Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата tha CaspeR
  • Време на започнување Време на започнување
Трето - Наградно прашање: Дали Морган Фримен се појавува во секој втор снимен филм во Холивуд или мене така ми се чини?

П.С Има ли излезено добра снимка од The Tree Of Life. Сто години го чекам.
- Изгледа, моментално гледам една документарна серија "Through the Wormhole" (2010) во која е наратор а во добар дел и се појавува на екран :)

- Нема, вчера барав. И од тие што ги има повеќето се со руско или француско аудио.
 
Малку фали да излезе од фрижидер. Навистина добар глумец, ама толку е хиперпродуктивен просто да му се одмили на човек. Не ти иде да речеш: "Еј Морган има нов филм", туку баш напротив реакцијата е "Ау пак ли???"
 
За Морган Фримен не, ама такво чувство имам за Марки Марк ака Волберг и затоа ми е одбивен и не можам да ги гледам филмовине у кои глуми поради него, кога ќе му ја видам тоа смотаната фаца. :) Од рапер, манекен за долна облека да не кажам гаќи, почна да се пика у секој втор филм. :rolleyes:
 
Овој, баш не е за ДД фанови :), пошто тие што го гледале викаат благе везе нема филмов со стрипот, само тоа што Брендон Рут ја носи истата облека како ДД (и името :)). А и кај може ДД филм без Гручо (Маркс). :)
Иначе поблиску до ДД е

Cemetery Man (1994)
aka "Dellamorte Dellamore"

Не сум го гледал новиот филм за Дилан Д. Според трејлеров и неколкуте прочитани рецензии, изгледа нема ни во иднина да го направам тоа.
Инаку, мене многу ме изненади фактот дека изгледот на Д.Д. е креиран токму по Руперт Еверет од Dellamorte Dellamore. Не знам како дошло до тоа, но секако не е до филмот, оти стрипот е доста постар. Среќа што е земен само изгледот на Руперт, зашто инаку ќе имавме детектив-педер кој се бори со вампири, духови и слични појави. Некако би било премногу за мене, за другите не знам. Од друга страна, зошто да не се искористи Еверет, додека не е остарен? Би можеле и серија да направат, само ако го решат проблемот со Гручо (додуша, се работи за повеќе проблеми - оригиналниот лик е одамна мртов; не гледам кој би го заменил; тука се и проблемите во врска со авторските права поврзани со користењето на неговиот лик и сл.
А би било навистина добро да се екранизира и Martin Mystere. Има и стрипови во кои Д.Д. и М.М. се заедно, зошто не и филм, серија ;) ?
 
Да дополнивте темата за тапчовци?
Фали анимирани, бонус и акција. А Појол чека да изгледа сите 10 од акција, за да каче левел.
Уште е тапчо. :))))))))
 
Да дополнивте темата за тапчовци?
Фали анимирани, бонус и акција. А Појол чека да изгледа сите 10 од акција, за да каче левел.
Уште е тапчо. :))))))))
Трпение, спасение.
 
а каде е сместена таа тема ? никогаш самиот неможам да ја најдам освен линк некој тука ако не остави.. зошто не ја ставите како важна тема па сите да можи лесно да ја пронаоѓаме..
 
а каде е сместена таа тема ? никогаш самиот неможам да ја најдам освен линк некој тука ако не остави.. зошто не ја ставите како важна тема па сите да можи лесно да ја пронаоѓаме..

Важна е бе друже, во Филм и ТВ подфорумов, еве ти ја:

Водич низ галаксијата - филмски каталог за тапчовци!
 
Важна е бе друже, во Филм и ТВ подфорумов, еве ти ја:

Водич низ галаксијата - филмски каталог за тапчовци!
Знаеш што е зезнато, порано во корисничкиот панел надгледуваните теми стоеја без разлика дали некој пишал нешто ново или не. Во тие во кои имаше ново беа болдирани насловите. Сега кога нема ново се губи темата од надгледувани (а оваа е затворена за пишување). Јас на пример во букмарк имам надгледувани теми за побрзо да ми отвора. Порано со к-панелот беше супер сега си имам мака со ова.
 
Истото се дешава и кај мене, само ако имаш нови мислења на темата ти ја дава во надгледувани и мислам стига известување ако некој постира во неа. Ај веројатно со апгрејдот ќе се среди :)
 
у ред е таква тема но мислам дека треба да ставите после секој жанр honorable mention, по пет филма доволно ќе е.
во жанрови како драма,сајфај,трилер и те како фали.
 
Каснам али го гледав Disturbia. Како да гледав филм пред Трансформерс дејствието - Shia LaBeouf значи не знае поинаку да глуми, се едно па исто...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom