Стварно би ми заштедило време ако ми пише/објасни некој накратко за тоа дали според еуровент, за ладење (бидејќи се греам на БЕГ) на 35м2 поекономично би ми било да земам Тундра или Фери (иста цена се продаваат на клими.мк)
Навистина би ми заштедило време (кое би го потрошил сега да земам да читам и истражувам за еуровент резултати) ако некој кој веќе видел и разбрал, да ми каже која е поекономична, исклучиво при ладење на просторија од 35м2 (зошто сум на БЕГ за греење) од Тундра и Фери (иста цена имаат моментално на пазарот наш)?
Повеќето членови искоментираа и се сложија дека резултатите на GREE воопшто не се лоши, но се послаби од декларираните, а Haier пак испаднале релативно многу пореални. Но, никаде не прочитав конкретно дали има реална споредба за ладењето, односно на SEER од 6.4 на Тундра и 7 на Фери.
Претпоставувам дека се тука некаде, ама дали некој видел/знае конкретно? Или да почнам да си истражувам.
Инаку, од тоа што досега прочитав тука, доста корисни совети научив.
п. с. За греач сватив сега дека можеби нема да ми треба (ако не ја вклучувам во зима кога би замрзнувач) ама пак и нема штета за да барам клима исклучиво без греач (нема да ми троши струја затоа што нема да се пали да загрева ако воопшто е ја вклучувам во зима).