
Размислував да купам некој мулти сплит клима уред, пред сѐ за ладење на двете простории. Ме пишманат, велат дека не се толку ефикасни. Станува збор за две мали простории, на последен спрат. Дел од левата - помалата е во поткровје, двата прозора се кровни.
Прашањето е дали еден клима уред би можел да ги разлади двете простории, ако непрекидно работи? Доколку е тоа можно, која марка и јачина би ми препорачале?
Најважното: станот е во Словенија, тука ќе се најдат сите брендови како и кај нас, меѓутоа поскапи. Да не зборам за цената на монтажата, која за инвертер се движи од 300-400евра



