Nemam iskustvo so kumbinja, ama tie sto imaat mi sugeriraa (pred edna-dve godini sakav na drva da se grejam) samo Alfa plam Vranje.
Komsijata kupi edno hrvatsko neznam koe, nalickano ogromen kamin, 40 kvadrati nemozese da zagree, pa go prodade i sega e so Alfa plam i ok mu e..Uvoznici se Vudelgo taka da kaj niv e poeftino nego li vo drugi prodavnici. Ima opcija za na parno i bez kotel...
http://www.vudelgo.com.mk/
Samo zapazigo promerot na odzakot koj go imas i koj go zahteva kaminot.
Има неколку типа на хрватски камини гусени од пожега или славонска пожега по старо.
Најпознати од нив е се три типа.
Амити , Франклин и Упланд.
Сега колку што имам видено ги имаат малце подновено и незнам како се понашаат.
Но за муабетот додека амитито е одличен камин, упландот не спаѓа во камин туку во ќумбе но сепак е одлично, франклинот беа жива катастрофа. Си имаа посебни проблеми со оџакот и ако истиот не влече чади корни од сите страни дури да се загрее а и после не е ништо подобар. Да стварно личен е за око но едноставно не го бива и тоа е.
За рустикот од алфа план само ке ви кажам дека е технологија стара над 40 години и покрај тоа што го фалат луѓето не е ништо посебно како камин, има многу подобри од него. Да стварно топли но и троши.
Единствена предност што ја има е дека му се клаваат дрвата од страна( демек кога се ставаат нема да чади) и има големо ложиште така да не мора да се цепат дрвата на ситно. Инаку и покрај тоа што сметаат дека е гусен камин тој е мешавина на гус и лим, гломазен е и по мој фкус крајно грд камин.
За маката да биди поголема има турска копија на нив кој се поевтини за неколку иљади денари ( мислам дека беа околу 18 000 за разлика од овај кој беше некаде 23000) и во ништо не заостануваа од оригиналот ако може така да се нарече и алфата.
Прашав во една продавница за овие Прити за можност со приклучок на парно и ми рекоа, што не ми се свиѓаше, дека тие можат да работат само со поставено парно, но не и без него, што ми е тешка глупост.
Има ли некои други модели кои работат и без поставено парно, бидејки не сум во можност сега да поставувам и радијатори.
Не е тешка глупост туку е факт. Ни еден камин, котел или шпоре со котел за парно не може и не смее да работи без да е приклучено на системот за парно. Така да добро те советувале и ти заштедиле некој денар.
Работата е во тоа што просторот каде е котелот кога нема вода која ке го лади или ке ја превзема топлината од огнот под дејство на истиот ке се оштети. Така да ти можеш да го гориш како обичен камин но кога еден ден ке го приклучиш на парно или ке го наполниш со вода ( под притисок) можеш ептен непријатно да се изненадиш и во екот на грејна сезона да си направиш поплава дома, жто верувам на - 15 степени не е баш пријатна работа а и мебелот дома воопшто нема да ти биде благодарен

.
Eте убав совет и од Владе, очигледно познавач на материјата....
ОК, ако е Prity, навистина прити.... тогаш еве убав модел и евтин на ќумба или камин како сакате....
http://www.najevtino.mk/p/prity-k1/103961 незначително поскапо! 9,700!
Кај го најдовте овај

.
Ајде вака мал совет пред да купите камин.
Прво и основно ке прерачунате за колкав простор ви треба да загревате, па према тоа ке барате соодветен камин.
Пошто камините се во киловати ке рачунате дека еден киловат ви е 7 квадрати ако таванот ви е 2.6 метри.
Друга работа.
Дебелината на лимот. Колку подебел толку подобро.
Трета работа вратничката и контролите за водух.
На вратничките било од горилникот било од пепелникот ако ја има обавезно значи обавезно да има стаклена плетенка како на вратата така и на стаклото. Ако ја нема тогаш одите понатаму.
Контролата за воздухот мора да биди променлива од максимум до минимум. Во случајот на каминот на сликата таа е фиксна на секундарното согорување додека на примарното е променлива. Така да ако сакате скроз да го намалите дотокот на воздух на пример кога има само жар во каминот тоа нема да биди можно. Овде тоа е решено со клапна на излезот за кумецот но тоа не е некое решение пошто едно што не го затвроа комплетно ( ако го затври скроз ке ви чади низ отворот за секундарен воздух) друго ако пробате преку тоа да го регулирате горењето едноставно за брзо ке мора да го чистите оџакот.
Четврта работа.
Над горилникот а пред излезот за кумците треба да има уште една плоча која е најчесто метална и служи жешките гасови од согорувањето да не одат директно во оџак . Тоа допринесува за покомплетно согорување на дрвата или помалце дрва ке ви троши а истовремено повеќе топлина ке дава. Кај фушарските модели тоа е решено или со клапна како на каминот погоре или со заварена метална препрека на самиот излез за кумецот од внатрешната страна на каминот.
Или со други зборови ако од вратничката можете да го видете приклучокот за кумците на каминот или на истиот има заварено нешто што би требало да биди препрека баталете, не ги фрлајте џабе парите.
Петта работа.
Да гледате да има шамотни тули( освем кај гусените, тие немаат) и истите да не бидат лепени туку да влегуваат впо жлебови. Шамотниот малтер( лепакот за тулите) порано или покасно ке падни а со тоа и тулите а ако паднат тие работниот век на каминот значително ке се намали.
Сега конкретно за овој камин на сликата.
Лимот е тенок.
Нема стаклена плетенка нити на вратата нити на стаклото, уште помалце на вратничката за пепел.
Регулацијата на секундарниот воздух е фиксна.
А пошто има клапна претпоставувам дека нема ни метална плоча над горилникот или ако ја има едноставно е само заварена за приклучокот за кумци.
Единстевно мислам дека тулите се во жлебови тоест не се лепени.
Се на се НЕ!!