Најекономично греење и ладење

Член од
11 мај 2010
Мислења
2.952
Поени од реакции
718
Барам совет, во план сум да купам инвертор клима, чија главна намена ќе биде греење.
Препорачајте некој модел што може да се најде овде.
Просторот ми е околоу 55 квадрати, се бара ефикасност и квалитет.
Фала.
прво друже треба некои детали да кажеш... како на пример изолација на тие 55 квадрати и дали тие 55 квадрати се една просторија или повеке... ако се повеке колку се и како се формирани... од старт да ти кажам дека една клима за стан од 55 квадрати (значи поише соби) недоаѓа у предвид да постигне за се и за ладење и за греење... така да ај прво изјасни се што точно ти треба па после ке дискутираме што ти треба од тоа што го има на пазаров што да одбереш...
 
Член од
17 ноември 2010
Мислења
21
Поени од реакции
1
Благодарам на одговорите.
Еве детално инфо:
2 соби
1. 5mx6m=30m2(дневен престој)
2. 3mx6m=18m2(кујна и трпезарија) споени по подолгата страна со отвор од 3m.
Значи точно 6mx8m=48m2.
Ги греам со термо од 4KW мислам дека клима со идентична моќност ќе ми заврши работа или пак не ?
се мислев за вакво нешто
 
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.581
Поени од реакции
1.853
Иако не кажа ништо за тоа каква изолација имаш па и каква столарија особено надворешната (балконска врата и прозори)..... мое мислење е дека простории од вкупно 48м2 споени со отвор од 3м со квалитетна клима- инвертер, доколку на предходните прашања одговориш со: добра, солидна или одлична можеш квалитетно да загрееш, но секако неговата снага би требало да биде како што и самиот заклучи 4Кw или нешто повеќе....
За моделот кој прашуваш HITACI RAS/RAC-S14H3A мислам дека не ти е баш добар избор! Прво наменет е за загревање на простории од 20-30м2 а тебе сепак ти треба барем од 30-40м2..... второ ми се чини на некои форуми (Бугарија Хрватска....) имам прочитано дека климатизерите на Hitachi, особено оние произведени во Кина (каков што е моделот кој го нуди Техномаркет) се прилично *извикани*..... провери, истражи.... И ти го кажувам само моето мислење, а тоа е, ке повторам: Почитувам само *Јапанци* кои за жал ги нема овде (ги има во соседството) и кои исктено кажано барем уште стотче, а некои модели и две се поскапи од цената на моделот на Хитачи кој ти го посочи, на пример овој модел на Fujitsu би бил идеално решение за тебе, арно ама ко ќе го донесиш и платиш сите давачки некаде околу 800 Евра чини:
http://www.vimaks-klimatici.com/klimatik/fujitsu-asy---14u-852.html#
Но иако е наведено во техничката спецификација за помали квадратури отколку имаш ти, мислам дека би ти одговарал и овој модел на Fujitsu... далеку поевтин од првиот (во Бугарија се продава малку над 1000 Лева, што би било 500 Евра)... значи со сите давачки овдека не би требало да е многу поскап од моделот кој ти го посочи, а да се разбереме за класа-две е подобар од него!!! Со фантастично добар COP од 4,3 со инсталирана снага до 4,2Kw, но многу мала потрошувачка при греење од 0,75 Kw/h, што практично значи доколку биде нон-стоп да биде вклучен 24 часа/30 дена (како Владата на РМ) не би потрошил месечно повеќе од 1,500,- до 1,600,- Ден за греење!!!
http://www.vimaks-klimatici.com/klimatik/fujitsu-asyg-09le-874.html#
.... Инаку ако ме прашаш, помеѓу овој модел Хитачи што го нуди Техномаркет и модел инвертор на Фонко од истата класа и слична цена, јас би се решил за вториот....
Се надевам дека попрецизен, поконцизен, секако и постручен одговор на ова прашање ке добиеш од Кано. Но сепак за да ти помогне во изборот на најквалитетно греење, напиши нешто за она што те праша: за изолацијата на станот, те.просториите што сакаш да ги грееш... живееш во стан или куќа? Приземје, спрат? Гравитира према север или запад? (веројатно и тоа влијае, јас незнам но сепак напиши)..... столаријата каква е? Нова, стара, дрво, ПВЦ, крило на крило, стаклото еднослојно, термопан....???
 
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.581
Поени од реакции
1.853
Еве зошто материјалите во градбата и изолацијата пред се влијаат на квалитетот на греењето....
Енергетската ефикасност во градба на објекти... те. ТОПЛИНСКИ КОНДУКТИВИТЕТ (топлинска спроводливост) λ (W/m *C):
минерална волна (тервол, УРСА....) ....... 0,036
дрво..............................................................0,14
бетон............................................................1,7!!!
жал ми е не најдов податок за стиропорот и за гипс-картон плочата, но верувам дека имаат многу ниски вредности, те. мала топлинска спроводливост ....
 
Член од
17 ноември 2010
Мислења
21
Поени од реакции
1
Се работи за куќа, постара градба, ќерамиден блок и обична фасада.
еве квази шема:
 
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.581
Поени од реакции
1.853
Повторно ќе ти кажам: Искрено не верувам дека посочениот инвертер (HITACI RAS/RAC-S14H3A) би можел квалитетно да си ја заврши работата, те беспрекорно да го загрее посочениот простор. Би требало да размислиш за поквалитетен и појак модел.... и она што нема да ти се допадне поскап модел.
Незнам за овдешната понуда (мислам дека е очајна).... но јас вака би играл:
http://www.vimaks-klimatici.com/klimatik/fujitsu-asya-12lgc-833.html#
Fujitsu ASYA - 12 LGC оригинал Јапонец кој би работел беспрекорно со инсталирана снага до 5,6Kw одличен COP фактор од 4,12 што овозможува многу економична ПРОСЕЧНА потрошувачка од нешто помалку од киловат на час, во чиста А/А класа... со цена во мајка Болгарија од 1250 Љавчета што би било 620 Евра.... Доколку успееш на граница да си го повратиш ДДС-от (данокот на дод. вредност кај нас) што би требало да биде рутина те вообичаена пракса во земјите на ЕУ, со што би се одбегнало двојното оданочување..... со плаќање овде царина и ДДВ не би требало да чини повеќе од 700 Евра (непроверено - распрашај се провери).
 
Член од
17 ноември 2010
Мислења
21
Поени од реакции
1
Знае некој колку е цената на TOSHIBA Super DAISEIKAI RAS-13PAVP-E, ги има во енергија.
 
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.581
Поени од реакции
1.853
Ф
Знае некој колку е цената на TOSHIBA Super DAISEIKAI RAS-13PAVP-E, ги има во енергија.
50.000 ако е истиот модел за кој спомна предходно ГабиА таа спомна некој инвертор од Toshiba - AvAnt 3.5kW Малезиски е, но за класа подобар од кинеските Панасоник или Хитачи..... за две класи од ЛГ или Самсунг... за три класи подобар од НЕО-мео, БЕКО и тн.... Еееептен би ти вршел работа овој модел пријателе, само 15.000 е поскап от Хитачи-то!
 

^X^

Член од
22 декември 2007
Мислења
1.457
Поени од реакции
376
Се работи за куќа, постара градба, ќерамиден блок и обична фасада.
еве квази шема:
За куќа подобро прво да инвестираш во изолација, инаку греењето ќе ти дојде скапо и пак нема да се загрееш како треба.
 
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.581
Поени од реакции
1.853
За куќа подобро прво да инвестираш во изолација, инаку греењето ќе ти дојде скапо и пак нема да се загрееш како треба.
Многу точно! Доколку не си во можност однадвор на пример *демит фасада* (што би било идеално) .... не е лошо и од внатре да ги изолираш надворешните ѕидови со 5-ка тервол и гипс-картон плочи. Нема да те чини скапо.
Нешто непроверено. Слушнав деновиве (од колешка) дека на понуда на пазарот имало некои табли веројатно тврдо пресуван стиропор, стиродур, полистирен... (што ли ќе е!?) кој се поставувал од внатрешна страна како изолација на надворешните зидови. Као се ставале неколку слоеви: лепило, стиропор, рабиц мрежа, глет маса, завршен слој.... тоа би му дошло како некоја внатрешна демит фасада, но како реков треба да се провери оваа полу-информација.... сепак и ГК Кнауф е доста добра опција за изолација - евтина а добра!
 

korka

Голтар
Член од
25 септември 2008
Мислења
1.027
Поени од реакции
435
Многу точно! Доколку не си во можност однадвор на пример *демит фасада* (што би било идеално) .... не е лошо и од внатре да ги изолираш надворешните ѕидови со 5-ка тервол и гипс-картон плочи. Нема да те чини скапо.
Нешто непроверено. Слушнав деновиве (од колешка) дека на понуда на пазарот имало некои табли веројатно тврдо пресуван стиропор, стиродур, полистирен... (што ли ќе е!?) кој се поставувал од внатрешна страна како изолација на надворешните зидови. Као се ставале неколку слоеви: лепило, стиропор, рабиц мрежа, глет маса, завршен слој.... тоа би му дошло како некоја внатрешна демит фасада, но како реков треба да се провери оваа полу-информација.... сепак и ГК Кнауф е доста добра опција за изолација - евтина а добра!
isto ti e vnatresno demit fasada za toa si vo pravo
ke ti odzeme nekoj 7-8 sm vnatresno od zid
i najidealno e da se koristi vnatre mineralni materijali koi sto se poeftini od ostanatite
ovoj sistem mu e top i bi go kostal nekoj 13-16 evra od m2 kaj nas vo makedonija
knauf ke go kosta poveke
e sega racunaj deka odprilika za negovata kuka bi doslo okolu 150m2 zidovi(ne me fakaj za merka tocna)
toa se naknadni 2 banki trosok sto ke mu vredi mnogu vo zivotot kako investicija
 
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.581
Поени од реакции
1.853
од планот (скицата) на просториите што сака да ги грее можеме да видиме дека само поголемата просторија 5Х6м се надворешни ѕидови... значи (претпоставувам висина 2,5м1:
(5*2,5) 2 ѕида
(6*2,5) 2 ѕида
по мене 55 м2.... ама ова што го кажуваш за цената (13-16 Евра) не ми изгледа баш евтино!
 

korka

Голтар
Член од
25 септември 2008
Мислења
1.027
Поени од реакции
435
од планот (скицата) на просториите што сака да ги грее можеме да видиме дека само поголемата просторија 5Х6м се надворешни ѕидови... значи (претпоставувам висина 2,5м1:
(5*2,5) 2 ѕида
(6*2,5) 2 ѕида
по мене 55 м2.... ама ова што го кажуваш за цената (13-16 Евра) не ми изгледа баш евтино!
za metraza ne kazav tocno kolku i kako ke si vidi on
a cenata e taa znaci materijal rabotna raka se vkluceno
hehehe jas mislam deka e eftino ako saka takvo nesto
ne sum momentalno vo MKD ne gi znam tocno cenite pukam samo kolku sto imam slusnato
znaci toa mu e top cena sprema mene sredeno cakum pakum obeleno a on so raka vo dzeb(gazda)
e sega ako saka sam da pravi toa veke e drugo
 
Член од
8 август 2011
Мислења
91
Поени од реакции
67
Znaci prvo vaka, komsiite sto site gi zborite se vo EU i nemaat 15 posto carina prema Japonija kako sto iamme nie. Za toa kriv e nekoj drug a ne Toshiba. Sum primetil i za drugi raboti ne samo za klimi kaj nas se poskapi od komsiite. Se slagam deka vo kina kvalitetot na izrabotka e poslab no ne go mislam toa za Tajland. http://www.toshiba-aircon.jp/affiliates/index.htm, na toshiba carrier coorporacijata najgolemite fabriki im se vo tajland i od tamu nosat vo cel svet. Taka da ona sto doaga kaj nas e istoto sto e vo Germanija ili vo UK.
Za 55 kvadrati ke ti treba okolu 5,0 kW.
I daj nemojte so tehnomarket i neptun, covece, odam pred nekoj den i edna zena me ubeduva deka do -15 S normalno ke raboti klimata a posle toa samo malku ke i padnel kapacitetot :S. Vo takvi supermarketi isto im e dali ke prodadat tavce za przenje jajca i klima ured taka da ne veruvajte mnogu na "strucnite" lica zadolzeni za prodavanje na klima uredi i frizideri i televizori i sto uste ne vo tehnomarket.
 

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
isto ti e vnatresno demit fasada za toa si vo pravo
ke ti odzeme nekoj 7-8 sm vnatresno od zid
i najidealno e da se koristi vnatre mineralni materijali koi sto se poeftini od ostanatite
ovoj sistem mu e top i bi go kostal nekoj 13-16 evra od m2 kaj nas vo makedonija
knauf ke go kosta poveke
e sega racunaj deka odprilika za negovata kuka bi doslo okolu 150m2 zidovi(ne me fakaj za merka tocna)
toa se naknadni 2 banki trosok sto ke mu vredi mnogu vo zivotot kako investicija
.......изолација од внатре??? ......тоа значи дека масата на зидовите ја исклучуваш како термички акумулатор.., останува само како звучен. Се изолираш и за греење и за ладење само со 7-8-те см, внатрешно на зид....
 

Kajgana Shop

На врв Bottom