Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Си има зошто Дипломатот кошта скапо, ама некако по мое лично (можеби необјективно) гледање, 1000+евра е границата кога сакам да одам на следното скалило во решенијата. Пелети.
Знам дека не е се идеално со пелетите.
На српскиве форуми гледам многу ги користат од ланскава сезона. И генерални се задоволно иако имаат и проблеми. Неквалитетни пелети ги затнуваат горилниците. И цената на пелетите како што кажа е берзанска, на тоа се жалат. Ама некои и сами си прават пелети.
Софтверот нема документирани опции за фино подесување на потрошувачката. Заради тоа и се жалат на потрошувачката, освен ако максималната моќност на печката не е таман погодена со просторот што се грее.
Тука одиме на она што го зборевме за термо-акумулациона маса, систем со голем изолиран резервоар за вода. Тоа би било идеално, но тоа не е проект за во дневна соба. Можеби некој помал резервоар во предсобјето би дал малку инерција.
Сега ја гледам работата и од друг аспект. Пошто сум во близина на Вардар имам подземни води на релативно мала длабочина. Уште стои во дворот цевката од старата пумпа, мислам не е подлабоко од 10тина метри.
Ме интересираат топлотни пумпи, вода-вода или вода воздух. Слушнав за некои Словенски системи ама тие се над 6илјади евра. Моментално читам за некои направи сам варијанти...
Колку што разбрав јас од пишувањата, ова цитираното и се друго во врска со чистењето (горилник и други делови), е директна последица од лошо сетирана печка и/или лоши пелети. Ама сега идеме на тоа кој треба да ја подеси печката и тука е најголемиот проблем (по мене), покрај цената на самите пелети. Јас колку што знам немаме обучени сервисери во Македонија. Кој воопшто ги инсталира овие печки кај нас?Стаклото нон стоп ке ти биде црно, така да ништо од атмосверата на пламен во собата.
Фала на линкот, прилично интересно четиво.
Колку што разбрав јас од пишувањата, ова цитираното и се друго во врска со чистењето (горилник и други делови), е директна последица од лошо сетирана печка и/или лоши пелети. Ама сега идеме на тоа кој треба да ја подеси печката и тука е најголемиот проблем (по мене), покрај цената на самите пелети. Јас колку што знам немаме обучени сервисери во Македонија. Кој воопшто ги инсталира овие печки кај нас?
Инаку најмногу пишуваат за МБ Смедерво Термо Пелетот, најмногу него го користат (и не можат да ја наместат потрошувачката). Инаку се препорачува еден UPS за во случаите кога ќе снема струја.
За оџакот не те разбрав, ни со најнефикасните трајножаречки печки, во тек на цела сезона не е едноставно да се затне оџакот со саѓи/гареж. Зарем печките на пелети успеваат тоа да го направат?
Јас секако ќе мора да земам еден, за пумпа за буткање на водата во централното греење. За тоа би требало да заврши работа, тие пумпи не се големи потрошачи.За кога ке снема струја UPS не ти брка работа пошто моторите на печката нема да работат на тој напон( не е синусоиден).
Премногу пари и труд со пелетите, за толкав голем потенцијал за проблеми. Најлошо е што цената на пелетите расте. Јас нагињам кон некој поевтин камин/печка од некои 14тина киловати, кој би го користел само во најладните месеци. Во меѓувреме за загревање во преодните месеци (до накај -5с на пример), пар инвертор клими од средна класа.
Јас секако ќе мора да земам еден, за пумпа за буткање на водата во централното греење. За тоа би требало да заврши работа, тие пумпи не се големи потрошачи.
Алфа 20 печката е фактички по јачина алфа 120,бидејќи послабите варијанти се 70 и 90,а оваа е појака од нив.Грубо речено бројката кажува колку квадрати стан можи да загрева:Можеби бројките означуваат нешто друго,но од искуство можи да се земи како репер.Сум видел многу инсталации на овој шпорет, и знам дека бројките горе-долу соодвестуваат на ова што го кажувам
@мкд владе според твое мислење..... кој од овие 2
http://rimeko.com.mk/mk/?id=7&prov_id=732
http://rimeko.com.mk/mk/?id=7&prov_id=731
Или па некој друг за дневна соба од 40 квадрати каде ќе стои каминот и поставена инсталација на парно на површина од 130 квадрати.
Сега ако собрав добро тебе ти треба за 170 квадрати така ?
За таа квадратура само котел. Остај што пиши на хартија.
Не наседнувај на рекламите.
Не, севкупно е околу 130 квадрати +-2.
А за котел...... Се обидувам да го избегнам затоа што ќе треба да правам нов оџак кој ќе биде гол(ќе никнува од гола плоча) и ќе биде висок едно 4 до 5 метри.
Sent from my HTC EVO 3D X515m using Tapatalk 4 Beta