Најекономично греење и ладење

  • Креатор на темата Креатор на темата Dr Zmigo
  • Време на започнување Време на започнување
ок е за греачот.. го знам тоа... ама нигде на пример не удриле на калкулација на залепениот каменец и слично... после никој не исклакулирал губитоци на самиот бојлер, без оглед на било која изолација...

во делот за пелетите се согласувам дека во индустриските објекти им се исплати...

ај ке отвориме деновиве тема за искористливост на енергија и ке дискутираме таму... темва баш не е соодветна и да не ја загадуваме...
некако погрешно ја фативме работата, ама нема везе.
нормално е да си го браниш своето, а и никој тука на форум се нема пожалено за кано системите, така да од моја гледна точка најверојатно се добри. за печките на пелети можам да речам дека се далеку од рекламите, ама се трпат.
како што нагласив јас ни нудам ни продавам така да и немам некоја потреба да ги фалам ни едните ни другите ни третите
за искористливоста или колку троши требаат лабараториски услови нели, но лабараториски и практично не е секогаш исто.
како што го зеде ти пример бигорот, јас ке додадам и излоација и уште еден мал милион работи од кои директно и индиректно зависи потрошувачката. некој систем може да биде и со ефикасност од 100% ама што ако средината која ја грее е хотел промаја. цело време влегуваат излегуваат, изолација никаква итн итн. тогаш од гледна точка на потрошувачот ке испадни дека нема ни 10 % искористливост.
 
Лани ко го зеде годишниот одмор ме прашуваа до кога е лошиот модератор отсутен да си знајме :icon_lol: така да... мене од *** не ме дрецнале ко сум давал опомени :pos:
Сакам имиња :)
 
dali nekoj moze da mi kaze kolku pari idi smetkata za struja so parno na struja od postarite i so kano sistem,
 
Мене околу 100 евра сметка ми дојде за Ноември за стан со три радијатори на парно со струја.
 
Смрт за зони и пајак возила @ Mkd Vlade @ kano-eko-sistemi
Дискусијата ја насочувате во погрешна насока. Проблем е што во Македонија нема национален начин на економично греење. Моментално доминираат дрво и струја, а треба да се бараат други начини со драстично пониски цени на греење. Ако едно семејство троши третина или четвртина на вкупните годишни приходи за греење, ќе се сложите дека се потребни промени. Имате ли некоја идеја?
 
ако мислеше на исланд кој лежи на геотермални извори и во цел рејкавик нема ни еден оџак, во ред. ние тука немаме ни евтин плин, ни геотермални извори ни навта. не сме ние криви што стандардот ни е таков каков што ни е, па се ние скапо.
колку што сум бил по белиот свет, и таму се користат истите извори( струја , гас , нафта , дрва , пелети итн), но стандардот им е каде каде повисок така да не им влијае многу, исто и кај нас што беше пред 20-30 години. кој гледаше дали се грееш на нафта, струја или слично или пак изолација да ставаш.
а алтернативните извори на греење сеуште мислам дека не се докажани доволно , а и премногу се скапи за изведување за повеќето.
идејата е колку што може да се направи живеалиштето термички изолирано да имаш што помали губитоци на топлина. сепак и најефикасниот систем да го имаш ако немаш излолација џабе е се.
 
Смрт за зони и пајак возила @ Mkd Vlade @ kano-eko-sistemi
Дискусијата ја насочувате во погрешна насока. Проблем е што во Македонија нема национален начин на економично греење. Моментално доминираат дрво и струја, а треба да се бараат други начини со драстично пониски цени на греење. Ако едно семејство троши третина или четвртина на вкупните годишни приходи за греење, ќе се сложите дека се потребни промени. Имате ли некоја идеја?

Во светот веројатно најекономично е греењето на природен гас ама кај нас сеуште не е готова гасификацијата... :S
 
идејата е колку што може да се направи живеалиштето термички изолирано да имаш што помали губитоци на топлина. сепак и најефикасниот систем да го имаш ако немаш излолација џабе е се.
Овој твој став вреди пари. Термичката изолација е многу важна. Сите зборуваат дека е важно да се сменат прозорите и вратите, меѓутоа со тоа се занемаруваат главните загуби на топлина низ ѕидовите, подовите и таваните. Предлагам да во овој Форум покренеме дискусија за изолациите.
А и што користиме за греење, дрво и струја. Струјата, скоро половина, е од увоз. Дрвото е добро, еколошко гориво но е скапо и со сегашно користење со индивидуални печки го користиме се низок степен на корисно дејство.
Во Македонија има доста земјоделски дрвени одпадоци ( на пример од кроење на овошјето и лозјата ). Дали има начин и искуство, да се искористат за греење? Да разгледаме други можни горива? Ова го напишав како идеја за размислување, не само за тебе туку и за другите учесници. Дали може некој да пресмета колкава е количина на дрвените одпадоци во Македонија имаод лозјата и овоштарниците?

Во светот веројатно најекономично е греењето на природен гас ама кај нас сеуште не е готова гасификацијата... :S
Природниот гас е во целост увозен и неговата цена е врзана со цената на нафтата. Така да тој не може да представува национално гориво. Денеска разговарав со еден Пријател кој живее во Италија и кој ми се пожали дека греењето на гас таму било се поскапо. А и скопска Топлификација работи на гас па погледни какви цени има.
 
dali nekoj moze da mi kaze kolku pari idi smetkata za struja so parno na struja od postarite i so kano sistem,
јас ке ти кажам.. од досегашното искуство е околу 1:2 значи ако класичен елктричен котел троши 50 денари за да се постигне одредена температура, кано системот ке потроши 25.

еве ти линк прочитај компарации со снаги (киловати), поткрепено со фотографии од места каде имало електрични котли па се монтирани кано системи: кликни тука

п.с. го молам модераторот да не го избрише линков, барем некое време, чисто колку за да се развие дискусија...
 
Овој твој став вреди пари. Термичката изолација е многу важна. Сите зборуваат дека е важно да се сменат прозорите и вратите, меѓутоа со тоа се занемаруваат главните загуби на топлина низ ѕидовите, подовите и таваните. Предлагам да во овој Форум покренеме дискусија за изолациите.
А и што користиме за греење, дрво и струја. Струјата, скоро половина, е од увоз. Дрвото е добро, еколошко гориво но е скапо и со сегашно користење со индивидуални печки го користиме се низок степен на корисно дејство.
Во Македонија има доста земјоделски дрвени одпадоци ( на пример од кроење на овошјето и лозјата ). Дали има начин и искуство, да се искористат за греење? Да разгледаме други можни горива? Ова го напишав како идеја за размислување, не само за тебе туку и за другите учесници. Дали може некој да пресмета колкава е количина на дрвените одпадоци во Македонија имаод лозјата и овоштарниците?
.
има многу алтернативни горива но мислам да се отвори друга тема за да не ја разводниме оваа многу. и веќе кога сме тука да од кроењето на лозјето се прават доста квалитетни брикети и пелети кои колку што имам разбрано имаат голема калорична вредност.исто така и од крлуштите од комината. па тука е и оризовата арпа. за мали фамилијарни бизниси количините се сосем одлични. па ајде ке го спомниме тука и употребеното масло за јадење и маслото од колите. и двете кога согоруваат целосно во добро конструирана печка немаат видлив чад и не го загадуваат воздухот ништо повеќе од нафтата или мазутот. имам и видено и котли за парно кои работат на талаш( пилевина).
така да ајде отворите нова тема таму ке се расприкажеме.
 
Се согласувам и силно те подржувам, отвори нова тема алтеранативни горива за греење. Предлагам во темата да се зборува, за горивата, начинот на подготовка на тие горива, печките за такви горива и цените. Македонија теба да пронајде свое национално гориво. Со тоа, не само што ќе заштедиме, туку и ќе се отворат нови работни места.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom