Незнам кој модел на Даикин го имаш. Било која клима после дефростот треба да работи минимум 45 минути, ако застанува пред 45 мин на било какво време тогаш има проблем. Даикинот си прави дефрости јас го имам FTXF50A, некогаш на 50мин некогаш еднаш во денот некогаш ич. Забележав дека прави и суви дефрости.
Циклусот на дефрост трае 5-10 мин. Пред некој ден имаше многу магла и дефрости правеше на 45 минути. Ако просторот кој го грееш има поголеми топлински загуби дефростите ќе бидат почести, зошто климата е пооптеретена да ја достигни посакуваната температура.(магливо време)
Кога ќе застани за дефрост додека трае циклусот температурата во собата со слаба изолација ќе се спушти за 2-3с , и потоа без разлика дали си ја ставил на 24 или 30 таа ќе бувта на максимум за да ја загрее собата, затоа нареден дефрост ќе имаш на 50мин, и сето така си врти во круг цел ден кога надвор има магли. Поради тоа неможеш да ја достигнеш посакуваната температура, додека работи ќе достигне некоја Т, потоа застанува за дефрост, собата ќе ти се олади за 2-3с и пак од почеток.
Наместија на аутофан немаш потреба на максимум. На такви денови ќе мораш да ја притоплуваш собата со нешто друго само додека не ја достигнеш во собата посакуваната температура. Тоа ќе и помогне на климата (колку-толку) дефростите да не бидат толку чести.
Кога не е толку влажно надвор нема да имаш проблем.