- Член од
- 20 септември 2011
- Мислења
- 8.146
- Поени од реакции
- 8.544
- Возраст
- 72
Eве мое мислење кое можеби нема да ти се допадне, но е добронамерно.Ми треба мислење околу избор на инвертер климатизер, Опциите се FUJITSU ASYG 12 LEC (цена со монтажа околу710 евра и гаранција 3 години) и TOSHIBA AvAnt RAS-137SKV-E3 (цената скоро иста како и претходната но со гаранција од 7 години). Ми треба мислење која од овие е подобар избор како примарно грејно тело за површина од 20-25 м2 со тоа што доколку падне температура под -15 како резерва имам термо акомулациона печка. Целта со климата ми е да минимизирам трошоците за струја ако е возможно. Секое мислење и секој предлог за можеби друг модел е добредојдено. Поздрав
Според квадратурата доволна ти е клима 2,5, може и помала но кај нас такви нема.
На прашањето дали да се купи клима со или без инвертор, мојата препорака е без инвертор. Инверторот е електронски уред со кој се менува фреквенцијата на струјата и на тој начин се менува капацитетот на компресорот. Климите опремени со инвертор не прекинуваат со својата работа, туку кога ќе се приближат кон посакуваната температура се намалува бројот на вртежи на компресорот и на тој начин се врши регулација. Обичната клима, ако се постави на пример на +24 степени, ќе се уклучи на 23, а ќе се исклучи на 25. Климата опремена со инвертор ќе ја одржува температурата околу 24 степени и воопшто не се исклучува. Што значи дека е по пријатно да се користи клима со инвертор, а недостаток е што таква клима е поскапа и има еден дел ( инверторот ) повеќе како можност за расипување - кој е скап дел. Инаку постоењето или не постоењето на инвертор воопшто не вијае до која надворешна температура ќе ја користиш.
Климите имаат номинално СОР околу и преку 3, што значи дека од еде киловатчас струја ќе добиеш 3 киловатчаса енергија за затоплување, но струјата плаќаш и по скапа тарифа. Но тоа се однесува ако надворешната температура е околу 7 степени. Ако надворешната температурата е пониска и СОР се намалува.
Моја е препорака да земеш најобична клима од 2,5 и практично да провериш што ти е поефтино во споредба со термопечката со следење на потрошените киловат часови на струјомерот