nE0n1nja
Eat nerds get shredded
Читнав на страната и можам да речам дека теоретски многу добро звучи, практично сатот за струја ако ти беше од старите ( што имаше еден дел што врти) комотно како вентилатор ке можеш да го кориситш. Ке те отепаат од струја трошење.
Колку што видов тоа се најобични греалки, ништо пософистицирани од обичен калорифер или кварцна греалка или ајде греалката во бањата што виси на ѕидот. И да се разбериме во добро изолирана куќа и на свеќи да се топлиш ке се стоплиш. Проблемот е што кај нас куќите или становите претрежно везе немаат од изолација, така да тоа има да грее и да грее и да грее......
И да напомениме дека овие панелки како и сите други не распознаваат евтина скапа, а пошто сега само на вечер има ефтина цело време ке работи на скапа струја. Сметката ке ти биди поскапа од панелот.
Мој совет е ако веќе одбирате на струја да се греете или клима или термо печка и не си играјте играчки. Нема заебанци со струјата сега.
Сега ако ви е за украс или за мода демек лично да ви биди во собата подобро отворен камин изѕидајте, 100 пати е поличен и по кул. Додуша и со него нема да се стоплите ако не потрошите пола рид дрва, ама битен е филингот.
Се работи за простор од 30м2 со термо фасада, и евентуално втор простор од 60м2 исто со термо фасада. Човекот на емисијата кажа дека овој систем е далеку поефтин во однос на било кое загревање на струја а воедно и најефикасен. Секако ќе се напраат рачуници и консултации, па ќе видиме што ќе испадне.
зошто ќе ни ја исклучат струјата (ако биде на мазут, нафта итн. ќе биде, аман бе пак ли трба да се купи), има луѓе што должат по 100 тина илјади за парно, подобро да наебам сам отколку за некој друг.
па ги чекам да ми дојдат да ме исклучат и официјално. Инаку тој на шалтерот, пази сеа, ми кажа дека не сум требал да ја плаќам сметката за Август, и откако ќе ме исклучат да отидам у канцеларијата кај што го поднесов барањето да ми ги рефундираат парите - сигурно ќе бидам првиот шо излегол од топлификација со пари, лајк а бос!