Не ја знам причината зошто не си задоволен од климата, но едно можам со сигурност да ти кажам – ако земеш друга од истата класа и ценовен ранг, нема да добиеш некоја голема разлика. И да, сиромавиот двојно плаќа. Ако имаш можност, земи си поквалитетна клима. И слободно земи си дури 2.5ка наместо 3.5ка ти гарантирам дека ќе греe подобро од 500 евра клима.
Погледни ја сликата – мојата е 3.5 kW, а имам и Daikin Emura која е на хартија 2.5 kW, ама има многу повеќе сила од старата Vivax 3.5ка која беше монтирана на истото место каде што сега е Emurata. Да не зборувам дека Vivax-от ми трошеше многу и во зима беше борба да ја загрее просторијата.
Не ме сфаќај погрешно, ова го кажувам само како пример. Не мора да е Daikin, има и други брендови што вредат. Има луѓе тука што ќе ти дадат конкретни примери за добри клими, и има и други „профи“ што само се смеат на нашите искуства, ама не кажуваат ништо конкретно или често со испревртени факти
Среќно со изборот!
Прегледај го приврзокот 447016