ne deka sakam striktno Fujitsu tuku poizdrzliva ,podobra firma dajte vie nekoj predlog.Znaci potrebite mi se okolu 20m2 dneven prostor za greenje ,a po potreba uste edna soba spalna za dozatopluvanje za spienje znaci samo za navecer tamu mozi da bidi i do 18 stepeni.Biten mi e dnevniot prostor da go zagream
Јас сум лаик во однос на некои момци од темава, ама еве ги и моите два денари.
Многу работи зависат од изолацијата. Си напишал дека е „добра„ ама ништо поконкретно, за некој добро е и пар сантиметри внатрешна изолација. Друг не сака да чуе за ништо под 10см стиропор (или камена волна) во надворешна фасада. Идеално бибило да се измери губитокот на топлина на собата, со тоа најпрецизно можеш да пресметаш колкава моќност на загревање ти треба.
Важно е и на која температура сакаш да загреваш, која ќе биде разликата од надвор до внатре. Ова е важно за тоа колку работа треба да заврши топлотната пумпа, не е исто да загреваш до 22Ц и до 27Ц.
Тоа кажано, ако земеш помоќен уред (12,000 BTU или 3.5 KW) имаш повеќе простор за грешка во пресметката... но таа варијанта е значително економски поскапа за користење. Не толку за уредот, разликата во цената нема да биде многу голема, туку во цената на потрошувачката на струја -долгорочно гледано. Разликата во потрошувачка можеби нема наизглед да биде голема, ама на долги патеки таа додадена вредност ќе однесе многу пари. Заради тоа е важно да се одберо уред со моќност соодветна на просторот.
Последна работа за која терба да бидеш свесен е дека најниските температури, ретко која инвертор-клима од ценовната класа за која се распрашуваш, ќе биде во состојба да работи ефикасно. Можно е и да не биде во состојба да загрее добро.
Од друга страна, таквите клими кои ефикасно можат да работат на најниските температури, посебно таму во Битола, се прескапи за да ја оправдаат цената за користење од 20-30тина денови, колку што се најладните денови кај нас.
Значи за тие 20-30 денови треба да имаш додатно загревање. Дали уште нешто на струја како конвектор или слично, или печка на дрва тоа е веќе твоја работа. И термоакумулационите печки се добра и ефикасна комбинација со климите, но само ако ги загреваш исклучиво на евтина тарифа.
Така да како заклучок, ако навистина се работи за просторија од 25м2 (со нормална висина) и со навистина добра изолација... тогаш 2.5KW инвертор од квалитетен бренд би требало да бидат доволно. И не само доволно, туку и најисплатлива варијанта за долгорочно користење.
FUJITSU ASYG - 25 LLCP што го линкаше е соодветен избор, но има и други опции. Во Македонија ги носи Хидросет кои се безобразно скапи, но сум видел Фуџитсу и во Електро-Метал (нешто малку поевтино од Хидросет). Ако можеш да купиш од Грчката продавница би ти излегло доста поевтино (ако избегнеш царина и данок), но за гаранција мисли му ја...