Ми звучи неверојатно! 5 грејни тела (претпоставувам панелни конвектори) веројатно од типот Thermor AEG Aerlec....во 70 квадрати стан и сметката за струја САМО 6500 (или само за загревање 3500) и плус велиш вклучени нон-стоп, а квалитетот на греење одличен (како сауна)... ! Во што живееш? Во Low Energy House, или во passive house? По мое размислување сосема неверојатно! Велиш 5 грејни тела, претпоставувам 3 со поголема моќ 2-2,5Kw/h а две со помала 1,5Kw.... тоа е околу 10 Kw инсталирана моќ.. и како кажуваш нон-стоп вклучени! Како со толкава потрошувачка успеваш да потрошиш енергија за греење во износ од само 3,500 месечно!? Со толку ниски сметки се оние кои се греат со термални пумпи - инвертери, кои трошат по 1-1,5Kw/h а не 10. Со десет одиш над 2,000 Kw месечно гарант!