Да де исти се ..... во бојата

Двата се црни.
Ај сега вака загледај се во вратничките и ке забележиш дека на едниот вратничките му се заоблени додека на другиот не се. Тоа е затоа што на тој со заоблени вратнички има стаклена плетенка, додека другиот нема. Ете само од таму можеме да почнеме за да видиме дека едниот со другиот нема врска.
А ако каминот не дихтува што значи не можеш да го контролираш согорувањето ништо не си направил.
Сега што пишувале во Чешка незнам но не наседнувај на рекламите. Таму ке напишат се што сакаш да слушниш и да видиш.
И реков дека се прити убави но има прити и прити, а разликата е во неколу 1000 денари за иста снага на камин од една класа погоре. Ако овај бил 9000 другиот би бил максимум 4000 денари плус.
Јас лично со прити се немам расправано но ја знам цела нивна историја. Тие произлегоја кога дел од менаџментот на фабриката за камини во бугарија складова техника (
http://www.st-bg.com/) се одели и го формира прити. Моделите им се скоро исти малце фризирани и со послаб лим, но во глобала ако ги копирале точно од нив тогаш се солидни.
Ако баш толку сте запнале од нив ги копираја и металец битола, па ако ги загледате нивните модели ке видите дека се како јајце на јаце слични, со таа разлика што овие нашите виделе не разбрале и квалиетет им е катастрофа. Затоа само во албанија и косово извезуваат.
Погоре кажав што е битно кај некој камин па кој сака нека го прозиведува. Тие се неколку работи кои треба да се гледаат при купување на камин, пошто не се купува за една сезона туку за подолг преиод.
Од линкот кој ми го даде претежно се претставени на прити и на алфа врање програмата и цените некако не се како што треба, но ете колку за пример
овој модел
http://www.najevtino.mk/p/камин-аfa-plam-ориент-к/120184
само без тие украсни плочки од страна се најдува за 13000 денари од складова техника под име галант 11, арамис , один. Со снага од 6 до 7 кв или по наши за 40 м2( можете да го видете во каталогот на страната од складова техника).
Искрено сега појма немам колку е точна цената на франклин, упланд и амити, Амитито треба да биди над 20000 , упландот некаде максимум до кај 17000 за франклинот и беспари да ми го даваат не го земам,а ги има скоро во сите продавници тука во Битола. Исто ги има и од алфа врање , складова техника, од прити од металец и господ знај веке од каде.