Да си ја следел проблематиката од почеток ќе знаеше дека сум обичен корисник кој ги објавува проблемите.
Лажни известувања од салонот (модулира на 180W, а таа не спушта под 600), неправилна монтажа (во агол), игнорирање од сервисот...
Згора на сè, ботот за да ги замаскира пропустите, тврди дека јас сум сакал така да се монтира (од каде знае тој?), сум барал климата и кафе наутро да ми вари (наместо да каже некој аргумент во заштита, ама го нема), сум купил мерцедес, а сум сакал да вградам гуми од трактор (зошто ми продале мерцедес без гуми?)... Да одам во планина и да тренирам на дрвјата (не ми се допаѓа тој, не можам да тренирам) и куп други провокации и навреди.
Затоа постојано ќе ја повторувам вистината, се допаѓала некому или не. Климата (U Crown) работи on-off, не модулира. Монтерите им се недоучени. Професионалноста им е НУЛА!
Ова не го пишувам заради мене, туку за потенцијалните нови корисници. Нека знаат што ги очекува ако се одлучат на авантурата Gree. Ако некому не му сметаат овие проблеми, слободно нека купи од нив.