- Член од
- 19 март 2021
- Мислења
- 222
- Поени од реакции
- 545
Gree генерално не може да го има тоа (лот 10 веб страна) бидејќи произведуваат и уреди по барање на дилерот, според принципот колку пари - толку музика. Затоа некои модели се појавуваат само во една земја. Затоа има толку многу различни комбинации на надворешни и внатрешни единици, барем овде на Балканот. А за спецификациите во такви земји се може да се напише и да се залепи секоја налепница, бидејќи не постои строг стандард за увоз и контрола на квалитетот, а тоа е присутно и подоцна кога станува збор за контролите на малопродажбата. Се што нема Еуровент од нивните модели воопшто не вреди да се сфати сериозно. И секоја буква треба да се погледне внимателно. Ознаката на веб-страницата на Eurovent мора да биде 100/100 исто како и моделот што се продава овде. Овде на Балканот може да биде истото трговско име како на еуровент, но само една буква разлика и уредот нема двостепен, туку едностепен компресор.Мене ништо не ми значи енергетска етикета од веб сајт на Грее дилер во Македонија. Затоа што може да се манипулира со истата.
Доколку производителот Грее има лот 10 веб страна каде што поставува енергетски за своите производи тоа е веќе друго. Но во случајов нема.
....
Сето ова ми го кажа пријател кој е монтер во Gree.
Прашање за продавачите на Gree:
- Зошто овде на Балканот се продаваат некои модели кои ги нема никаде во светот?
- Зошто Gree, во САД, продава само уреди што имаат AHRI ?
итн итн

