ТА е добро решение за ДОПОЛНА на инвертер ако има некои преладни денови под -7 степени. За да и крене ЦОП на климата и во тие моменти.
Јас сакав за спална да ставам ТА печка со тајмер средена цакум пакум од 1KW. Демек ете уште повеќе ќе штедам. Ама не ми излегува логично зошто ТА е 90000, а има послаб ЦОП од инвертер. Предноста и е само што е тивка за во спална, ама 90000 само за спална е претерано многу.
Еве оваа одма би ја ставил и во спална и во детска кај што се спие, да беше 8000 денари. Ќе и помага на климата со акумулацијата, а навечер бесшумно ќе ги грее спалните. Нема да морам да држам отворена врата. Башка што климите греат преку конвекција и ТА ќе ми додаде малку радијација на топлина во просторот.
www.dimplex.co.uk
Кај нас има некои вакви, ама не се толку практични.
Тенка акумулациона печка FSD – комфорт, заштеда и дизјан Акумулационата печка Dimplex од серијата FSD се карактеристични со ни многу мала длабочина (само 18 cm!). Благодарејќи на тоа совршено одговара за салони, репрезентативни простории, каде што освен топлинскиот комфорт игра улога и...
www.kamini.com.mk
Ама цениве се отров.
Затоа и се чудам од каде исплатливост за ТА кога се ненормално скапи да ги купиш, а немаат којзнае каква ефикасност за нашиве поднебја. Каде каде послаби од инвертер. За 90000 ќе си земам два Дајкина ФТХФ50! Железо ќе топат со 1KW потрошња. Двата по 500W да влечат со 5цоп ќе работат на -7 и ќе испорачаат 5KW топлина!