Си има зошто Дипломатот кошта скапо, ама некако по мое лично (можеби необјективно) гледање, 1000+евра е границата кога сакам да одам на следното скалило во решенијата. Пелети.
Знам дека не е се идеално со пелетите.
На српскиве форуми гледам многу ги користат од ланскава сезона. И генерални се задоволно иако имаат и проблеми. Неквалитетни пелети ги затнуваат горилниците. И цената на пелетите како што кажа е берзанска, на тоа се жалат. Ама некои и сами си прават пелети.
Софтверот нема документирани опции за фино подесување на потрошувачката. Заради тоа и се жалат на потрошувачката, освен ако максималната моќност на печката не е таман погодена со просторот што се грее.
Тука одиме на она што го зборевме за термо-акумулациона маса, систем со голем изолиран резервоар за вода. Тоа би било идеално, но тоа не е проект за во дневна соба. Можеби некој помал резервоар во предсобјето би дал малку инерција.
Сега ја гледам работата и од друг аспект. Пошто сум во близина на Вардар имам подземни води на релативно мала длабочина. Уште стои во дворот цевката од старата пумпа, мислам не е подлабоко од 10тина метри.
Ме интересираат топлотни пумпи, вода-вода или вода воздух. Слушнав за некои Словенски системи ама тие се над 6илјади евра. Моментално читам за некои направи сам варијанти...
Незнам што пишува на српските форуми, ама јас лично некое време баш со тоа се занимавав и искрено ми скурчи.
Има еден куп работи кои можат да тргнат по погрешен пат.
Прво со оџакот или издувните гасови. Ако не е погоден или не е како што треба ке ти прави еден куп проблеми и никако нема да можеш да ја наштеловаш како што треба. Или ке ти гасни или ке ти трупа а и во двата случаи ке ти затнува.
И кога треба да ја одзатниш со недогорени пелети во неа ама ич не е забавна работа, посебно кога некој платил 1000 евра и му рекле дека нема да се замара со такви работи како пепел чистење или незнам што. И да пепел има и треба чистење и горилникот и кај моторите и цевките и оџакот ако го има и тоа неколку пати во сезона.
За пелетите веке е кажано , да не се повторуваме. Само ке напоменам дека ако е наштелована на едни пелети и ако земиш други со различни карактеристики пак ке си имаш еден куп проблеми. Исто ако ги фати влага пак ке си имаш еден куп проблеми. Посебна приказна е ако снема струја на сред горење. Ке чади од сите страни, ама не чад на кој си навикнат кога гори оган туку како пластика или гуми да ти горат во собата, само малце полошо.
Стаклото нон стоп ке ти биде црно, така да ништо од атмосверата на пламен во собата.
На вентилаторите по некое време можи и ке се навикниш, ама и тие се слушаат цело време.
Сега има уште многу за кажување, ама сепак се уште чекам некој да се пријави што има дома печка па да сподели искуства.
И да незнам од каде тоа дека неможеш да ја наштеловаш потрошувачката. Таман работа ако не можеш. Ако незнаат тоа е друга работа , инаку може. Секако мајсторот што ке ја штелова треба да знае како се прави тоа. Скоро никогаш не идат печките однапред штеловани од проста причина што никој не знае на каков издув ке ја наместиш и какви пелети ке користиш, и према тоа на лице место се штелова и потрошувачката и начинот на работа.
За топлотни пумпи по принципот направи сам имам оставено линк во
друга тема каде е детално опишано што и како треба да се направи.