Најекономично греење и ладење

  • Креатор на темата Креатор на темата Dr Zmigo
  • Време на започнување Време на започнување
Фала на линкот, прилично интересно четиво.

Колку што разбрав јас од пишувањата, ова цитираното и се друго во врска со чистењето (горилник и други делови), е директна последица од лошо сетирана печка и/или лоши пелети. Ама сега идеме на тоа кој треба да ја подеси печката и тука е најголемиот проблем (по мене), покрај цената на самите пелети. Јас колку што знам немаме обучени сервисери во Македонија. Кој воопшто ги инсталира овие печки кај нас?
Инаку најмногу пишуваат за МБ Смедерво Термо Пелетот, најмногу него го користат (и не можат да ја наместат потрошувачката). Инаку се препорачува еден UPS за во случаите кога ќе снема струја.

За оџакот не те разбрав, ни со најнефикасните трајножаречки печки, во тек на цела сезона не е едноставно да се затне оџакот со саѓи/гареж. Зарем печките на пелети успеваат тоа да го направат?

Тоа со стаклото барем на печките на кои јас работев нема врска со горењето или како е штелована, туку има грешка во дизајнот. На поновите модели можеби е решено, но битно е дека како сака нека е наштелована по неколку сати ке го затемни или замагли. За горилникот , моторите и цевките има голема врска сетирањето и пелетите но исто така има врска и оџакот или издувната цевка како и каде ке биде наместена. Така да некогаш во зависност од ситуацијата и просторот не е можно да ја наштеловаш и да не прави проблеми.
Сагите и гарежот не се исти како на печка на дрва. Овој е повеќе како ситен песок и ситна прашина и не да може да ја затни туку сигурно ке ја затни ако не е штелована како што треба. И не заборавај дека дијаметарот на издувната цевка е 80 мм и многу полесно и побрзо се затнува од класичен оџак.
А кога таа нема доволен проток тоест кога ке се наталожи гареж параметрите со кои била штелована печката повеке не важат. Затоа ако некое време работела супер, наеднаш ке почни да гасни, да трупа и да не согорува како што треба. После одма ке се затни и моторот на издувот и цела внатрешна инсталација за проток на чад и топлина и ете ти беља на сред сезона. Значи најповеќе е битно да се погоди оџакот или издувот на печката, каде тој ке биде поставен, колку ке влечи и такви работи. Ако тој не е како што треба нема мајстор што ке ја наштелова. По правило кога ке ја купиш печката фирмата од каде што си ја купил треба да ти обезбеди мајстор пошто сам нема шанси да ја наместиш пошто не ни знаеш да влезиш во сервисно мени, нити е препорачливо нити тие пак знаат. Ти само ке имаш пристап во основни функции како палење гаснење, мод на работа( кој е однапред веке штелован од мајсторот) и тајмер и затоа можеби велат дека неможеш да ја наштеловаш потрошувачката. Ако мајсторот не ја наштеловал како што треба, ти уште помалце.
За кога ке снема струја UPS не ти брка работа пошто моторите на печката нема да работат на тој напон( не е синусоиден). Јас лично само кај еден имам видено такво нешто да стави баш за таа намера и едноставно не проработи, а смена неколку модели од послаб до појак, пошто моторите никако да проработат па си мислевме дека нема доволно снага. Но непроработи ни со најакиот по снага, што значи не било до снагата туку друга мака си има, во случајот моторите не се предвидени за таква синусоида или фрекфренција.Можеби некој има поинакво искуство, моето со UPS е такво.
 
Премногу пари и труд со пелетите, за толкав голем потенцијал за проблеми. Најлошо е што цената на пелетите расте. Јас нагињам кон некој поевтин камин/печка од некои 14тина киловати, кој би го користел само во најладните месеци. Во меѓувреме за загревање во преодните месеци (до накај -5с на пример), пар инвертор клими од средна класа.

За кога ке снема струја UPS не ти брка работа пошто моторите на печката нема да работат на тој напон( не е синусоиден).
Јас секако ќе мора да земам еден, за пумпа за буткање на водата во централното греење. За тоа би требало да заврши работа, тие пумпи не се големи потрошачи.
 
кај мене пумпата за вода е со следните моќности:

1-44 w,
2-60 w,
3-71 w
 
Премногу пари и труд со пелетите, за толкав голем потенцијал за проблеми. Најлошо е што цената на пелетите расте. Јас нагињам кон некој поевтин камин/печка од некои 14тина киловати, кој би го користел само во најладните месеци. Во меѓувреме за загревање во преодните месеци (до накај -5с на пример), пар инвертор клими од средна класа.

Јас секако ќе мора да земам еден, за пумпа за буткање на водата во централното греење. За тоа би требало да заврши работа, тие пумпи не се големи потрошачи.

Искрено не верувам дека на запад или во Италија имаат вакви проблеми, пошто кај нив највероајтно потрошувачот нема да трпи такви заебанци. Сега дали тукашните виделе не разбрале или што е работата искрено незнам, но факт е дека од она што го кажуваат на рекламите со реалноста нема врска.
Имаш една добра печка не камин со можност од 20 кв за парно и со можност да готвиш на неа, нешто како шпоре. Од алфа плам Врање, мислам дека терм 20 се викаше. Значи да не се збуниш не алфа 90 со котле, туку терм 20. Многу се слични една на друга и се прават забуни. Околу 47000 иљади беше, тука некаде и сега треба да биди.
images

За UPS мислам дека не беше до моќноста туку до синусоидата на напонот што ја дава, а пошто моторите на печките на пелети се индукциони , најверојатно тоа правеше проблеми. Не сум сигурен, најдобро е да си пробаш пред да купиш. Ако имаш мотор од термоакомулациона печка и ако работи на UPS , тогаш нема проблем. Ако не проработи тогаш не ги фрлај џабе парите за тоа.
 
Алфа 20 печката е фактички по јачина алфа 120,бидејќи послабите варијанти се 70 и 90,а оваа е појака од нив.Грубо речено бројката кажува колку квадрати стан можи да загрева:Можеби бројките означуваат нешто друго,но од искуство можи да се земи како репер.Сум видел многу инсталации на овој шпорет, и знам дека бројките горе-долу соодвестуваат на ова што го кажувам
 
Алфа терм 20 ти е 20 кв или за 140 квадрати. Ама пореално е околу за 120 и да не ја форсираш.
 
исти се овие два камина(печки) ,разликата е што едната има на страните вградено гранитни плочки како естетски елемент.

една препорака да ви кажами убаво да е запамтите:

да се избегнува купување на печки или ќумци од инокс,се загреваат но не ја одаваат топлината
 
@мкд владе според твое мислење..... кој од овие 2

http://rimeko.com.mk/mk/?id=7&prov_id=732

http://rimeko.com.mk/mk/?id=7&prov_id=731

Или па некој друг за дневна соба од 40 квадрати каде ќе стои каминот и поставена инсталација на парно на површина од 130 квадрати.

Сега ако собрав добро тебе ти треба за 170 квадрати така ?
За таа квадратура само котел. Остај што пиши на хартија.
Не наседнувај на рекламите.
 
Сега ако собрав добро тебе ти треба за 170 квадрати така ?
За таа квадратура само котел. Остај што пиши на хартија.
Не наседнувај на рекламите.

Не, севкупно е околу 130 квадрати +-2.
А за котел...... Се обидувам да го избегнам затоа што ќе треба да правам нов оџак кој ќе биде гол(ќе никнува од гола плоча) и ќе биде висок едно 4 до 5 метри.

Sent from my HTC EVO 3D X515m using Tapatalk 4 Beta
 
Дали си размислувал, наместо изградба на нов оџак да користиш вентилатор?
 
За толкава квадратура искрено незнам тие модели какви се што се, ама повеќе ми личат према моделот за до кај 60 -70 квадрати. Направи споредба спрема ложиштето на дипломатот и на овие и ке ти стани јасно за што зборувам. Инаку за оџакот, секако за таа квадратура и самите камини имаат поголем дијаметар на излезот за бориите отколку помалите.
Кај нас е стандард 120 мм а овие мислам дека беа над 150мм повеке на кај 180мм. Што значи и дека самиот производител пресметал дека 120 мм е премалце за толкава снага. Сега нормално има редуктори каде од пропишаниот дијаметар се намалува на 120 но со тоа се намалува и снагата( пробај да трчаш со гасмаска), така да тоа и не е некое решение.
Друга работа. Колку ти е внатрешниот дијаметар на оџакот.
Ако ти е за 15% проценти поширок од излезот на каминот тогаш не би требало да имаш проблеми секако доколку и другите параметри со оџакот се во ред. Еден од побитните е да имаш вертикален столб од минимум 4 метри, значи почнувајки од излезот на каминот до врвот на оџакот да има минимум 4 метри, и врвот на оџакот да е барем едно метро повисок од било што во радиус од 3 метри( во случајот сртот на куќата ). Максимум да има две кривулиња на бориите( ќумците).Друга битна работа што кај нас никој не ја зема во предвид е што на тој оџак да нема приклучено и други грејни тела пошто ке се изгуби вакумот и нема да ти влечи како што треба, а ако не влечи ке ти прави проблеми како на пример ке ти враќа, ке ти кондензира и ке се лепи гареж од недобро согорување. И да не смее да биди поширок 3 пати од излезот на каминот. Значи ако излезот на каминот е 120 мм тогаш идеално за оџакот е да биди широк 150 мм но не повеќе од 360мм, затоа што не поширок туку пожежок оџак влечи повеке. Така да види прво оџакот како е што е, па према него направи математика што можеш а што неможеш да направиш.
 
јас за мојот камин со излез ф150 соѕидав нов оџак и тоа внатрешен,при што водев многу сметка на термоизолацијата што ја објаснува владе.внатрешно е со димензии 20 x 20,плус печена тула,измеѓу оџакот и тулата слој на бетон од 4-5 см, и на крај на тулата малтер.влечи многу,и искрено проблем е што премногу влечи оџакот.кога ќе се разгори оџакот,каминот неможи да се контролира.си гори колку и да се затвораат клапните
 
Па провери дали ти дихтоваат клапните, вратничките. Од некаде очигледно ти туши.
Неготински беше твојот така ?
Е па .....
 
Дали си размислувал, наместо изградба на нов оџак да користиш вентилатор?

Искрено првпат слушам за вентилатор во контекст со оџак. Ако сакаш да појасниш малку!
--- надополнето: 5 јуни 2013 во 06:02 ---
За толкава квадратура искрено незнам тие модели какви се што се, ама повеќе ми личат према моделот за до кај 60 -70 квадрати. Направи споредба спрема ложиштето на дипломатот и на овие и ке ти стани јасно за што зборувам. Инаку за оџакот, секако за таа квадратура и самите камини имаат поголем дијаметар на излезот за бориите отколку помалите.
Кај нас е стандард 120 мм а овие мислам дека беа над 150мм повеке на кај 180мм. Што значи и дека самиот производител пресметал дека 120 мм е премалце за толкава снага. Сега нормално има редуктори каде од пропишаниот дијаметар се намалува на 120 но со тоа се намалува и снагата( пробај да трчаш со гасмаска), така да тоа и не е некое решение.
Друга работа. Колку ти е внатрешниот дијаметар на оџакот.
Ако ти е за 15% проценти поширок од излезот на каминот тогаш не би требало да имаш проблеми секако доколку и другите параметри со оџакот се во ред. Еден од побитните е да имаш вертикален столб од минимум 4 метри, значи почнувајки од излезот на каминот до врвот на оџакот да има минимум 4 метри, и врвот на оџакот да е барем едно метро повисок од било што во радиус од 3 метри( во случајот сртот на куќата ). Максимум да има две кривулиња на бориите( ќумците).Друга битна работа што кај нас никој не ја зема во предвид е што на тој оџак да нема приклучено и други грејни тела пошто ке се изгуби вакумот и нема да ти влечи како што треба, а ако не влечи ке ти прави проблеми како на пример ке ти враќа, ке ти кондензира и ке се лепи гареж од недобро согорување. И да не смее да биди поширок 3 пати од излезот на каминот. Значи ако излезот на каминот е 120 мм тогаш идеално за оџакот е да биди широк 150 мм но не повеќе од 360мм, затоа што не поширок туку пожежок оџак влечи повеке. Така да види прво оџакот како е што е, па према него направи математика што можеш а што неможеш да направиш.

Па ложиштето и не сум го видел, но како што гледам во спецификациите приложени пишува дека грее 155 квадрати па се базирам на тоа.
Скоро со сите шо сум правел муабет сите ми рекоа да земам што појака печка.
Јас имам севкупно околу 130, оваа е со 20 квадрати повеќе па затоа и мислам дека неможам да промашам.

А и друго сакав да те прашам. Во што е поентата со разликата од печка со гранитни плочи и обичен?

Што се однесува до оџакот..... дијаметарот на оној веќе постоечкиот што ми е внатре и на кој планирам да го ставам каминот е некаде околу 30см и е висок доприлика 4ипол метри.
На него веќе имам рустик едно 12-13 години и не сум имал проблеми.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom