Постави прашање, даде некои информации ама искрено сосема небитни за твоето прашање
Прво се е сведено на тоа колку планираш да инвестираш, па следи што точно сакаш да реновираш.
Ако реновираш подот, кога веќе вадиш што и да имаш и ставаш ново тогаш е одлична шанса да ставиш подно греење. Истото ќе ти даде најдобар комфор и на месечна сметка за струја ќе ти биде најекономично, ама па купување на топлотна пумпа, инсталација, бафер ... е доста скапо како почетна инвестиција.
Ако менуваш само дограма и ставаш фасада, тогаш најлесно решение ти е да ставиш инвертер уреди. Трошат малку повеќе струја од горе наведеното, ама се значително поефтини како почетна инвестиција.