AlternativeF
госпожата од втори
- Член од
- 1 мај 2006
- Мислења
- 4.830
- Поени од реакции
- 7.575
Ќе разгледам добро, Сименс ми ги препорачаа како најдобри, ама сакав да се распрашам повеќе.Користам Сименс 21 КВ и за потрошувачката сум задоволен, мислам дека и AEG се со солиден квалитет.
По консултација со еден пријател ми кажаа дека се подобри тие што користат бакарни греаќи, наместо пластични од причина што имаат поголеми загуби на моќност.
Разликата е некаде 1000-1500 ден. во цената помеѓу пластичниот и бакарниот.
Што е многу значајно, потребно е да имаш солиден притисок на водата за да купиш проточен бојлер.
Провери во Нептун, Техномаркет, Сет и сите останатите продавници...Кога купував цената му варираше за 1000-1500 ден. во секоја продавница за истиот модел.
Проблемот е што притисокот на водата не е баш совршен, не е да капе водата, ама не тече во голем млаз. Ми кажаа дека поскапите бојлерчиња си имале некоја автоматска регулација на притисок и не правеле проблем. Исто ми кажаа и дека требало да се прави сервис на секои 2 години. Колку чини тој сервис и што значи, дека некои делови се менуваат или само се чисти внатре бојлерот?