- Член од
- 9 јануари 2006
- Мислења
- 5.649
- Поени од реакции
- 7.490
Еве и цени кај нас за Прити од Римеко.
http://www.rimeko.com.mk/mk/?id=5&kat_id=7&sub_id=56
http://www.rimeko.com.mk/mk/?id=5&kat_id=7&sub_id=56
да, на вградливи камини.... изгор скапи и за огромни простории!Еве и цени кај нас за Прити од Римеко.
http://www.rimeko.com.mk/mk/?id=5&kat_id=7&sub_id=56
Има неколку типа на хрватски камини гусени од пожега или славонска пожега по старо.Nemam iskustvo so kumbinja, ama tie sto imaat mi sugeriraa (pred edna-dve godini sakav na drva da se grejam) samo Alfa plam Vranje.
Komsijata kupi edno hrvatsko neznam koe, nalickano ogromen kamin, 40 kvadrati nemozese da zagree, pa go prodade i sega e so Alfa plam i ok mu e..Uvoznici se Vudelgo taka da kaj niv e poeftino nego li vo drugi prodavnici. Ima opcija za na parno i bez kotel...
http://www.vudelgo.com.mk/
Samo zapazigo promerot na odzakot koj go imas i koj go zahteva kaminot.
Не е тешка глупост туку е факт. Ни еден камин, котел или шпоре со котел за парно не може и не смее да работи без да е приклучено на системот за парно. Така да добро те советувале и ти заштедиле некој денар.Прашав во една продавница за овие Прити за можност со приклучок на парно и ми рекоа, што не ми се свиѓаше, дека тие можат да работат само со поставено парно, но не и без него, што ми е тешка глупост.
Има ли некои други модели кои работат и без поставено парно, бидејки не сум во можност сега да поставувам и радијатори.
Кај го најдовте овај.Eте убав совет и од Владе, очигледно познавач на материјата....
ОК, ако е Prity, навистина прити.... тогаш еве убав модел и евтин на ќумба или камин како сакате....http://www.najevtino.mk/p/prity-k1/103961 незначително поскапо! 9,700!
Со сета почит за познавањето, ама овој моделКај го најдовте овај.
Ајде вака мал совет пред да купите камин.
Прво и основно ке прерачунате за колкав простор ви треба да загревате, па према тоа ке барате соодветен камин.
Пошто камините се во киловати ке рачунате дека еден киловат ви е 7 квадрати ако таванот ви е 2.6 метри.
Друга работа.
Дебелината на лимот. Колку подебел толку подобро.
Трета работа вратничката и контролите за водух.
На вратничките било од горилникот било од пепелникот ако ја има обавезно значи обавезно да има стаклена плетенка како на вратата така и на стаклото. Ако ја нема тогаш одите понатаму.
Контролата за воздухот мора да биди променлива од максимум до минимум. Во случајот на каминот на сликата таа е фиксна на секундарното согорување додека на примарното е променлива. Така да ако сакате скроз да го намалите дотокот на воздух на пример кога има само жар во каминот тоа нема да биди можно. Овде тоа е решено со клапна на излезот за кумецот но тоа не е некое решение пошто едно што не го затвроа комплетно ( ако го затври скроз ке ви чади низ отворот за секундарен воздух) друго ако пробате преку тоа да го регулирате горењето едноставно за брзо ке мора да го чистите оџакот.
Четврта работа.
Над горилникот а пред излезот за кумците треба да има уште една плоча која е најчесто метална и служи жешките гасови од согорувањето да не одат директно во оџак . Тоа допринесува за покомплетно согорување на дрвата или помалце дрва ке ви троши а истовремено повеќе топлина ке дава. Кај фушарските модели тоа е решено или со клапна како на каминот погоре или со заварена метална препрека на самиот излез за кумецот од внатрешната страна на каминот.
Или со други зборови ако од вратничката можете да го видете приклучокот за кумците на каминот или на истиот има заварено нешто што би требало да биди препрека баталете, не ги фрлајте џабе парите.
Петта работа.
Да гледате да има шамотни тули( освем кај гусените, тие немаат) и истите да не бидат лепени туку да влегуваат впо жлебови. Шамотниот малтер( лепакот за тулите) порано или покасно ке падни а со тоа и тулите а ако паднат тие работниот век на каминот значително ке се намали.
Сега конкретно за овој камин на сликата.
Лимот е тенок.
Нема стаклена плетенка нити на вратата нити на стаклото, уште помалце на вратничката за пепел.
Регулацијата на секундарниот воздух е фиксна.
А пошто има клапна претпоставувам дека нема ни метална плоча над горилникот или ако ја има едноставно е само заварена за приклучокот за кумци.
Единстевно мислам дека тулите се во жлебови тоест не се лепени.
Се на се НЕ!!
Да де исти се ..... во бојатаСо сета почит за познавањето, ама овој модел
е ист со К1 моделот, со таа разлика што има рерна... а во Британија е оценет прилично добро! Еве и во Чешка република саде 5-ки за прити К1 моделот! http://krbova-kamna.heureka.cz/prity-k1-cp/... Колку што се секавам, погоре малку и ти се изрази позитивно генерално за Прити камините!?
Е сега има подобри модели од овој! Има, ама колку чинат!? Овие два посочени си се ОК за парите!
Колку чинат хрватските Амити Френклин.... модели што ги посочи и ако имаш линк од истите каде може да се набават!? Или од овде http://www.najevtino.mk/s/cn/камини-и-шпорети/c/595#cn/камини-и-шпорети/c/595/page/1/resultsperpage/32/orderby/priceasc нешто издвои како квалитетно, гледам дека си познавач... ама немој со цена до небо!
Баш пред една недела ги гледав во Штип го има истото е 8000 ден има и едно слично 7000 и нешто е. Со твоја кола би те фатило + 600 ден за бензин.Би го купил веднаш... само да има претставништво/достава до Струмица... како што гледам Култ е со продавница во Куманово....
Прифаќам сугестии! Фала на одговорот.... и на предлогот за каминДа де исти се ..... во бојата
Двата се црни.
Ај сега вака загледај се во вратничките и ке забележиш дека на едниот вратничките му се заоблени додека на другиот не се. Тоа е затоа што на тој со заоблени вратнички има стаклена плетенка, додека другиот нема. Ете само од таму можеме да почнеме за да видиме дека едниот со другиот нема врска.
А ако каминот не дихтува што значи не можеш да го контролираш согорувањето ништо не си направил.
Сега што пишувале во Чешка незнам но не наседнувај на рекламите. Таму ке напишат се што сакаш да слушниш и да видиш.
И реков дека се прити убави но има прити и прити, а разликата е во неколу 1000 денари за иста снага на камин од една класа погоре. Ако овај бил 9000 другиот би бил максимум 4000 денари плус.
Јас лично со прити се немам расправано но ја знам цела нивна историја. Тие произлегоја кога дел од менаџментот на фабриката за камини во бугарија складова техника ( http://www.st-bg.com/) се одели и го формира прити. Моделите им се скоро исти малце фризирани и со послаб лим, но во глобала ако ги копирале точно од нив тогаш се солидни.
Ако баш толку сте запнале од нив ги копираја и металец битола, па ако ги загледате нивните модели ке видите дека се како јајце на јаце слични, со таа разлика што овие нашите виделе не разбрале и квалиетет им е катастрофа. Затоа само во албанија и косово извезуваат.
Погоре кажав што е битно кај некој камин па кој сака нека го прозиведува. Тие се неколку работи кои треба да се гледаат при купување на камин, пошто не се купува за една сезона туку за подолг преиод.
Од линкот кој ми го даде претежно се претставени на прити и на алфа врање програмата и цените некако не се како што треба, но ете колку за пример
овој модел
http://www.najevtino.mk/p/камин-аfa-plam-ориент-к/120184
само без тие украсни плочки од страна се најдува за 13000 денари од складова техника под име галант 11, арамис , один. Со снага од 6 до 7 кв или по наши за 40 м2( можете да го видете во каталогот на страната од складова техника).
Искрено сега појма немам колку е точна цената на франклин, упланд и амити, Амитито треба да биди над 20000 , упландот некаде максимум до кај 17000 за франклинот и беспари да ми го даваат не го земам,а ги има скоро во сите продавници тука во Битола. Исто ги има и од алфа врање , складова техника, од прити од металец и господ знај веке од каде.
Вака сега.Најдов каталог на лиена печка Арина
http://pecguca.blogspot.com/
Дали некој има искуство со ваква печка?
Што е подобро, според Вашето мислење и искуство?:
1.печката да е целата лиена
2. Да е од лим , а само вратите лиени
3. само од лим
Стариот добар мангалБаталете шпорети камини трајно-жаречи,еве ви една направија што има 100,3% ефикаснот и искористливост на енергија.
Небитно , битно е што е нај ефикасниот изум за искористување на топлинска енергија, само треба квалитетен ќумурСтариот добар мангал
Здруженијата за заштита на непушачите инфаркт ке ги фати.
Мангалот и дрвениот ќумур беа речиси единствен начин на затоплување на градовите се до 20. век. Пред да се појават камионите, многу малку дрво можеше да се донесе до повеќето градови, а нешто пред тоа, со развојот ма железницата можеше да се донесе јаглен од рудниците. Дрвениот ќумур беше и главно гориво за подготвување на јадење и во металургијата. Се до крајот на 19 век за добивање на челик воглавно се користеше дрвен јаглен, дури подоцна почна да се користи кокс. Коксот позначајно се користи во високите печки од 1885 ( Пенсилванија )Небитно , битно е што е нај ефикасниот изум за искористување на топлинска енергија, само треба квалитетен ќумур
Башка и личи во собата, а и богами капитал е количеството бакар