- Член од
- 14 мај 2009
- Мислења
- 1.581
- Поени од реакции
- 1.854
Дали може клима инвертна да грее до -10-15 степени? Некои членови спомнаа дека може.
Мојава ситуација е ваква:
- Соба 17 квадрати
- Нема изолација
- Ми треба греење за не толку долгорочно, 5-7 години максимум
- Да може брзо да згрее, не како дрва на кои треба ептен одржување со пепел, ставање секои 2-3 саати, треба 30-40 минути да се загрее
Некои би рекле од вас изолација е добра, ама пак, изолација веројатно би чинела колку еден клима уред со инвертер? Што мислите, дали инвертер е најдобро решение за горнонаведените услови?
--- надополнето ---
И уште едно прашање за климиве, дали работат добро за нестабилен напон за приградски населби?
Да, клима - инвертор може да работи т.е. квалитетно грее на - 15*Ц ... но скапа инвестиција е! Напишав погоре во постовите кои клими ги препорачувам и сметам дека се можеби најдобрата опција за загревање мали и средно големи простории. Ќе повторам ако се одлучиш за клима-инвертор што се нуди на нашиов пазар имаш кинески Панасоник, исто таков Хитачи во Техно Маркет. Истите чинат од 30 - 35 па и повеќе илјади денари (500-600 Еур).... Немора да значи дека е правило но имам од неколкумина корисници слушнато како се жалат на *рикнување* на компресорот по 3 или 4-тата година од користењето....
Како поисплатлива инвестиција би ти предложил да си набавиш јапонски Фујитсу (ги има во продавница ЈОРК позади Собрание на РМ - во истата низа со Леснина МИ Еуростандард Банка, Краш....) Ке те чини околу 620 Евра модел кој лади 3Кв, грее 3,8 Кв.... со три години гаранција, ке повторам многу подобар избор од кинески Панасоник или кинески Хитачи.... инаку сметам би бил идеален за твоите 17м2 (може да загрева дури и поголеми површини).... кое загревање би било доста квалитетно (би имал константно темпетратура 22-25*Ц).... и не би те чинело премногу во сметката..... да речеме за тие 17м2 месечно 1000,- до 1200,- денари. Размиски и за конвектор како опција (Термор, Ваилант, АЕГ....). Исто така квалитетно би се загреал но нешто поскапо.