Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата tha CaspeR
  • Време на започнување Време на започнување
Пред тоа гледав Dune Part One затоа што планирам да го гледам part two на кино. Во филм од 2 ипол часа има вкупно 5 моменти, но разбирам зошто е така и спремен сум да поминам преку сите маани ако дел 2 е rewarding и надокнадува за првиот.
И јас го изгледав уште еднаш на Нетфликс и морам да кажам дека повеќе ми се допадна вака отколку првиот пат во кино. Во лежечка положба и со две-три кратки паузи. Двојката планирам да ја гледам утре.
 
го има некаде за гледање ?
 
Dune 2 ✔️

Какво филмиште луѓе мои... ми ја врати вербата во филмовите. Без претерување најдобар sci-fi блокбастер што сум го гледал. Сценографија, костимографија, музика, визуелни ефекти... врв.

Гледајте го во кино. Не пропуштајте вакво искуство. Ова не се заборава. Мислам дека ќе одам уште еднаш да го гледам.

Не викам дека е 10/10. Има работи кои не ми се допаѓаат, посебно во делот на приказната и правецот во кој тераат. Мислам дека можам да претпоставам каде одат понатаму и нема да ми се допадне тоа, ама добро. Има сцени кои се важни и кои мислам дека можеа да ги доловат подобро, има акциони секвенци кои се прекинуваат нагло итн. Да беше филм за Нетфликс ќе сакав да оди малку побавно и да ја остават завршницата за следниот филм. Ама Денис Вилнев решил да го испука целиот арсенал и секоја чест.

Вака се прави sci-fi.
 
Dune 2 ✔

Ти реков дека филмов ќе се збори уште многу, култен има да биде. Него доста членови го гледаа, @Zlatikevichius може ли да ја добиеме темава да го дискутираме?
 
Повелеле: https://forum.kajgana.com/threads/d...o-гледале-филмот-spoilers.46695/post-10027904

Темата е spoiler free, не се залетувајте таму тие кои го немате гледано филмот.
 
Здраво на сите!
Нов сум на форумов и сè уште го немам гледано Дина 2, па ме интересира зошто да не ја отворам темата за дискусија за филмот штом во неа не се диксутираат детали што го разоткриваат дејството?
 
Затоа што во неа се дискутира за детали што го разоткриваат дејството.
 
Spoiler free значи дека во темата нема споилери а не обратно. Мала збунка?
 
Spoiler free значи дека во темата е дозволено (free) да се пишуваат спојлери. Во цел останат форум не е.
 
зЛоРадОсТ ------> ТРОЛ

sneaky ....
Како тоа што сакам да прочитам што моите сограѓани имаат да кажат за филмот, без притоа да си го расипам гледачкото искуство, ме прави трол? Описот на темата погоре е non sequitur и доведува до конфузија. Не смеам да прашам, прекршив некакво правило овде? Што точно ме прави трол? Јас сум само обичен намерник кој налетал на форумов.
Како за некој со прекар Patience многу брзо скокате во заклучоци. Или можеби и patience значи раздразливост?
Автоматски споено мислење:

Spoiler free значи дека во темата е дозволено (free) да се пишуваат спојлери. Во цел останат форум не е.
Spolier free значи дека нештото нема спојлери, free from = отсуство на. Spoliers allowed е една од можностите што вам ви треба во ситуацијава, иако македонскиот јазик е и повеќе од достатен да ја изразите секоја ваша идеја.
 
Последно уредено:
Како тоа што сакам да прочитам што моите сограѓани имаат да кажат за филмот, без притоа да си го расипам гледачкото искуство, ме прави трол? Описот на темата погоре е non sequitur и доведува до конфузија. Не смеам да прашам, прекршив некакво правило овде? Што точно ме прави трол? Јас сум само обичен намерник кој налетал на форумов.
Како за некој со прекар Patience многу брзо скокате во заклучоци. Или можеби и patience значи раздразливост?
Автоматски споено мислење:

Spolier free значи дека нештото нема спојлери, free from = отсуство на. Spoliers allowed е една од можностите што вам ви треба во ситуацијава, иако македонскиот јазик е и повеќе од достатен да ја изразите секоја ваша идеја.

Patience е од Patience Phillips брат.
 
Spolier free значи дека нештото нема спојлери, free from = отсуство на. Spoliers allowed е една од можностите што вам ви треба во ситуацијава, иако македонскиот јазик е и повеќе од достатен да ја изразите секоја ваша идеја.
Затоа едно правило на форумов е кај и да одиш да го прочиташ првото мислење во темата. Да го прочиташе воведното мислење, па дури и само насловот, немаше да те буни и да мудруваш тука.
 
Кој беше ликот кој кружеше околу столчето? Го заборавив... :D
 
The Zone of Interest е уствари онаа зона околу столчето кајшто кружиш гледајќи го филмов.

3 дена не можев да спијам одкога го изгледав бре филмов, траума алкохол дрога жени рокенрол, гром да ме удри
 
Back
На врв Bottom