Не ми се верува дека Техномаркет се толкави се толкави дунстери, аматери.... за да дозволат вакви мизерии да се случуваат со сервисирање на клима уредите кои тие ги продаваат.... Инаку искрено, тоа и погоре на форумов го напишав - не прочитев на ниеден форум добри зборови за Hitachi инверторите - ниту на хрватските, српските бугарските сајтови кои ги посетувам.... баш спротивно, многу извикани се, можеби најмногу од инверторите! Се жалат луѓето на нив.
Искрено, не ми е јасно зошто инсистираш за скап инвертор од марките Daikin, Mitsubishi, Toshiba....кои чинат како што заклучи блиску до иљадарка.... кога погоре напиша дека би го користел за греење на просторија 40-45 м2 во полу-сезона: Октомври/Ноември..... и веројатно Март/Април? Во меѓувреме за најладниот период на зимата користиш парно кое велиш одлично функционира!? Овие марки што ги наведов вклучувајки го тука и многу квалитетниот производител Fuji - Fujitsu.... се клими-инвертори кои служат и во најладниот дел на зимата, и на температури до -15 дури некои модели и на -20*С... значи како основно (единствено) грејно тело....
По мене, значи лично мое мислење (што немора да биде точно, бидејки моите информации се од пријатели или од специјализирани сајтови или разни форуми од Балканов).... било кој модел од споменатите брендови, кој е со инсталирана моќ + 4Kw и 12.000 BTU.... без никаков проблем би ја извршиле задачата греење на добро изолирана просторија од 40м2 во полусезона (4 месеци)..... Дури сум на мислење дека покрај добра изолација доколку имате и добра надворешна столарија, нови прозори масив или повеќекоморни PVC со термопан стакло..... ќе заборавите на парното, особено ако можете да го сведете греењето на 25М2, како што кажа погоре.
Понудата овде е навистина очајна! Ретко се среќава од овие брендови во понудата на инвертори.... и доколку се најде тогаш тоа ќе биде инвертор Made In China, како што е случај со многу добрата марка Fujitsu која се нуди во продавницата Yorc позади Собрание на РМ во истата низа со Леснина МИ Краш.... но ќе повторам како кинески производ. Денес случајно поминав поред таа продавница и видов во излогот еден модел на YORC инвертор 4,2Kw, со одличен COP фактор (потрошувачка 0,85 - така барем пишуваше).... па се сетив на твојот пост и уште повеќе дека еден стручњак за греење Кано на форумов рече aко не се лажам дека моделите на YORK, Carier.... и воопшто американските клими биле врвот на климатизацијата (заедно со Јапонците) бидејки надворешните единици ги правеле од многу квалитетни материјали, при што нивните единици тежеле дупло повеќе од останатите.... Цената на овој модел ако добро се сеќавам е 45-6 наши иљади, а Fujitsu-то некаде 39,000.- .....
Сепак ми изгледа најдобар избор на нашиот пазар е понудата на Енергија - Toshiba... моделот сега, дали е Daisekai незнам, но произведен e во Малезија за европски пазар, секако е многу подобар избор од кинескиот Фуџитсу.... за овој модел пишуваше една дама на форумот, веројатно ќе прочиташ..... ако добро се сеќавам цена околу 50,000 Ден....
Толку од мене... драго ми е што го посочи форумов те. темата на него како најквалитетна на нашиве форуми, со оглед на тоа дека ја отворив јас!

.... се надевам дека и нешто корисно ќе извлечеш од моето пишување, макар и тоа дека не треба да слушаш секого.....

Во секој случај најдобри се советите од професионалци... се надевам Кано ќе се вклучи со некој совет.