Даикин имаат нова топлотна пумпа воздух-вода четврта генерација, значи чудо е ЧУДОВИШТЕ.
Daikin Altherma 4 H сплит систем. Новата надворешна има ознаки EPSK.
Работи на фреон R-290, или пропан, што и дава голема енергетска ефикасност и работна температура -28.
Главен недостаток на R-290 е тоа што е екстремно запаллив. Меѓутоа е на природна база и дури ако е ослободен дирекно во атмосферата нема негативни влијанија. Има Global Warming Potential (GWP)=3.
Како за споредба R32 е синтетички, забрането е да се испушти дирекно во воздухот има GWP=675.
Daikin Altherma 4 H можи да ја загрее водата до 75°С при најниска надворешна температура од -15 без употреба на греач.
Затоа комотно можи да го замени стариот котел од парното и дури да работи со класични радијатори.
Секој друг ќе ти речи "абе знајш топлотна пумпа само со подно оди".
Тоа е така бидејќи кај подно ти треба вода загреана до 35 а толку им се можностите на производот што го нудат.
Надворешната од сплит системот можи да се комбинира со било каква внатрешна зависно од потребите. Само греење на простор, греење на простор плус топла вода, греење и ладење...
Има опции да работи на монофазна (6-10kW) или трофазна струја (8-14kW)
Ова им се спецификациите на најслабата од 6 kW комбинирана со внатрешна само греење на простор.
Прегледај го приврзокот 447425
Прегледај го приврзокот 447427
Прегледај го приврзокот 447434