fakt e deka ne se puka cena tuka
cena tuka gledame za site da znaeme a koga ke dojde den se razgovara licno i personalno ne e tuka mesto za ponudi
znaci znaeme pocetok startna cena koja.e sega toa koj kako saka se e po zelba
точно... реков погоре колку иде просечно цена со стандард подно греење, без екстра контроли по соби и слично... еве пример, ако сака некој контрола на соба за подно греење, тоа се додатни термо вентил, термо глава, сонда, спојници, гипсирање... околу 50-70 евра по контролер... колку соби толку контролери... понатака има и со електро магнетни вентили и собен термостат.. бап уште 80 евра... сакате уште? па има.. се мести наместо 1 да има 2 змии за секоја соба за да се има подобра измена на температура... ај уште еднаш оние 2 ставки додате ги, и плус уште 20 евр апо соба за работна рака, па поголем појдувачки развод или во зависност од далечината можда ке треба по двојни разводи за секоја соба... дополнителни 60-80 евра и така... како што реков, нема теорија да се се тоа скоцка и да се објасни на форум... тоа само со презентација на лице место и убаво објаснување, зашто подно греење не е нешто едноставно... проектирањето на густината на цевките, како и протокот, во комбинација со изолацијата, пресметаната зима и желбата за собна температура и на крај температура на вода... се тоа се параметри кои треба да се пресметаат и да се стават на кантар за да се добие и економично и практично греење.... се друго е бла бла бла муабети... вие немате појма колку пати го слушнав муабетот дека подното е просто како грав.. е што е тоа комплицирано де? само ставаш цевки и... браво.. така треба... само ти стави си цевки онака и се ке биде таман...
после ке се чудат зашто онаа соба е потопла од оваа, и секако одговорите обично се во стилот на само објаснување, самооправдување (себеси си дава утеха): па добро, таа соба е занеш, со два надворешни зида, па зидот е потенок, па послаба изолација е, па прозорот таму не го сменив, па не дихтува баш нај нај, па горе не е покриено, па доле не лежи на подрум па вака, па така, па онака.... џабе се тие муабети... просто и едноставно кажано, подно греење е многу поголем, потежок и покомплициран проект одколку радијаторско греење... секоја соба се рачуна и пресметува посебно и се додава снага уште 30% од саканато, за еве баш вакви зими како што е сега ова надвор... се дешава еднаш во 5 години ама се дешава...