садовите кој тешко се чистел. Тоа чисто го спомнувам онака успат, нема врска со цената на киловатчас енергија од плинот.
 
Плинот за автомобили, при согорување оставал и слој на садовите кој тешко се чистел. Тоа чисто го спомнувам онака успат, нема врска со цената на киловатчас енергија од плинот.[/quote]
Пламенот од согрување на гасот е всушност мешавина на воздух и гас кој гори. Кога ќе ја допре релативно студената површина на тенџерето се гаси и се формира наслага од чист јагленород. Тоа е причината што тенџерињата поцрнуваат
Инаку топлинската моќ на пропанот и бутанот се разликуваат но не многу
Пропанот има топлинска моќ од 25,5 МЈ на литар а бутанот 28,7 МЈ
Најчест однос на мешање е 35% пропан и 65% бутан
Што значи не е ефтино гориво за готвење, но за автомобили е прилично поефтин од бензинот,
За готвење најефтини се дрва, ем готвиш - ем се топлиш.
Не се, будали мнозинството граѓани на Македонија, па се затоплуваат и готват на дрво. Со 5-6 кубика или малку повеќе, ќе поминат цела зима.
Кој не сака дрва, единствено поволно е затоплување на струја со клима уред, ( топлотна пумпа )
Тоа сме го збореле на оваа тема неброено пати. Најдобра комбинација е користење на дрва со добра печка и струја со клима уред.
А неспоредливо најлоша е Топлификација
 
Пропанот има топлинска моќ од 25,5 МЈ на литар а бутанот 28,7 МЈ
Најчест однос на мешање е 35% пропан и 65% бутан
Што значи не е ефтино гориво за готвење...
Хммм со толку слична енергетска вредност на пропанот и бутанот, нивниот сооднос и нема многу врска од аспект на вкупната енергетска вредност на плинот.

Ова значи дека мојот нов комбиниран Горење шпорет најверојатно нема да го приклучувам на боца со плин. Или па ретко ќе го користам на плин. За брзо правење на кафе/чај можеби и се исплати, пошто површината на ринглата е во голема мера неискористена...
 
Да не бегаме од темата ама во однос на готвењето, најефикасно се готви со индукциски шпорет т.е. плотна. Во однос на цената на чинење по киловат се тука негде, ама кога ќе се пресмета и тоа дека плинот треба да го купиш и да го донесеш дома, па зацрнувањето на садовите, можноста за несреќа поради човечка грешка, индукцијата е без конкуренција.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom